Author: Media Point

Четири деца и 42-годишна жена од Делчево завршија на штипско Инфективно. Поради влошена здравствена состојба, тие најпрво се обратиле во делчевската Брза помош. Сите делчевци имале идентични симптоми – гадење, повраќање, стомачни тегоби, покачена телесна температура и покачени леукоцити, па дежурните лекари се посомневале на труење и ги пратиле на дополнителни испитувања во Штип. Се работи за четири деца – ученици во деветолетка во Делчево- две 13 годишни, едно 12 и едно 11 годишно дете и 42 годишна вработена во училиштето. Засега, од Клиничката болница од Штип не соопштуваат каква е здравствената состојба на пациентите и повеќе детали најавија за…

ПОВЕЌЕ ...

Двајца кочанчани и еден жител на Делчево од денес се со кривична пријава од полицијата. Тројцата, во текот на октомври лани, направиле лажни фактури кои ги употребиле во постапка за увоз, хомологација и регистрација на четири автобуси. По завршување на постапката, 49-годишниот кочанчанец со иницијали Б.Ц. склучил купопордажен договор со Д.П. од Штип за продажба на автобусите, кој ги купил, а не знаел дека документите за нив се лажни. Потоа, штипјанецот документацијата и автобусите ги предал на фирма од Штип. Тројцата жители на регионот, од денес се со пријава за кривично дело „фалсификување исправа“. Извор: СтарТВ Штип

ПОВЕЌЕ ...

Овој сон е лесно остварлив, бидејќи таквата технологија веќе е измислена и со години се применува во Канада, САД и Рудија. Станува збор за градежни панели кои веќе имаат вградена изолација, димензиите се прават по нарачка и се склопуваат за еден ден. Новата технологија пристигна конечно и во Србија, а први такви куќи се изградени во Бачко Градиште. Материјалот е евтин, бидејќи во конструкцијата има и стиропор, па не се работи дополнителна изолација. Како до НОВА ВИКЕНДИЧКА за само 28.000 денари! Плочите се состојат од изолационен материјал во сендвич помеѓу две цврсти облоги, а во изградбата меѓусебно се поврзуваат со…

ПОВЕЌЕ ...

Се дава нов рок за поднесување барања за легализација и за достава на елаборати, но имотен лист ќе можат да добијат само објектите кои се целосно изградени до 3 март 2011 година. Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои се продолжува рокот до кој граѓаните можат да побараат легализација на дивоградбите, влезе во Собранието на Република Македонија. Пратениците треба да се изјаснат по предлогот на Владата да им се даде уште една шанса на граѓаните кои ги испуштиле сите досегашни рокови за поднесување барање за легализација на дивоградбата која ја поседуваат, или пак го поднеле барањето,…

ПОВЕЌЕ ...

15.XI.2017 (kamenica.mk) Дождот кој од утринава врне скоро низ целата држава, се очекува денес да биде пообилен во јужните и централните делови. Утре пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има пад на температурата и повремени врнежи од дожд, кога на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег. Дневната температура во недела ќе достигне до 12-тиот…

ПОВЕЌЕ ...

Пристигнуваат нови соларни ќерамиди кои се поевтини од обичните! Извршниот директор на компанијата за електрични автомобили Tesla Motorsнеодамна ги претстави соларните ќерамиди коишто според неговата визија би требало целосно да ги заменат конвенционалните црвени ќерамиди кои денес ги забележуваме на скоро секоја градба. ПРОВЕРЕТЕ ТУКА: Колку луѓе личат на вас? Покрај нивната способност на генерираат енергија, тие се разликуваат во однос на останатите ќерамиди по својата цена. Имено, и покрај тоа што станува збор за сосема нов пронајдок, како што најавија од компанијата, цената на соларните ќерамиди ќе биде значително поевтина од оние обичните. Така, потрошувачите нема да заштедат само на енергија,…

ПОВЕЌЕ ...

9 ноември 2017 (kamenica.mk)  Во Македонија над 450 илјади граѓани живеат во ризик од сиромаштија, покажаа податоците на Државниот завод за статистика објавени неодамна. Дали бројката е реална, и зошто и покрај мерките што се преземаат не се видливи поголеми резултати во нејзиното намалување? Промени во пристапот мора да има доколку сакаме системско и долготрајно решавање на проблемот, смета професорката Маја Геровска Митев од Институтот за социјална работа и социјална политика. Обезбедување повисок и континуиран економски раст со можност за отворање нови работни места, подобрување на системот на социјална заштита, бидејќи во моментов тој преку она што го исплаќа како поддршка за сиромашните…

ПОВЕЌЕ ...

14.11.2017 | 17:06 Десет ученици од основното училште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар беа повредени во сообрајќајната несреќа која се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Возачот на автобусот полн со ученици налетал на комбе кое превезувало леб. Во несреќата со тешки повреди завршил возачот на комбето и е задржан на лекување во битолската болница. Десетте ученици со полесни телесни оповреди по лекарската интервенција биле пуштени на домашно лекување. „Во несреќата се повредени 12 лица, од кои10 деца и два шофери Десетте деца се прегледани, а едниот од шоферите е истотака прегледан ипратен дома, а другиот е со повреда на…

ПОВЕЌЕ ...

14.XI.2017 kamenica.mk Според податоците на УЈП над 90 проценти од работниците кои имаат ниски примања ја добиле загарантираната минимална плата. Малиот интерес за субвенционирање на исплатата  најверојатно е резултат на можноста на компаниите тоа да го направат без помош на државата. Има информации за злоупотреби, односно за барања работниците да им вратат дел од средствата на работодавачите, но затоа тие треба да се охрабрат, да пријават за да можеме да преземеме мерки, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Потенцира дека компаниите независно од тоа што не ја користат државната помош ја почитуваат минималната плата, од една страна,…

ПОВЕЌЕ ...