Author: Media Point

Македонска Каменица, 03.XII.2017  kamenica.mk И оваа година, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, рудникот за олово и цинк САСА ја обезбеди неопходната финансиска поддршка за организација на настанот за одбележување на овој ден во Македонска Каменица. Традиционалната прослава, која се одржува секоја година, ја организираше огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица, во соработка со хуманитарното здружение „Бели Гулаби“. „Лицата со посебни потреби често пати се соочуваат со голем број предрасуди и изолација во средината во која живеат. Затоа секоја прилика за дружење, забава и…

ПОВЕЌЕ ...

Во присуство на бројни колеги, пријатели, претставници на медиумите, во средата во ресторанот „Воденица“ во Скопје, членовите на најдобрата македонска фолк група, „Дрим тим“, го претставија проектот „Етно балкан“, кој освен што ќе ги прикаже во поинакво светло пред домашната јавност е со тендеција и да го освои регионот. Станува збор за почеток на реализирање на еден заеднички сон на овие шестмина врвни академски музичари, зад кои е 20-годишна активност, не само на домашната сцена, туку и во светот. Во текот на следната година јавноста во целост ќе го запознае овој проект, на кој „Дрим тим“ целосно ќе му се…

ПОВЕЌЕ ...

Од воена унформа до инвалидска количка со мисија за еднаквост на инвалидите во општеството, живее последниве 16 години воениот инвалид во пензија 47-годишниот Златко Арсовски од Делчево. Снајперскиот оган на Кодра Фура му го променува животот, па денес врзан за инвалидска количка ,соочен со многу бариери, но со голема поддршка од семејството, тој јавно ја раскажува својата приказна за животот во количка, за да допре до свеста на сите чинители во општеството. Животот во количка е многу тежок. Најтежок е почетокот, затоа што кога ќе бидеш здрав, прав , и на 31 година кога јас настрадав, се ти с е…

ПОВЕЌЕ ...

Река Брегалница е со покачен водостој, но засега е далеку од прелевање. На мерното место во Ново Село, каде коритото е најтесно, а со тоа и најкритично, вчера вечер е измерен проток од 8 метри кубни вода во секунда или висински столб од 70 см. Како резултат на врнежите во текот на ноќта, нивото на реката утринава изнесува 160 см. – Има покачување од 90 см, што значи дека сме далеку од она критично ниво, односно над 2 и пол метри, кога може да се смета дека може да дојде до излевање на водите на река Брегалница- изјави Киро Маџунаров,…

ПОВЕЌЕ ...

Украдени пиштол и златен накин од куќа во Виница. Крадецот, насилно ја отворил влезната врата од домот на 56-годишната В.Г. и одзел пиштол марка „Берета“, кој виничанката го поседувала со дозвола. Освен оружјето, крадецот го собрал и целиот златен накит на жената. Полицијата проценила дека и направил штета од околу 73.000 денари. извор  Прегледано: 9

ПОВЕЌЕ ...

02.XII.2017 kamenica.mk Женската екипа на КК Баскет Кам во категорија М-16 денес извојува значајна и убедлива победа на гостински терен против екипата на Гостивар 2009. Натпреварот заврши со огромна резултатска разлика 30:56. Најефикасна на натпреварот со 20 постигнати поени беше Стефани Колева, додека Бојана Попова постигна 12 поени, а Моника Зафировска 10. Играме одлични натпревари, со цврста одбрана и ефикасен напад. Лесно ја транзитиравме играта од одбрана во напад и обратно. Годинава со девојчињата очекуваме пласман во финале и борба за прво место со оваа возрасна категорија М- 16 и со девојчињата од М- 18. – наведе во кратката изјава…

ПОВЕЌЕ ...

Неколку патни правци во Македонија се блокирани по обилните врнежи од дожд, информира Центарот за управување со кризи. „Македонија пат“ информираат дека нивна екипа во моментов работи на отстранување на мал одрон од камења на патот кон Граничен премин Блаце. Сообраќајот на патниот правец Р1304 Виница – Берово кај месноста викана Рибарник, поради одрон се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информира Центарот за управување со кризи. Посебна внимателност се препорачува за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица- Делчево бидејќи покрај познатите постоечки минатогодишни одрони…

ПОВЕЌЕ ...

 02.XII.2017 kamenica.mk Tопла зима со натпросечни температури и просечни врнежи  Топла зима со натпросечни температури и врнежи во рамки на многугодишниот просек прогнозираат метеоролозите за претстојната зима. Постудено се очекува од втората половина на јануари. Температурите на воздухот во Македонија овој месец и наредните два зимски месеца имаат поголема веројатност да бидат над просекот, со отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источна Македонија. Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Македонија. Декември се очекува да ги достигне просечните вредности на температурата и врнежите.…

ПОВЕЌЕ ...

02.XII.2017 kamenica.mk Здружението “Порака”, вчера во просториите на општина Македонска Каменица организираше форум за лицата со посебни потреби на тема: “Изнаоѓање начини за подобра социоекономска инклузија на лицата со посебни потреби во средината”. Повод за организирање на ваков настан беше претстојниот Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, 03 Декември. На форумот беа присутни претставници од Дневниот Центар за лица со посебни потреби- Делчево, претставници од подрачното Министерство за труд и социјална политика- Делчево, претставници од општина Македонска Каменица, како и претставници од СОУ Миле Јаневски Џингар и ООУ Кирил и Методиј од Македонска Каменица Акцентот на дебатата помеѓу присутните…

ПОВЕЌЕ ...

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Почитувани сограѓани заради неповолните временски услови предизвикани од обилните врнежи и зголеменото ниво на Каменичка река во последното деноноќие, дојде до заматување на зафатите за вода, а со тоа и до самата вода за пиење. Се известуваат сите корисници на водоводната линија да НЕ ја користат водата за пиење. Оваа препорака важи до стабилизирање на состојбата на водата по која ќе бидете дополнително известени за користење на истата. ЈП Камена Река превзема активности и очекуваме во најскоро време целосна стабилизација на настанатата состојба. Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!”

ПОВЕЌЕ ...