Author: Media Point

„Инспириран“ од астрономските цени на пазарот за недвижнини, Италијанецот Ренато Видал дизајнирал брилијантна алтернатива. M.A.D.I. е куќа „на одвиткување“ што кошта само 33.000 долари (~27.850 евра), а тројца луѓе можат да ја состават на било која рамна локација за околу 6 часа. Плус, куќата е сеизмички тестирана и безбедна, а направена од материјали со висок квалитет. Доаѓа во разни големини; таа од $33.000 е 27м², па до 84м² по цена од 73.000 долари (~61.625 евра). Сите основни модели вклучуваат и бања со основните санитарни елементи, кујнска инсталација, едноделни скали и техничка инсталација. Може да биде и поставена на бетонска основа, а може…

ПОВЕЌЕ ...

Една од најголемите фински прехранбени компании го лансираше првиот леб со инсекти на пазарот. Според Маркус Хелстром – шефот на пекарскиот сектор на Fazer, една векна леб ќе содржи околу 70 сушени штурци. Штурците се мелат во прав кој потоа се додава во брашното. Сé на сé, штурците чинат 3% од вкупната тежина на лебот. „Финците се секогаш подготвени да пробаат нови нешта“, вели Хелстром. „Според неодамнешните истражувања спроведени во нордиските земји, Финците имаат најпозитивен став кон инсектите како дел од гастрономијата“, додава Јухани Сибаков – шеф на одделот за иновации. „Направивме крцкаво тесто за подобрување на вкусот“, наведува тој, додавајќи дека резултатот…

ПОВЕЌЕ ...

Впуштете се во фитнес предизвик со овој специфичен тренинг и за краток временски период ќе изградите тело какво што отсекогаш сте посакувале. Тренингот со висок интензитет 10-20-30 се покажал како исклучително делотворен, а како додатен плус е фактот што не ви се потребни никакви справи ниту друга фитнес опрема. Познатиот тренер Кортни Фирон направил комбинација од вежби со сопственото тело и спринт интервали и така креирал “убиствена” комбинација која на одличен начин го дефинира телото и ги елиминира вишокот масти. Самиот тренинг се состои од пет вежби кои се прават во три рунди. Во првиот круг, вежбите содржат 10 повторувања,…

ПОВЕЌЕ ...

Над 500 барања  со отказен рок   се доставени од работници до  фирма со странски инвестиции, велат извори на ТВ Стар . Причини за  големата навалица за бегство од, некогаш толку посакуваното место за работа има повеќе, но како клучни се споменуват две.  Најпрвин, поради се почестите информации дека фирмата се подготвува за евакуација  откако Заев најави изедначување на условите за работа на странските и домашните фирми, и второ, тешката работа која  зад себе  веќе ги остави и првите  инвалиди. Имено, во оваа фабрика технолошкиот процес   бара или  8 часовно  стоење или долги и монотони физички движења кои  телото не може…

ПОВЕЌЕ ...

Image courtesy of Power Compare Македонските граѓани и индустријата заедно трошат 6,96 TWh електрична енергија годишно. Копачите на криптовалута глобално трошат 29,05 TWh електрична енергија, или 4.17 пати повеќе од Македонија. На оваа листа Македонија не е осамена, над 20 држави од Европа, трошат помалку електрична енергија од крипто-рударите. Високата цената и растот на популарноста на криптовалутите предизвика голем интерес и голем број на копачи. Колкав е точно овој број е непознато, но можеби добар показател е потрошената електрична енергија. Само последните 30 дена електричната енергија потрошена на копање на Bitcoin пораснала 30%. Ако продолжи со овој раст, Bitcoin теоретски до…

ПОВЕЌЕ ...

Бербата на првиот медицински канабис одгледан во Македонија е завршена, по што следува високософистициран технолошки процес со кој ќе се произведе екстракт од канабисот и набргу се очекува производот да биде достапен на локалниот пазар. Од холдингот NYSK информираат дека во согласност со првичната процена станува збор за одличен род што ќе даде квалитетен производ, со висок процент канабиноиди. „Целиот процес од засадувањето на растението, созревањето и берењето е следен и внимателно набљудуван од нашиот тим составен од експерти во секторот. Нивното знаење и искуство во процесот на преработка ќе биде посебно искористено во следната фаза, каде што се прави…

ПОВЕЌЕ ...

Потрагата по попусти на Црниот петок и Сајбер понеделник брзо се шири низ светот, а трговците најдоа начин да искористат една типично американска традиција во нивна корист. Експертите предупредуваат дека се презаситува. Во САД, Денот на благодарноста секогаш се слави на четвртиот четврток во ноември. Следниот ден стана познат како Црн петок (Black Friday), што е и неофицијален почеток на Божикната шопинг сезона. Купувачите го претворија овој ден во најголемиот поединечен шопинг ден во годината. Некои продавници почнаа да отвораат на полноќ за да ја зголемат продажбата со сето пропратно туркање, викање и чекање ред. Но, како што се зголемуваше…

ПОВЕЌЕ ...

24.XI.2017 kamenica.mk Пред седум години, на 25 ноември 2010 година се случи првиот удар врз најгледаната телевизија во независна Македонија, А1 телевизија. А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се се уште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија. Тогашниот премиер Никола Груевски ги повика „сите граѓани на РМ, информациите кои доаѓаат од А1 телевизија и од весниците Време,…

ПОВЕЌЕ ...

Јаков од Камена Река Јаков бил роден и живеел во 16 век, во Камена Река (Македонска Каменица). Toj во својот ‘‘Часослов’’ во 1566 г. Напишал: „… Изидох от Македоние отч’ства моего …” (Појдов од Македонија, татковината моја …) Јаков од Камена Река бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во местото наречено Камена Река, (денешна Македонска Каменица). Во 1566 година напишал книга наречена Часослов. Она што е импресивно и важно за оваа книга е прекрасен опис на неговото родно место и неговата татковина – Македонија. Тој напиша: „Роден сум во Камена Река, во близина на…

ПОВЕЌЕ ...

Лондон, 23 ноември 2017 (МИА) – Еден маж завршил во болница слеп на едното око, откако доживеал силен оргазам, пишува Бритиш Медикал џурнал. Списанието објави дека 29-годишниот маж ноќта ја минал во страстен секс, а кога се разбудил сфатил дека не гледа на левото око. Лекарите претпоставувувале дека тој во еден момент извел нешто што се вика Валсалвин маневар, односно дека ги напнал абдоминалните мускули и го задржал здивот, поради што му се зголемил притисокот во белите дробови. Тој притисок резултирал со пукање на крвните жили во окото после епизодата на „див сексуален однос“. „Дијагнозата беше нејасна, па побаравме да…

ПОВЕЌЕ ...