Author: Media Point

Шефот на Amazon е најбогатиот човек на светот Акциите на Amazon скокнаа за 2,6% за Black Friday, што значи дека достигнаа неверојатна вредност од 1.186 долари. Џеф Безос, основачот и најголемиот акционер на компанијата, стана првата личност во модерно време, чие богатство надмина неверојатна цифра од 100 милијарди долари. Оваа година и досега беше успешна за Amazon, со што Безос во минатиот месец го надмина Гејтс по втор пат и автоматски се издигна на првото место на списокот на најбогати личности на светот. Поради Black Friday, нарачките преку Amazonпораснаа енормно, по што цената на акциите порасна и така Безос доби вредност на…

ПОВЕЌЕ ...

Еден полицаец е суспендиран од работа бидејќи од продавачи на пиперки си земал полни вреќи без за тоа да им плаќа, дознава телевизија 24 од извори во МВР. Според информациите, настанот го пријавил негов колега, кој бил сведок на случувањата. По ова полицаецот е суспендиран од работа. Дополнително, внатрешната контрола, вчера правела контрола во едницата за брзо распоредување и при тоа утврдиле четири случаи на полицајци кои имале алкохол и тие ќе бидат суспендирани. Контролите се со цел да воведе ред и да се зголеми работната дисциплина – велат од МВР. Извор: ТВ24

ПОВЕЌЕ ...

Конечно, најфреквентната улица во Делчево  „Светозар Марковиќ“ доби асфалт.  Улицата која е во должина од 540 метри беше долгогодишна главоболка и на пешаците и на возачите. Асфалтирањето е од огромно значење бидејќи се наѓаат повеќе институции , градинка, училиште,автобуска станица, додека во ДУП има и др. деловни објекти, катни гаражи, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево. Изградбата на улицата е во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, во кој се опфатени и улиците Питу Гули,и Маршал Тито, а вкупната вредност на проектот изнесува 260 илјади евра грант од ЕУ преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска…

ПОВЕЌЕ ...

На познатата македонска огласна интернет страна Пазар 5 се појави интересен оглас за продажба. Македонец ја продава својата баба која има 68 години и протоа го потенцира фактот дека зема пензија од 15 илјади денари. Покрај огласот прикачена е и фотографија од постара жена, а на крајот додава дека цената е по договор. Не знаеме дали ова е уште една невкусна шега или не, но негативни коментари пристигнуваат од сите страни. Погледнете:

ПОВЕЌЕ ...

Младиот Оливер Стоименовски е роден во Македонска Каменица на 26. Март 1999 година. Пред да замине во Карабах (Азербејџан), настапуваше за скопски Работнички. Член е и на младинската репрезентацина на Македонија. Ова е негов особен личен успех, бидејќи сезонава со својот нов тим одигра редица натпревари во Лига на шампиони. Погледнете го видеото со неколку одбрани моменти од неговите одлични настапи во Лига на шампиони: https://m.youtube.com/watch?feature=share&v=5Bpjj8k9t1U

ПОВЕЌЕ ...

25.XI.2017 kamenica.mk Во денешното последно коло од есенскиот дел на Бтората фудбалска лига, во Македонска Каменица се одигра возбудлив натпревар помеѓу ФК Каменица САСА и ФК Осогово. Двете екипи се последни на табелата, но со оваа победа Каменица САСА фаќа приклучок кон останатите екипи од погорните места. Пред рекорден број посетители на градскиот стадион во Македонска Каменица, домаќините го отвориа резултатот во 35 минута со голот на Зоран Златковски. Во текот на второто полувреме шансите се редеа на двете страни, се играше пред двата гола. За забелешка се одличниот обид за лоб удар на Зоран Златковски за домаќините и стопостотната…

ПОВЕЌЕ ...

Нападнат ученик со посебни потреби. Станува збор за матурант во  Средното училиште за образование и рехабилитација „Искра “ од Штип. Сестрата на ученикот, на својата фејсбук страница објави вознемирувачки фотографии од својот брат, со напомена дека ова не е првпат: „…Денес Александар дете со посебни потреби ученик во ДСУ ,,ИСКРА” – ШТИП во попладневна смена го зедовме во состојба за која говорат фотографиите. За жал ова не се случува прв пат. (претходната објава ми е избришана од страната каде ја постирав…“ стои во објавата на неговата сестра. Згрозени од фотографиите, први реагираа родители на деца со посебни потреби: Не ми…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарската полиција привела маж и жена од Пазарџик, поради смртта на едногодишно бебе чие тело е пронајдено завчера – јави новинската агенција БТА. Притворени се мајката на бебето, 30 годишната М.Х. и 27 годишниот С.И., со кого мајката живеела. Според истрагата, мајката честопати го оставала бебето само со С.И. Се смета дека С.И. го убил бебето удирајќи го во главата, затоа што тоа многу плачело.

ПОВЕЌЕ ...

Вредноста на втората најголема криптовалута Етериум пораснала на 425,55 долари. Пазарната капитализација на Етериум се приближува до сума од 40 милијарди долари, а неговата добивка оваа година е поголема од 5 000 отсто. На почетокот на 2017 година една монета етериум можеше да се купи за 8,27 долари. Биткоинот и натаму ниже рекорди, така да тој бил на ново ниво од 8 293 долари. -Само во последните неколку дена етериумот почнал да се качува и мислам дека наскоро ќе достигне нов рекорд. Мислам дека ќе ја заврши годината со околу 500 долари“, вели брокерот Новограц. Тој мисли дека инвеститорите вложуваат пари во…

ПОВЕЌЕ ...

25.XI.2017 kamenica.mk Денес со почеток од 13:00 часот, се игра последното коло од Втората фудбалска лига во есенскиот дел од првенството. ФК Каменица САСА на домашен терен го пречекува кочанско Осогово. Натпреварот е од особена важност и за двата клуба и ќе одлучи кој ќе презими како фенерџија на табелата. Со оваа победа каменичани остануваат во игра за опстанок во второлигашкото натпреварување и во претстојниот дел сезоната. Втората фудбалска лига годинава се игра во трокружен систем. Во првиот натпревар од есенскиот дел одигран во Кочани, каменичани успееа да се вратат само со еден освоен бод по нерешениот резултат од 2:2.…

ПОВЕЌЕ ...