Author: Media Point

Новина во менито на kamenica.mk. Од денес е активен сервисот “Избери Музика”, кој е дел од пробниот “пилот” проект “Radio Talk Kamenica.Mk”. До дооформување и остварување на целосно замислената идеја на уредничкиот тим, можете да се послужите со менито на разноврсна и урбана музика што ви ја нудиме преку панелот на www.radiotunes.com. Кон времениот музички програм можете да пристапите од тука, со клик врз сликата или директно од банерот поставен на почетната страна на www.kamenica.mk Остануваме отворени за соработка и идеи, ги очекуваме вашите конкретни предлози на оваа и сите други останати теми од урбаното живеење на градот, се со…

ПОВЕЌЕ ...

Силен оган од дрва, квалитетен камен варовник  и печка изѕидана по теркот на Турците кои некогаш живееле во делчевското село Звегор, е формулата  на стариот варџија Пане кој единствен во регионот го чува занаетот и произведува квалитетна вар за варосување , но и за лекување. Најкавитетна вар во Источна Македонија бидејќи е многу квалитетен каменот. Нашата вар се пече 72 часа, значи три дена и три ноќи. Нашата вар се пече на 1900 степени ја прајме квалитетна. Молерите во Делчево сите се кај мене, само ми с ејавуваат буре таму, буре ваму.Продавам по 30 тони вар во годината. Сите ми…

ПОВЕЌЕ ...

Четиринаесет основци од кумановското село Бајловце учат во никакви услови, немаат чиста вода за пиење, тоалет, ниту надгледни средства за нормална настава. Факултети.мк го посети училиштето и помина еден ден со учениците и нивните наставници. Бисера и Мила пешачат по шест километри преку ридот до дома Бисера и Мила секој ден стануваат во шест наутро, се облекуваат, ги ставаат ранчињата на грб и излегуваат од дома. Навидум сосема обична слика за ученици што одат на училиште. Но Бисера и Мила и уште десетина деца од неколку села од Општина Старо Нагоричане во зима мора да се „опремат“ и со…

ПОВЕЌЕ ...

13.XI.2017 (kamenica.mk) Просечната плата во соседна Бугарија продолжува да расте. Во септември просечната бруто месечна плата изнесувала 1064 лева, што претставува зголемување од 11,5% во однос на истиот период од минатата година.  Факторите за растот на платите се неколку. Од една страна, конкуренцијата на пазарот на трудот ги стимулира компаниите да се натпреваруваат за вработените нудејќи повисоки плати. Од друга страна, годишното зголемување на минималната плата за 9-10% и придонесите за социјално осигурување за 1 процентен поен ги зголемува платите во секторите со ниски трошоци за работна сила. Највисока е просечната плата во Софија – 1427 (715 евра) лева во…

ПОВЕЌЕ ...

12.XI.2017 (kamenica.mk) Вечерва, 12 ноември, со почеток од 21 часот, во арената „Вембли“ во Лондон ќе се одржи годинашното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви, а домаќинка на манифестацијата ќе биде британската ѕвезда Рита Ора. Таа ќе има и свој настап на сцената во „Вембли“, каде што ќе запеат и Деми Ловато, Камила Кабејо, Шон Мендес, Кеша, Стормзи, „Килерс“, Лиам Пејн, Тревис Скот, „Ју-ту“, Дејвид Гета со Чарли Екс-си-екс и Френч Монтана, „Клин бандит“ со Шон Пол, Ен Мари, Џулија Мајклс и Зара Ларсон, како и популарниот американски рапер Еминем,кој деновиве се врати на сцената со новиот сингл „Walk On Water“ во дует со Бијонсе. Според…

ПОВЕЌЕ ...

Полициски екипи ноќеска на терен спроведувале акциски контоли во објектите низ главниот град. Како што дознаваме од неофицијални извори, на мета на ноќната акција на МВР биле угостителски објекти, ноќни клубови, агенции за обезбедување и други објекти. Од МВР официјална потврда за контролите за сега нема. Очевидец за Скопје Инфо сведочи дека полициски специјалци во оружје упаднале во познат ноќен клуб во скопската населба Капиштец. Според неговите изјави полицијата ги легитимирала присутните и направила рутинска контрола на објектот. Најверојатно контролите на полицијата во објектите траеле до утринските часови, па официјални информации од МВР за тоа што полицијата открила и кои…

ПОВЕЌЕ ...

12.XI.2017 (kamenica.mk) На Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам се појавија нови слики од судир меѓу автомобил и запрежна кола. Овој пат коњот кој ја влечел запрежната кола удрил во задниот дел од автомобилот и го искршил стаклото. Засега причините за сообраќајната несреќа не се посочуваат, но ваквите инциденти за ќал и не се така ретка појава. Запрежните коли немаат задолжително осигурување и не е дозволено да се вклучуваат во сообраќај за што следат дополнителни казни. Исто така доведувањето во опасност на коњите воопшто не е хуман третман на едно животно.

ПОВЕЌЕ ...

12.XI.2017 (kamenica.mk) Мрежното мерење, што на домаќинствата со вградени фотоволтаични системи им овозможува да го продаваат вишокот од произведена електрична енергија, е во зародиш во Македонија. Во државата не постои законска можност за вакво нешто па поради тоа граѓанските организации предлагаат вметнување на оваа мерка во новиот закон за енергетика, што е во подготовка. Граѓанските организации бараат да им се овозможи на домаќинствата без да отвораат фирма, само со договор со дистрибутерот, да се приклучат на мрежата и да ја продаваат во електродистрибутивната мрежа. Според Соња Ристевска, која е автор на студијата „Мрежно мерење во РМ, можности, перспективи, примери –…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18:30 игра пријателски натпревар против Норвешка. За тие што не знаат. Картите за овој меч беа 100 и 150 денари. Годинава македонската публика уживаше во одличните игри на избраниците на Мрме кои имаат година за паметење со само еден пораз (од велесилата Шпанија), се радуваа на историскиот успех на момците на Благоја Милевски кои стигнаа до Европско, а на тоа мора да се напомене и екстра жешкото со Вардар и Шкендија. Првите стигнаа до историја за која скопската публика сонуваше со децении, а вторите го донесоа Милан во Скопје. Плус денеска имавме уште една причина за гордеење. Несфатливо е…

ПОВЕЌЕ ...

Несекојдневна глетка се случи во американска судница откако 24 годишниот Треј Релфорд е осуден на 31 година затвор, а една сцена ги погоди сите, дури и судијата пушти солза. Таткото на убиениот доставувач на пица, 22 годишниот Салахудин Џитмуд, кој е убиен пред две години, пред сите после говорот го прегрна убиецот на својот син и рече не го обвинува него туку сатаната која влегла во децата. Истакна дека е важно да се прости, затоа што простувањето како што тој кажа било најголем дар од Господ.

ПОВЕЌЕ ...