Author: Media Point

30.11.2017  Рехабилитацијата на асфалтот на обиколницата околу Кочани, како дел од магистралниот пат А3, влезе во програмата на Министерството за транспорт и врски за реконструкција на поголем број патни правци во државата. Освен оваа делница, уште четири патни правци во источниот регион се предвидени за поправка, на местата што се сметаат за најкритични. Меѓу нив е и регионалниот пат Р1304 од Виница до Берово во должина од 7 километри. Според информациите од ресорното министерство, од идната година ќе стартува нов инвестициски циклус за реконструкција на патните правци за кои се обезбедени пари преку Светска банка и другите меѓународни финансиски институции.…

ПОВЕЌЕ ...

Скопјанка заработила 1.500 евра ветувајќи лажни вработувања во Македонски Пошти Петмина штипјанки останале без пари и работни места, откако биле измамени од скопјанка дека ќе ги вработи во Македонски Пошти, како шалтерски работнички. Услугата во наводници на 40 годишната измамничка, која лажно се преставила како раководител на сектор во Македонски Пошти, чинела 1500 евра. –      Пријавената во периодот од Декември 2016 до Август 2017 година со намера да се стекне со противправна  имотна корист, довела во заблуда пет лица од Штип, со лажно ветување дека ќе ги вработи како шалтерски работнички во нова Филијала на Македонски Пошти, што ќе се…

ПОВЕЌЕ ...

Од 1600 жители, денес во Блатец, место во источна Македонија, во близина на Виница, не се останати ниту половината. Се иселуваат посебно младите. Без инвестиции животот во оваа некогашна општина целосно ќе замре Живее во Блатец, со мислите е во Австрија и Швајцарија. Сликите и сеќавањата се единственото друштво за утринското кафе на Цветко Стојмиров. Секојдневието му е празно, посебно периодов кога кај ќерките на помош е замината и сопругата „Станувам сабајле, варам кафе, трчаш на работа, се враќаш и повторно сум сам дома. Го палам огнот, нема кој да ти направи ниту ручек, ниту вечера. Што да правам,…

ПОВЕЌЕ ...

НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ВО 2017 ГОДИНА Веб-страницата „Експатистан“, која се занимава со анализа на цената на храната, пијалакот, облеката, предметите за домаќинство, трошоците, транспортот и другите дневни трошоци, направи список со најевтините места за живеење за 2017 година. Според нејзината анализа, Одеса е најевтиниот град за живот. Украинскиот поморски град ја доби оваа титула поради ниските цени на храната, домувањето и другите животни трошоци. На пример, ручек во ресторан поединец ќе плати 3,70 евра, еден литар гориво за автомобил чини 0,80 евра, а половина литар домашно пиво во продавниците е 46 центи, додека половина литар точено пиво во кафуле…

ПОВЕЌЕ ...

Нови 33 згради за граѓани од социјалните категории ќе бидат изградени до 2020-та година. Становите ќе бидат мали, со површина од 35 до 45 метри квадратни, а ќе се изградат во склоп на проектот финансиран со 50 милиони евра од Банката за развој при Советот на Европа и со уште толку средства од буџетот на државата. – Во тек е усогласување на активностите со Министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политка. Цената за користење на становите е 15 денари по квадратен метар. Разговарано е со Минстерството за труд и социјална политика за цената, се надеваме…

ПОВЕЌЕ ...

На синоќешната седница владата ја усвои информација на Агенцијата за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висината на надоместотот за повеќе услуги на катастарот. Според предложените измени, цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности ќе се намалат од 28 до 90 отсто. „Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека…

ПОВЕЌЕ ...

Некогаш најголемиот празник во СФРЈ , денот на Републиката кочанските титовисти не го заборавија ниту оваа година: Денес е 29 ноември, Ден на републиката. Еден од најголемите празници на некогашна Југославија, кажа Трајан Трендов, прет. на Здруж. „Јосип Броз Тито“ – Кочани. АВНОЈ беше почетокот на создавањето на Нова Југославија, држава која обедини пет народи во шест републики и две покраини: Овој празник заслужува внимание и треба да се празнува и денес , зашто без АВНОЈ немаше да го има ниту АСНОМ, кажа Трендафил Атанасовски, прет. на Здруж. на борци – Штип. Пред распадот, СФРЈ се протегаше на 255.804 км²…

ПОВЕЌЕ ...

Полицајка навредувана и нападната среде бел ден во Кочани. Таа таму била службено извршувајќи задачи од областа на безбедноста, но наместо да спречи и самата станала жртва на напад. Напаѓачот е 33-годишник со иницијали Г.Ј. кој полициската службеничка прво почнал да ја омаловажува, а потоа и ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда. Лицето е приведено во Полициска станица Кочани и против истото ќе биде поднесена соодветна пријава. извор  Прегледано: 756

ПОВЕЌЕ ...

Државата ќе реконструира три регионални патишта на Истокот, во вкупна должина од 27 километри. Во програмата за санација, влезени се патот од Делчево до село Ѕвегор во должина од 5 километри, регионалниот пат од Делчево до Пехчево во Должина од 15 километри и делница од патот Берово- Виница во должина од 7 километри. Јавното претпријатие за државни патишта веќе го потпиша договорот со проектантска компанија, која треба да изработи концептуални проекти во рок од четири месеци, по што би започнала работата на терен. Освен овие три патишта на Истокот, во истата програма се влезени уште 9 други регионални правци, чија…

ПОВЕЌЕ ...

Мотел Мерак- Луковица продолжува со најавените предновогодишни изненадувања кога станува збор за најубавите забави во градот. Веќе во сабота за сите љубители на убавата македонска и староградска музика во Мотел Мерак ќе гостува орекестарот Табиет. Петокот пред тоа е резервиран за Респекти Бенд и ваша неповторлива забава ! Резервирајте на 075 354 506 и бидете дел од прекрасниот амбиент на Мотел Мерак, надополнет со богатото мени на специјалитети од вкусната кујна и одличната услуга во беспрекорно уредениот амбиент! Мотел Мерак постои за ваше задоволство!  Во Мотел Мерак моментите не поминуваат, тие едноставно се уживаат!

ПОВЕЌЕ ...