Author: Media Point

07 декември 2017 kamenica.mk Речиси 14. 000 археолошки наоѓалишта и историски споменици во САД би можеле да бидат изгубени до крајот на векот, предупредуваат научниците. Тие сметаат дека до 2100 година, нивото на морињата ќе порасне за еден метар, а наоѓалиштата и спомениците кои се под опасност се наоѓаат во Луизијана, Флорида, Мериленд, Вирџинија, Северна Каролина, Џорџија, Алабама и Мисисипи. Научниците сметаат дека треба навреме да се размислува за решение, односно преместување на оние споменици, кои според нив се неопходни да се зачуваат. Newsroom

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од осум до Целзиусови 16 степени. Во Берово изутринава во седум часот се измерени минус 7 степени Целзиусови, додека малце потопло беше во Македонска Каменица, Скопје Петровец, Битола и Лазарополе со минус 5. Во  Тетово се регистрирани минус 4 степени,  во Крива Паланка, Куманово, Претор, Демир Капија, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип,  минус 3, во Скопје Зајчев Рид и во Охрид минус 2, а  минус 1 во Виница…. Во Каменица сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец и…

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, изнесува 104,7. Тоа значи дека просечната нето-плата на вработен за една година пораснала за само 4,7 индексни поени. Или, просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година изнесува 23.229 денари, или околу 380 евра. За споредба, просечната нето-плата во БиХ за септември 2017 изнесувала 844 марки, или околу 430 евра. Разликите во исплатените нето-плати за месец септември во регионов се значителни, но тоа не е ништо во споредба со разликите…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во попладневните часови избувна пожар во подрачното училиште при ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Тработивиште. Веднаш по дојавата било интервенирано од страна на ТППЕ Делчево кое во гаснењето на пожарот учествувала со 4 пожарникари и 2 возила. -Дојавата ја примивме во 15 часот и 10 минути, интервениравме со две против пожарни возила, пожарот е ставен под контрола а во гаснењето учествуваа 4 пожарникари. Има материјална штета која органите допрва ќе ја утврдуваат, штетата е минимална во однос на она што можело да настане. Пожарот најверојатно е настанат од димоводниот канал, таму беше главното жариште на пожарот и ние интервениравме во…

ПОВЕЌЕ ...

И следната година, пријавите за екстра приход ќе се поднесуваат на шалтер. За годинава останува обврската на граѓаните да поднесат хартиена годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи, најдоцна до 15 март. Од 2019 година УЈП по електронски пат ќе прави увид во приходите на граѓаните. Со овие измени УЈП ќе ги добива податоците по електронски пат за секој граѓанин поединечно и наместо нив ќе ја изготвува електронската даночна пријава. Граѓаните ќе имаат обврска само со помош на компјутер да ја отворат пополнетата пријава, да ја прегледаат и да ја одобрат или корегираат. На тој начин, велат…

ПОВЕЌЕ ...

06.XII.2017 kamenica.mk Во Македонското Собрание пристигна новиот Закон за административни службеници во кој меѓудругото се предвидуваат надоместоци за успешност и откази за службениците кои ќе добијат лоши оценки.   Имено, се воведува член во кој се вели дека на административниот службеник кој е оценет со годишна оценка „А“, му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец од годината за која се вршело оценувањето, доколку во буџетот на институцијата се обезбедени средства за таа намена. За надоместокот одлучува секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, врз основа на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 06.XII.2017 (kamenica.mk) Како што денес на својот facebook профил објави градоначалникот на Македонска Каменица- Соња Стаменкова, нови директори добија СOУ “Миле Јаневски- Џингар” и ЈОУДГ “Бамби”. За в.д. директор на СОУ “Миле јаневски- Џингар” е назначен проф. Круме Стојановски, кој ја замени досегашната директорка Лилјана Димитровска, а за в.д. директор на ЈОУДГ “Бамби” е назаначена Снежана Мицевска Златановска на местото од Весна Јованова. Градоначалникот Стаменкова на сега назначените директори им посака плодна соработка и успешна работа при нивното вршење на раководните должности во иднина.

ПОВЕЌЕ ...

Фотографија од исчезнатата Полицијата информираше дека денеска било пронајдено тело во водите на Вардар кај Карпош 4. Неофицијално станува збор за телото на исчезнатата Снежана Тројачанец која исчезна вчера утрината. Таа беше професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна. Во изминативе два дена на социјалните мрежи се споделуваше апел за нејзино пронаоѓање. Професорката страдала од депресија.

ПОВЕЌЕ ...

06 Декември 2017 Кога во 2002 година беше основана ImagePR – агенција за односи со јавност и комункациски менаџмент, нејзините основачи ги водеше идејата дека во сегментот на професионални комуникации во Македонија недостасува еден многу важен сегмент. Одлучија своето дотогашно искуство и стекнатата репутација од работата во областа на маркетингот, новинарството и други сродни области да ги стават во функција на развојот на една нова професија и ја формираа првата независна специјализирана агенција за односи со јавност во Македонија. Денес тимот на ImagePR преку високо ниво на професионализам и етички пристап, предлага решенија, поставува и реализира комуникациски платформи на долг рок, за кои…

ПОВЕЌЕ ...

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 во Русија, ФИФА примила преку 1,3 милиони барања, објавено е на службените страници на светската фудбалска организација. Навивачи од цел свет испратиле 1.318.109 барања за влезници. Вториот круг трае до 31 јануари 2018 година. Доколку до тој датум побарувачката надмине број на влезници ФИФА преку ждрепка ќе одбира пријавени кандидати кои ќе имаат право да купат влезници. Моментно најголем број барања за влезници се од Русија додека од странство се 34 отсто барања. Навивачи од Аргентина, Перу, Мексико, САД, Колумбија, Бразил, Мароко, Египет, Кина и…

ПОВЕЌЕ ...