Author: Media Point

Просечниот личен доход во Македонија минатата година изнесувал 302 евра месечно, а најбогатите 1 процент имале просечен доход од околу 4.200 евра месечно. Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните кога станува збор личниот доход што го имаат, покажува анализата за доходовна нееднаквост што денеска првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи. – За половина од луѓето во Македонија што остваруваат доход, тој е под 212 евра месечно, 70 проценти имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 проценти имаат под 495 евра месечно. Од друга страна два проценти…

ПОВЕЌЕ ...

Со надчовечки напори и целовечерна борба со огнената стихија пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица успеаа да го локализираат и стават под целосна контрола вчера избувнатиот пожар во близина на градот. Остануваат на терен до негово целосно гасење и нормализирање на состојбата. Помогнати беа од сите ТППЕ во околните градови( Делчево, Кочани, Штип, Виница), Шумска полиција, Ловно друштво од Каменица, вработени во ЈП Камена Река, одреден број на доброволци и локално месно население, како и неколку противпожарни авиони од ЦУК. Причините за пожарот се истражуваат. Истражните органи се на терен. Причинета е огромната материјална штета. Изгорени се десетици хектари борова и…

ПОВЕЌЕ ...

Сушата го одложи меѓународниот риболовен спортски куп на Калиманци . Поради нискиот водостој на браната, нема услови за негова организација . Од каменичкото спортско-рекреативно друштво „Шаран“ потенцираат дека лошата состојба со браната е единствената причина што купот е одложен: „…Како организатори не се откажуваме од организацијата, туку бараме начини меѓународниот куп да се одржи во релативно добри услови, а тоа во моментов го нема на езерото. Доколку хидролошката состојба се подобри, купот ќе го организираме во октомври за што благовремено ќе ги известиме сите заинтересирани рибиловни друштва од Македонија и соседните земји…“, стои во соопштението на друштвото. Меѓународниот спортски куп,…

ПОВЕЌЕ ...

Борбата со огнената стихија надвисната над градот пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица ќе ја продолжат и во текот на ноќта. Тие упатуваат уште еден јавен повик и апел до сите жители на општина Македонска Каменица, да им се приклучат во акцијата. Помош е потребна од секој! Време на тргнување: 05:00 часот наутро Зборно место за тргнување: Противпожарната станица во Каменица Со себе, доколку сте во можност земете лопати или гребла и соодветна гардероба. Екипите составени од пожарникари, вработени во шумска полиција, комунално претпријатие и голем број на веќе пријавени совесни граѓани остануваат на терен во обид да ја стават…

ПОВЕЌЕ ...

Заради брзината со која се шири, непристапниот терен, близината до населениот дел од градот и недоволниот човечки потенцијал со кој располага ТППЕ во Македонска Каменица, уште еднаш упатуваат апел до своите сограѓани во Македонска Каменица и жители на околните места, да се приклучат кон акцијата за гаснење на пожарот. Во контакт со одговорно лице од ТППЕ на терен добивме информација дека помош бараат од секаде, од другите територијални единици, полицијата, комунално претпријатие, но помош и од секој граѓанин е повеќе од добро дојдена. Зборно место: Противпожарна станица во Македонска Каменица или на некој од пунктовите веднаш кај местото на пожарот.

ПОВЕЌЕ ...

Веќе цел час гори борова шума во непосредна близина на Македонска Каменица, веднаш над Пиштолско маало. Огнот е со голем интензитет и голема брзина на ширење поради силниот ветар што дува во повеќе правци. Опасноста за негово ширење е голема. ТППЕ од Македонска Каменица помогнати од Шумската полиција и ЈП Камена Река се на терен. Се преземаат сите мерки со сите расположливи средства во моментот. Со повеќе информации наскоро.

ПОВЕЌЕ ...

ФОМО (страв од пропуштање / fear of missing out) е кратенката што без да трепнеме им ја налепивме на тинејџерите и приближно младите, затоа што се неспособни да остават тоа смартфонот и да престанат да проверуваат што прават другите по Инстаграм и Фејсбук. Сега ФОМО тропна на врата и кај овие разумниве и способни генерации. Делумно текот на 2016 ги истенчи живците на повозрасната публика, делумно самата публика дозволи да биде убедена во апокалиптичноста на настаните од минатата година, (делумно Трамп твита како да ќе го вработуваат ко советник), па исходот е легија од сосема нова публика од возрасни луѓе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар испиша фудбалска историја, откако во Истанбул го совлада големиот Фенербахче со 2-1 и обезбеди пласман во групната фаза на Лига Европа. Со тоа, вардарци станаа првиот наш тим кој ќе игра во групната фаза во едно од натпреварувањата на УЕФА. Тимот на Чедомир Јаневски покажа карактер и успеа да победи пред 40.000 Турци, кои грмогласно го бодреа, но потоа и го исвиркаа својот миленик. Противникот во ЛЕ, Вардар ќе го дознае на утрешната ждрепка во Нион. Фенербахче тргна офанзивно и уште од самиот старт нанижа неколку шанси. Најпрво се закани Озан со глава, а потоа…

ПОВЕЌЕ ...

Со доста потешкотии заради засилениот ветар и непристапниот терен, екипите на ТППЕ Македонска Каменица успеаа денес, уште во раните утрински часови целосно да го изгаснат пожарот што вчера беше активен во селото Моштица кај Македонска Каменица. Нивните екипи беа помогнати од останатите ТППЕ во регионот (Кочани и Делчево), ЈП Камена Река, членови на Ловното друштво од Македонска Каменица и голем број месно население, жители на село Моштица сите во координација на Шумската полиција во градот. Пожарот беше активен од пладневните часови во текот на вчерашниот ден, но поради брзата реакција на пожарникарските единици, тој успеа да зафати само десетина хектари…

ПОВЕЌЕ ...

Во 19  часот вчера во Полицијата во Битола, 53-годишниот И.О. од селото.Могила, битолско, пријавил дека околу 16 часот во стрништето на Т.К. на месноста викана  „Мала Река“  во атар на селото Могила, при напасување умреле осум молзни крави. За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба на местото излегле ветеринарен лекар, инспектор по земјоделие и инспектор по ветерина. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...