Author: Media Point

Седумдест и тригодишна старица пријавила во полиција дека во нејзината куќа влегло непознато лице во кое било пукано со огнено оружје. Според инфорациите во дневниот билтен, вчера околу 18,40 часот Д.Т.(73) пријавила дека во нејзината куќа на улица “Божин Николов” во Скопје влегло непознато машко лице и побарало помош бидејќи непознати лица пукале во истиот со огнено оружје. Од страна на полициските службеници кои излегле на местото на настанот констатирано е дека се работи за лажно пријавување. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодвете поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

(комерцијална маркетинг објава) Во мотел Мерак веќе се одлучија за најлуда и незаборавна Новогодишна забава во градот! Имаат неодолива понуда за сите Вас што сакате да ја почувствувате магијата на Новогодишната ноќ во прекрасна атмосфера и спектакуларна забава со убави и весели моменти! Назравете во Новата 2018 година со чаша вино на богатата трпеза, запејте наша песна и заиграјте со музичкиот репертоар на одличните мајстори за забава DIEZI BAND. Ресторанот покрај богатото мени со вкусни специјалитети, одлична услуга, удобност и прекрасен амбиент нуди и уште многу други посебни изненадувања во текот на највеселата ноќ во годината. Искористете го промотивниот…

ПОВЕЌЕ ...

05.XII.2017 kamenica.mk ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица се приклучи кон одбележување на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, со организирање на пригодна програма која пред учениците од училиштето, нивните родители и посетителите беше прикажана во Дом на културата. За сите оние што не беа во можност да присуствуваат на овој преубаво организиран настан, kamenica.mk ви ја прикажува пригодната програма во која учествуваа учениците со посебни потреби од училиштето, заедно со своите другарчиња- соученици од IV до IX одделение при ООУ Св. Кирил и Методиј: https://www.youtube.com/watch?v=i97xwKwEQks&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...

04.XII.2017 kamenica.mk Самохрана мајка бара покрив над глава за себе и своите деца. 62 – годишната Васка Соколова, со децении живее како кираџика по туѓи куќи . Сега о стари години, пензијата не е доволна д аги покрие трошоците, па бара државата да и даде еден од државните станови наменети за случаи како што е таа самата: Јас барам само стан, знам дека има три слободни станови на Станбеното претпријатие и молам еден да ми се додели на мене и моето семејство, кажа Васка Соколова. Соколова храни двајца синови кои не се вработени, па со парите кои ги дава за…

ПОВЕЌЕ ...

04.XII.kamenica.mk По повод 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова, денeс во општинските простории, со почеток во 11 часот приреди прием и свечен коктел за лицата со посебни потреби. „Вие не сте лица со посебни потреби, туку лица со посебни способности“  – силна порака со која им се обрати градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова на оваа група граѓани која меѓу другото напомена дека во иднина треба да се зголеми директната соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации…

ПОВЕЌЕ ...

04.XII.2017 kamenica.mk Денес во Дом на културата- Македонска Каменица, во организација на ООУ Св. Кирил и Методиј, се одржа пригодна програма по повод 03. Декември- Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Пригодната програмата беше огранизирана од наставничкиот колегиум во соработка со стручен соработник – дефектолог во училиштето. Програмата ја изведоа учениците од IV до IX одделение заедно со другарчњата соученици- лица со посебни потреби од училиштето, што предизвика посебна радост и воодушевување како за учесниците, така и за сите ученици и посетители во публиката. Учениците настапија со одлично кореографски уредената и весела игра Игри без граници, потоа следуваа две…

ПОВЕЌЕ ...

03.XII.2017 kamenica.mk ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се известуваат сите корисници на водоводната линија од Македонска Каменица дека вработените во ЈП ,,Камена Река” во изминатите денови активно работеа на хлорирање на водата, прочистување на зафатите за вода и регулирање на зголеменото ниво на Каменичка река. Со сите овие активности состојбата на водата од градскиот водовод во Македонска Каменица е стабилизирана и слободно може ДА се користи за пиење. Ви благодариме на разбирањето! Со почит и извинување, ЈП „Камена Река“

ПОВЕЌЕ ...

03.XII.2017 kamenica.mk Секторот за Внатрешни работи Битола вчера (03.12.) до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија. Имено, двајцата пријавени заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено  набавиле опојна дрога марихуана,  ја  спакувале во вкупно 38 најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и  од  Албанија се упатиле преку  Македонија да извршат транспорт на марихуаната…

ПОВЕЌЕ ...

Следната мапа е базирана на статистичките податоци од трудот „The g-Factor of International Cognitive Ability Comparisons“ од Х.Риндерман. Риндерман користел достапни мерења на интелигенцијата во неколку држави, нормализирајќи ги податоците со користење на таканаречен „Гринич IQ“ и применил одредени приспособувања за да ја процени просечната интелигенција на целото население. Запомнете: IQ претставува способнста за решавање на одредени визуелни и вербални проблеми. Пониската интелигенција во една земја не значи дека нејзините жители  се поглупави од оние од другите земји, меѓутоа може да укажува на тоа дека нивниот пристап до квалитетно образование е пониско во просек. Забелешка: Косово е дел од…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во Македонија ќе биде облачно и студено, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. На планините ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег. Минималните температури се очекува да се спуштат до -3, додека максималните дневни да достигнат 13 степени. Во Каменица ќе биде слично, а утринската температура ќе биде -1 степен, додека дневната се очекува да достигне осум степени. Од утре утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата, а од среда во текот на денот се очекува да биде сончево и дневните температури да бележат благ пораст.

ПОВЕЌЕ ...