Author: Media Point

Денес е четврток, 24 август 2017 година, 236-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:45, а ќе зајде во 19:24 часот. Денот ќе трае 13 часа и 39 минути. И ова утро во Македонија имаме претежно сончево и свежо утро. Иако во текот на денот не очекуваат се повисоки температури, ноќните и утринските температури ни укажуваат дека се доближуваме до крајот на август и почетокот на климатолошката есен која што започнува од 1 септември. МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури од 6 до 15 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло…

ПОВЕЌЕ ...

Адолф Хитлер и сите припадници на Третиот Рајх биле уверени дека ќе победат во Втората светска војна. Токму поради тоа, тие не само што подготвувале планови за борба туку и детално разработувале и планови за владеење после победата. Враќање на земјата на американските Индијанци Нацистите биле подготвени на геноцид, но кога станува збор за американските Индијанци, тие изненадувачки ги прифатиле. Меѓу плановите за покорување на Америка било и ветувањето дека американската земја ќе им ја вратат на домородците. Тие работеле со групата Американско индијанско сојузништво и ги регрутирале како фашистички симпатизери. Некои членови од групата не биле само симпатизери, туку…

ПОВЕЌЕ ...

До 29 август годинава трае рокот за доставување барања за поддршка на млади земјоделци. На повикот може да се јават земјоделци до 40-годишна возраст, а аплицирањето е исклулчиво електронски. Државната поддршка предвидува максимални 600.000 денари неповратна финансиска помош за младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис. Услов е да бидат запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не повеќе од 18 месеци. Добивањето на субвенцијата зависи и од освоените бодови, односно од тоа каде се наоѓа стопанството и за која намена се аплицира. Најголем број бодови носат барањата за набавка на опрема за чување и складирање на производство, за опрема за преработувачки капацитети и членството во земјоделски задруги.…

ПОВЕЌЕ ...

Езерата создаваат чувство на смиреност и сите сакаме да се релаксираме покрај нив. Чистата вода и лесното ветерче може да направи целосно да уживаме во природата. Но, дали ова важи за сите? Дали сите езера се безбедни за бањање или воопшто за седење покрај нив? Погледнете ги овие прекрасни, но опасни и смртоносни езера во светот. Ќе се осмелите ли да пливате во нив? Бросно, Русија Жителите многу често гледаат огромно чудовиште кое личи на древен гуштер во езерото. Научниците се обиделе да им помогнат да го најдат, но залудно. Но, што всушност се случува? Процесот на распаѓање на дното…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот што од денес попладне е активен во атарот на село Моштица, продолжува да гори и во ноќните часови. Причините за предизвикување на пожарот и понатаму се непознати, но истите се истражуваат од страна на одговорни и истражни органи. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица, помогнати од единици на ТППЕ Делчево и Кочани, членови на Ловното друштво од М.Каменица – САСА, вработени во ЈП Камена Река и голем дел од месното население успеаа да го локализираат пожарот, но на моменти засилениот ветар и на места непристапниот терен се пречка истиот да се стави под целосна контрола. И покрај надчовечките напори на…

ПОВЕЌЕ ...

Голем шумски пожар во атарот на село Моштица. Пожарот е активен веќе неколку часа на просторот помеѓу и над Грмовско маало и Далевци. Екипите на ТППЕ од Македонска Каменица се активни на терен и интензивно работат на локализирање на истиот. Двете блиски маала се обезбедени од ширење на пожарот, но поради тешко пристапниот терен целосното локализирање на пожарот е отежнато. Со повеќе информации во наредните неколку часа, по добивањето на нови информации и сознанија од теренот.

ПОВЕЌЕ ...

Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни – живи – трудбенички. А поскапа е. Виенскиот бордел е во процес на набавка на втора секс кукла откако првата и сè уште активна „Фрау Фани“ се покажала толку посакувана што – и да сака – не може да ги исполни сите резервации за неа. Колешката на Фани ќе биде набавена по цена од околу 10.000 долари но искуството на менаџментот вели дека вреди да се дадат тие пари. Фани е најбараната…

ПОВЕЌЕ ...

Кој имал инфекција на мочниот меур знае колку болно тоа може да биде. Постои чувство дека мора веднаш да уринирате, ваквата потреба е честа, тревогата може да биде за само неколку капки, а воедно се јавува болка и притисок. Имаме добра вест за вас – некои природни состојки можат ефикасно да помогнат при воспаление на мочниот меур. Потребни се: 250 г корен од магдонос 250 гр лимон со кора 250 гр мед 2 лажици маслиново масло /графика/ Начин на подготовка: Коренот од магдонос и лимонот со кора ситно исечкајте ги, а потоа сите состојки, вклучувајќи го медот и маслиново…

ПОВЕЌЕ ...

Почна бербата на сливите во Пијанец. Се бере она што остана од мразот и сушата или само 5% од очекуваниот род за оваа година. Овоштарот Славчо Гоцевски кој има 130 декари со сливи, оваа година нема ништо да набере. Нема сливи, дел измрзнаа, дел уништи сушата, дел градот, кажа Славчо Гоцевски, овоштар. Откупната цена на сливите оваа година се движи од 25 до 30 денари, цена која скоро три пати поголема од минатогодишната. Па Гоцевски, наместо да заработи 50 илјади евра, книжи загуби. Сум инвестирал во препарати, орање, вкупно 10 илјади евра сум дал, рече Гоцевски. Големи штети има и…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на Детските лиги – Исток, вчера на градскиот стадион во Делчево, младинските категории на ФК Каменица САСА ги одиграа своите први контролни натпревари пред почетокот на сезоната, против своите врсници од ФК Брагалница. Тренерот на каменичките млади, Стојче Милошевски е задоволен од нивната игра и се надева на уште една добра и резултатски поволна сезона. Во сите три категории на натпреварување во вчерашните натпревари детските екипи на Каменица САСА прикажаа одлична игра. Постигнати резултати по категории: 2009/10 Брегалница – САСА 1:11 2008/07 Брегалница – САСА 2:2 2005/06 Брегалница – САСА 6:3

ПОВЕЌЕ ...