Author: Media Point

Сендвичарницата која вчера предизвика труење од гиро на шест ученици и двајца возрасни е затворена од санитарниот и здравствениот инспекторат. Како што информира епидемиологот Надица Ефтимовска, првичните индиции за причинител на труењето со храна е стафилококна бактерија. -Изврешен е епидемиолошки надзор на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево во врска со труење со храна токсоинфекција. Земени се мостри од храна и брисеви од објектот кои се испратeни на микробилогија во Штип, а објектот е привремено затворен. Најверојанто  се работи за стафилококно труење,  рече Евтимова. Хоспитализираните во Клиничката болница во Штип се во стабилна состојба, а дел од нив веќе денеска ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

16.2017 kamenica.mk Одлечен натпревар на М-20 екипата на КК Вардар против врсниците од КК Спарта. Победа со огромна разлика со конечен резултат 120:50 поени. Каменичанецот Роберт Стојанов одигра одлично во текот на целата игра, а така успеа и да го заврши натпреварот. Во NBA стил, првин со добра обрана успеа да го запре нападот на гостите, а потоа со тројка од преку центар стави печат на одличниот натпревар на вардаровите младинци. https://www.youtube.com/watch?v=f3ARl1-rw0o&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...

16.XI.2017 kamenica.mk Четириесет и осумгодишен штипјанец силувал дваесет и едногодишна девојка од Струга во близина на кавадаречко село. Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднела кривична пријава против Ш.Д. од Штип  за кој се сомнева дека сторил кривично дело „силување со закана врз животот“. „Ш.Д. ноќта помеѓу 8 и 9 октомври годинава во близина на едно кавадаречко село, во неговото возило, со употреба на сила и закани извршил обљуба над  Џ.М. (21) од Струга“, соопшти полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Против три лица со привремен престој во Штип е поднесена кривична пријава под сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претресот во куќата во која престојувал еден од осомничените, на улицата Стујеска во Штип, пронајдени се и одземени 1.340 грама марихуна, спакувана во неколку најлонски ќеси. Според полицијата пријавените имале намера да ја продаваат марихуната. Станува збор за 22-годишен Кумановчанец со иницијали С.С., за 23-годишниот Д.Д. од с.Кучичино, општина Чешиново Облешево, и 21-годишниот Т.Ш. од Велес. „Според документираните сознанија на истрагата, пријавените откако претходно се договориле неовластено – заради продажба –…

ПОВЕЌЕ ...

16.XI.2017 kamenica.mk Со цел да се изнајдат начини за обезбедување услови за секое дете во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „За секое дете, семејство“. На конференцијата ќе се говори за превентивните активности и поддршката на биолошките семејства и развивањето нови форми на згрижување и заложбата на Владата до 2020 година да се стави крај на сместувањето на деца без родители под тригодишна возраст во големи институции. Учесниците на конференцијата ќе дискутираат за развивањето на системот на згрижувачки семејства, за инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа…

ПОВЕЌЕ ...

Еден познат Јутјубер дојде до решение за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секој возач – замаглување на стаклата во автомобилот. Експериментот го поделил со целиот свет. На прво ставил фабрички произведено средство за спречување замаглување, на второто стакло ставил пена за бричење, на третото масло за ббе, на четвртото компир, а на петтото гел за раце.   Како што покажал експериментот, единствено ефикасно комерцијално средство е пената за бричење. Погледнете повеќе во видеото ИЗВОР 

ПОВЕЌЕ ...

28/10/2017 Голем интерес за вакцините против грип во Делчево и М Каменица. За два дена се потрошија сите планирани 500 вакцини, но останаа уште многу пациенти кои не стигнаа на време да се вакцинираат. Бројот на набавените вакцини против грип соодветствува со интересот з а вакцинирање од претходните години, велат од Службата за епидемиологија во Делчево, но зголемениот интерес  годинава, ќе донесе поголем број вакцини за наредната година. Набавени се вакцини како и секоја година, вообичаен вакцинираме на територијата на Делчево и М. Каменица. Вакцините имаат контраиндикации, односно нив не смеат да ги примат лица кои се алергични, кажа д-р…

ПОВЕЌЕ ...

16.XI.2017 kamenica.mk Уште во текот на вчерашниот ден, kamenica.mk извести дека 4 деца итно се пренесени на Инфективно во Штип. До денес бројката се искачи на 8 лица. Сите тие вчера се затруле од храна во една позната сендвичарница во Делчево. Во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Делчево лекарска помош побарале осум лица, кои се пожалиле на повраќање откако конзумирале храна од сендвичарницата. Како што дознава МИА, осуммината веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип. Тие се хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба. Во угостителскиот објект на увид биле испратени претставници од Епидемиолошката служба – Делчево,…

ПОВЕЌЕ ...

15/11/2017  Во иднина македонските возачки ќе бидат признаени од страна на германските власти, пишува порталот www.mk-in.de.На тој начин сите македонски граѓани кои патуваат или се на привремен престој во Германија нема да имаат непријатности и казни. Истовремено многумина што имаат работна дозвола нема да мора повторно да полагаат за да можат да управуваат возилот во Германија. Во редакцијата на www.mk-in.de штотуку неофицијално од сигурни извори во германскиот Бундестаг пристигна веста дека законот за реципрочно признавање на македонските возачки во Германија е донесен и изгласан. Се чека уште македонската страна да го донесе закoнот за признавање на германските возачки дозволи во Македонија и веднаш…

ПОВЕЌЕ ...

Таа била убавицата во нејзиното училиште. Носела син фустан и продавала слатки зад училиштето, кога едно темнокосо 14-годишно момче со патерици поминало покрај неа. За Арлин и Марлин Бери ова било љубов на прв поглед. „Ми беше жал за него“, изјавила Марлин. „Постојано ми даваше слатки обидувајќи се да ме натера да се враќам за да ја видам. Не мораше да се обидува премногу штом сфатив дека ќе ми ги пишува домашните“, низ смеа додал Арлин. Иако љубовта на Арлин и Марлин денес е очигледна, не било така отсекогаш. Развод, повторно венчавање, 5 деца и 61 година работење и жртви…

ПОВЕЌЕ ...