Author: Media Point

21.XI.2017 kamenica.mk Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 16 степени. Во Каменица ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени. До крајот на неделава следува период на стабилно и суво време со релативно ниски утрински и повисоки дневни температури. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

ПОВЕЌЕ ...

21.XI.2017 kamenica.mk Mедицинска сестра од Клиниката за гинекологија и акушерство вчера навечер пријавила несекојдневен настан кој се случил во просториите на Клиниката. Имено, како што информираат од МВР, во Клиниката била примена родилка со породилни болки при што во нејзина посета дошле три машки лица. нејзини познаници. Тие донеле храна за родилката, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети со сина боја. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот. Izvor

ПОВЕЌЕ ...

21.XI.2017 kamenica.mk Сметководителот, а не управителот да ја потпишува годишната сметка, бараат книговодителите. Велат дека досегашната пракса претставува кршење на Законот бидејќи таму точно пишува кој смее да става потпис. Од друга страна бараат право да се потпишува,  да има само оној сметководител со полно работно време во една фирма. На тој начин според нив ќе се намали сивата економија во дејноста. Измените на Законот за вршење на сметководствени работи се веќе во собраниска процедура. Но сметководителите се жалат дека МФ не ги консултирале. Сметководителите веќе половина година работат и  по нови повисоки цени,  но од Институтот велат дека допрва…

ПОВЕЌЕ ...

21.XI.2017 kamenica.mk Ниските плати во државава, нискиот стандард и (без)перспективноста на младите се главна причина за нивното иселување. За плата од 500 до 700 евра месечно голем процент од нив би се вратиле во Македонија. Ова го покажа научното истражување во рамки на проектот „Јас сакам да се вратам“ што го реализираа невладините „Надеж“ од М. Каменица, „Амброзија“ од Пехчево и „КХАМ“ од Делчево со поддршка на Цивика мобилитас. Влатко Ситновски, од НВО „Надеж“ и координатор на проектот истакна дека целта на овој проект во кој биле вклучени и 20 истражувачи од регионот на М Каменица, Делчево и Пехчево, е…

ПОВЕЌЕ ...

21.11.2017  Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев во наредниот двегодишен период ќе биде претсдеател на Советот на градоначалници од Истокот. Таква е одлуката од првата, конститутивна седница на Источниот плански регион, на која присуствуваа сите 11 градоначалници од општините од регионот, како и заменик-минiстерот за локална самоуправа и претставниците од Центарот за развој на ИПР. Присутните на состанокот дадоа едногласна поддршка на предлогот според кој е постигнат џентлменски договор меѓу градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и градоначалникот Илијев, претседаталската позиција во првите две години да и припадне на општина Кочани, а во следните две на општина Штип. Според Илијев, функцијата што…

ПОВЕЌЕ ...

21.XI.2017 kamenica.mk Бугарската Влада утре се очекува да го одобри предлог-меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, јави БТА. Бугарскиот министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации Ивајло Московски денеска соопшти дека роамингот со Македонија ќе биде укинат за неколку месеци. Претходно, Московски најави дека со потпишување на меморандумот ќе им биде дадено зелено светло на мобилните оператори за намалување на цените на разговорите, на СМС-пораките и на интернетот во телефонскиот сообраќај меѓу двете…

ПОВЕЌЕ ...

89-годишна баба вистински мајстор за фотошоп 21.XI.2017 kamenica.mk Многумина сметаат дека технологијата е само за младите. Но, изгледа никој не ѝ го кажал ова на Кимико Нишимото. Кимико е 89-годишна баба од Јапонија која самата се фотографира и ги уредува своите фотографии веќе 17 години. Како што можете да забележите од фотографиите, таа е навистина креативна. Кимико не била заинтересирана за фотографирање сè додека не наполнила 72 години. Нејзиниот син држел почетен курс за фотографија, па таа решила да се пријави. Притоа не била свесна дека овој курс ќе ги разбуди страста и талентот во неа кои не ни знаела…

ПОВЕЌЕ ...

Учениците од Делчево се затруле од фекални бактерии од сендвичарата 21.XI.2017 kamenica.mk Стафилококни токсини и бактерии од фекално потекло се причината за труењето на осумтемина лица од Делчево меѓу кои и шест ученици од делчевските деветолетки. Ова го покажаа резулатите од микробилошката анализа на храната и брисевите од сендвичарницата и од вработените, а д-р Магдалена Манасиева, директор на Центарот за јавно здравје Кочани, денеска информираше дека испитаните мостри од храната и брисевите од сендвичарницата „Кинг“, не одговараат на микробиолошката исправност на храната. – Најдено е присуство на енетропатогени бактерии од родот на стафилококи кои лачат стафилококни токсини кои предизвикуваат гастроинтестинални…

ПОВЕЌЕ ...

21.XI.2017 kamenica.mk Кафето ќе учествува со 20 проценти во производството на биогоривото, во кое потоа ќе се додава традиционален дизел  Лондонските црвени автобуси наскоро ќе возат на кафе, односно биогориво прозведено од кафени зрна. Технолошката компанија со седиште во Лондон „Био-бин“ веќе склучи партнерства со кафулиња и фабрики низ Британија за собирање на искористени зрна, а иницијативата ја поддржа и нафтениот гигант „Шел“. Досега се произведени 6.000 литри гориво од кафе, што кога ќе се измеша со класичен дизел, е доволно за годишен погон на еден автобус. Тие ќе можат да возат вака без дополнителни модификации. Според проценките на „Био-бин“,…

ПОВЕЌЕ ...

21.XI.2017 kamenica.mk  Градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова вчера оствари работна средба со претставници на градежно – проектантската компанија „Стокуќа“ од Скопје и „Karkanias Environmental Technology SA“ од Larissa, Грција. Станува збор за компании што развиват системи кои управуваат со еколошките проблеми, а се специјализирани за проектирање, изградба, и одржување на објекти за третман на отпадни води и индустриски отпад. На средбата се разговараше за состојбата и третирањето на отпадните води во Македонска Каменица, како и можностите за изградба на објект кој ќе ги зафаќа и третира фекалните и индустриските отпадни води пред излевање во Камничка Река и…

ПОВЕЌЕ ...