Author: Media Point

02.XII.2017 kamenica.mk По повод 03. Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова организира свечен коктел и прием на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица. Коктелот ќе се одржи во понеделник, со почеток од 11:00 часот во просториите на општина Македонска Каменица (Сала за состаноци). – Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Социјалната заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Иако на лицата со…

ПОВЕЌЕ ...

Двеста денари  за килограм  тутун беше просечната цена на првиот ден од откупот на тутунот во делчевско. Производителите се задоволни од квалитетот на тутунот и од цената, но велат дека сушата им го реполовила родот годинава. Годинава има квалитет, ама поради сушата помалку има тутун, кажа Ката Мулачка, тутунопроизводител од Разловци. Квалитетот е добар секоја година, ама немаше врнежи, рече Роза Ковачка, од с. Разловци. Од Здружението на тутунопроизводители немаа забелешки на првиот ден од откупот на тутунот Почна откупот, се цени тутунот, засега е во ред,немаме забелешки претежно втора класа е тутунот, објасни Симо Јовановски, претставник на Здружението на…

ПОВЕЌЕ ...

Шест нови случаи на заразени со ХИВ вирусот на Истокот. Годинава по еден нов случај се регистрирани во Виница и Свети Николе, додека најмногу, четири нови случаи, годинава има во Штип. Три од нив се дијагностицирани во штипскиот Центар за јавно здравје. Имаме три новоинфицирани со ХИВ вирусот, повторно се мажи. Во возрасна група се од 20 до 40 години, преку начин на пренос маж секс со маж. Во нашата земја најголем дел од заболените се мажи при секс маж со маж, па поради тоа сите програми од сега па натаму ќе бидат насочени, а тоа е програмата за заштита…

ПОВЕЌЕ ...

Континуираните и обилни врнежи го зголемија нивото на реката Вардар, која веќе се одлеа на неколку места во централното градско подрачје. Поради тоа, екипи на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација веќе се на терен, за да постават вештачки брани со вреќи од песок на критичните точки. Инаку, Вардар веќе се прелеа кај Владата на Македонија, во близина на ПИОМ и во Аеродром, поради што свикана е итна седница на кризниот штаб на Скопје. – На терен веќе се праќаат екипи за да постават заштитни вреќи на овие локации. Поради новонастанатата ситуација свикана е итна седница на Кризниот штаб на Скопје…

ПОВЕЌЕ ...

Постарите ја раскажуваат со радост, наше е да ја продолжиме оваа убава традиција! Најлудите забави во градот секогаш се случувале кога во Мотел Мерак- Луковица гостувале реномирани музички состави. Постарите генерации со радост раскажуваат присетувајќи се на забавите од нивно време, токму во нам добро познатиот Мотел-Луковица, денес Мотел Мерак. Така, според традицијата нека биде и овој пат, нека продолжи убавата приказна да тече кон новите генерации. Одличните забави за сите генерации, по повод претстојните новогодишни празници во Мотел Мерак започнуваат токму денес. Групата Респекти Бенд со прекрасната вокална исполнителка Сандра Спирова вечерва ќе бидат ваши домаќини, а веќе…

ПОВЕЌЕ ...

Официјално од денес – 1-ви декември 2017 година Канада целосно ги укинува визите за останатите граѓаните од Европската Унија за кои тие досега важеа како што се тие на Романија и Бугарија. Оваа одлука Канада ја донесе откако пред неколку месеци беше потпишан договорот за слободна трговија со Европската Унија. Имено, отсега во Канада ќе можат без мака да патуваат и сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза, а и оние кои имаат важечка виза за САД. Ова претставува одлична вест за голем број на македонски граѓани кои имаат европски пасош. Проценките се дека ги има околу 150.000.

ПОВЕЌЕ ...

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија овозможува преку својата веб-страница пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција. Врз основа на лично брање ќе може да се спроведе непосреден увид во податоците како што се: стажот, платата и слично. Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот. Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување. ПРОЧИТАЈ: Вест…

ПОВЕЌЕ ...

КРИВА ПАЛАНКА, 01. XI. 2017 – Денеска, околу 200 вработени во компанијата за текстил „Веибо“ во Крива Паланка, се отпуштени од работа, тврдат анонимни извори за kamenica.mk. Работниците секој месец потпишувале договор на дело, а истите не примиле плата за октомври и ноември. Платата за септември месец некои ја добиле во сума од 4000 денари, други пак добиле по 6000 денари. Вработените едногласно си ги побарале парите во халата на фабриката, по што директорот им ја исклучил електричната енергија и ги избркал дома. Вчера, десетина вработени во истата компанија, барајќи си ги заработените пари, биле отпуштени од страна на директорот.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија и Србија од март следната година ќе воспостават заедничко царинење на граничниот премин Табановце. Ова беше најавено денеска на почетокот на неформалниот состанок на претставници на царинските служби од Западен Балкан што се одржува во Скопје, а на кој ќе се разгледуваат моделите и можностите за поврзување на земјите и забрзување на царинските постапки, а како дел од иницијативата за економско поврзување на шесте земји од Западен Балкан процес кој треба да заврши до 2023 година. – Граничниот премин Табановце на македонско-српската граница се очекува да биде завршен во март следната година и тогаш се очекува да се почне…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица воведува нова пракса во однос на креирањето на општинскиот буџет и политиките на одредување приоритетни проекти кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните. Преку директно вклучување на граѓаните во доносењето на одлуките во локалната самоуправа, граѓаните во иднина добиваат простор на непосреден начин да ги изложат своите идеи и сугестии во креирањето на буџетот на Општината. Во таа насока на официјалната интернет страна на општина Македонска Каменица, www.makedonskakamenica.gov.mk е креиран прашалник преку која со вашите одговори можете директно да го изразите своето лично мислење за предложените приоритетни проекти од наредната 2018 година. Прашањата се селектирани во девет…

ПОВЕЌЕ ...