Author: Media Point

Под итно да се направи регистар на заболени од малигни заболувања, особено на дојка и матка, карциноми кои најмногу ги засегаат жените, бараат од Здружението „Борка“. Без водење на евиденција, нема следење на состојбата. Во моментов, според здравствените установи, имаме 1.150 новозаболени жени од рак на дојка, но според Здружението, бројката воопшто не е вистинита: Jaс велам дека ги има повеќе и штета е што нашите здравствени установи и власти уште нема регистар на новозаболени, не само на рак на дојка, туку за ниеден друг вид, кажаАтина Саздова, член на „Борка“. Саздова е една од илјадниците жени кои се оперирани…

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на предновогодишниот период Мотел Мерак- Луковица започнува со организирање на викенд- забави со богата програма и бројни изненадувања за своите посетители. Веќе во петок на 01. Декември, во Мотел Мерак за ваше пријатно расположение и одлична забава ќе се погрижат Респекти Бенд во придружба на вокалниот исполнител Сандра Спирова. Богато и вкусно приготвеното мени со широк опус на специјалитети, надополнети со звуците на народната музика и пријатната атмосфера во природа, се гарант за ваши незаборавни моменти во Мотел Мерак. Ваше е само да одберете расположено друштво за забава и што поскоро да резервирате на 075 354 506.

ПОВЕЌЕ ...

Во духот на Христовото единство, Бугарската православна црква го прифати предлогот на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, за застапување и признавање пред останатите православни цркви… Синодот на Бугарската православна црква одлучи да го прифати предлогот на Македонската православна црква и да даде целосна помош во посредувањето пред останатите помесни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ. Во соопштението издадено по седницата на Синодот на бугарската патријаршија, се вели дека формирана е синодска Архиерејска комисија од осум члена, која ќе ја застапува МПЦ пред останатите помесни православни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ. „Тоа е најмалку што можеме…

ПОВЕЌЕ ...

27.XI.2017 kamenica.mk Негователите и воспитувачите во градинките, како и наставниците во основните училишта, не смеат да објавуваат фотографии од децата и учениците, туку тоа ќе можат да го прави само раководството на градинката или училиштното раководство. Ова ново правило ќе биде воведено по реакциите за трендот кој се случува во последните години, Фејсбук да е преплавен со фотографии од малолетници во различни групи или пак, на приватни проифили на воспитувачи и наставници, дознава „Newsroom.mk“. Во Министерството за труд и социјална политика ја потврдија информацијата и појаснуваат дека ова се прави за да се заштитат правата на децата. „До Министерството за труд и…

ПОВЕЌЕ ...

27.XI.2017 kamenica.mk Готвач од Македонија, Рене Реџепи се најде на 11-то место на листата на 100 највлијателни луѓе во Данска на магазинот “Тајм“. По потекло тој е од Македонија, а живее и работи во Данска каде што води успешен ресторан кој на два пати е прогласен за најдобар ресторан во светот. Рене има 37 години. Неговата мајка е Данка, а татко му Албанец роден во Македонија. Во едно интервју од 2010 година за тв мрежата ABC News за тоа дали данските или македонските корени се “виновни“ за неговиот талент за готвење, тој одгобара: “Македонските, се разбира“. Реџепи е роден во…

ПОВЕЌЕ ...

Светиот Синод на бугарската црква утре ќе заседава на зимскиот Собор на кој е најавено разгледување на писмото од МПЦ со барање МПЦ да ја препознае и признае БПЦ како Мајка-Црква, а БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ. Потписниците, пак на писмото за поддршка до светиот Синод на Бугарската патријаршија да биде црква мајка на МПЦ ОА, која ја покренаа бугарските интелектуалци,  за утре најавија тивко бдеење пред синодот во Софија. Бугарската Православна Црква треба да даде позитивен одговор на писмото на Македонската православна црква, изјави професорот Калин Јанакиев во емисијата “Вера и општество” на Бугарската национална телевизија. Според…

ПОВЕЌЕ ...

Комисијата, како што се наведува, веќе ги разгледува пристигнатите барања и врши увид на инсталираните печки кај барателите коишто ги исполниле условите наведени во објавениот Јавен повик. Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје (домаќинствата) да користат обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, распиша Јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година, што траеше од 15-ти до 22-ри ноември 2017 година. Со овој јавен повик, којшто се…

ПОВЕЌЕ ...

Пиштолите стари 120 години биле најдени вчера, кога сопствениците рушеле дел од старата куќа во месноста Мегдан, а на имало турски знак на полумесечина (Фото: СДК.МК) Во куќата на велешкото семејство Ѓоргиеви  најдени се 18 пиштоли од марката „нагатнс“, стари 120 години.  Пиштолите биле најдени вчера, кога  рушеле дел од старата куќа во месноста Мегдан.  На пиштолите имало турски знак на полумесечина. „Пред некое време  падна кровот на старата куќа  и решивме да расчистуваме. Кога рушевме ѕид кој делеше две соби се појави камара. Кога отворивме, имаше стари пиштоли па повикавме полиција. Пиштолите беа одлично сочувани, сите завикани во завои,…

ПОВЕЌЕ ...

Дваесет и двајца кандидати, студенти на државните универзитети во  Македонија ќе добиваат стипендии од општина Кочани. Според Комисијата за доделување стипендии, на распишаниот конкурс пристигнале 29 пријави, од кои седум неприфатливи. Четворица кандидати не го исполниле критериумот за успех, еден кандидат не е студент во Република Македонија, еден се пријавил како запишан во прва година и еден во втор циклус на студии. Месечниот износ на општинската стипендија е 2.500 денари, за десет месеци во годината. Студентите на кои им е доделена стипендија имаат обврска за практична работа во органите на Општината во траење од 15 дена за време на летниот…

ПОВЕЌЕ ...

Трагедија синоќа ја потресе Македонија, во трка во Струмица загина едно лице, пренесе Струмица Денес. Според порталот, трката се одвивала на Просеничкиот пат или веднаш спроти поранешен Агрокор, а од засега неутврдени околности настанала несреќа при што едно лице загинало, а повеќе се повредени. Очевидци за Струмица Денес велат дека сликата на местото на настанот била траорна. Се очекуваат детали.

ПОВЕЌЕ ...