Author: Media Point

Длабок јаз меѓу најниската и највисоката плата во државата. Богатите земаат за 5 пати повисока плата од сиромашните. Ова го покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика кој објави список на најниски и највисоки плати во државата. Листата на најсиромашни и најбогати професии во Македонија изгледа вака: Рибарство и аквакултура 11.600 денари Производство на кожа и производи од кожа 12.600 денари Производство на облека 13.700 денари Дејности за подготовка и служење храна 14.700 денари Преработка на дрво и производи од дрво 15.400 денари. Наспроти нив, е списокот на највисоки плати: Воздухопловен транспорт 60.900 денари Компјутерско програмирање 49.600 денари Производство…

ПОВЕЌЕ ...

БАЛКАН Хрватскиот портал „Индекс.хр“ објави сторија, според која на Фејсбук веќе некое време, сосема јавно и без никаква цензура постојат неколку групи наменети за корисниците од Хрватска и регионот, а кои отворено промовираат и повикуваат на инцест, педофилија и други форми на девијантно сексуално однесување. Како што наведува порталот, едната од овие групи има над 1.800 членови, а пристапот до неа е застрашувачки едноставен. Поточно, со два клика од кое било дете, кое ја користи таа социјална мрежа се наоѓа содржина, од која дури и на возрасните им се превртува желудникот. Новинарка на „Индекс“ со лажен профил, без никаков проблем и…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на однесувањето на келнерот, лесно стекнуваме мислење и донесуваме заклучоци за ресторанот или кафулето во кое сме одлучиле да седнеме. Дали келнерот пристојно се поздравил? Дали љубезно објаснил што се наоѓа во понудата на денот, брзо ја донел храната и направил сѐ како би се чувствувале пријатно? Професионалното однесување на келнерот треба да биде правило, а не исклучок. Но, тоа не го исклучува пристојното однесување и добрите манири и на гостинот, кој не би смеел да си земе за право да се однесува како што ќе посака, само поради фактот дека ќе ја плати услугата. Ако ви се…

ПОВЕЌЕ ...

Револтот на граѓаните кон “лудите” возачи од штипски “Ликоил” е се поголем, особено по неколкуте зачестени сообраќајни незгоди предизвикани за краток изминат временски период (н.з. 5-6 само во текот на о.г.). Често пати граѓаните се сведоци како конвој цистерни со дури над 90км/ч поминува низ сите населени места во кои поминува магистралниот пат Штип – Граничен премин Делчево. Револтот на граѓаните се повеќе е насочен и кон одговорните лица во МВР заради анемичноста и попустливоста кон таквиот начин на возење. Често пати упатуваат сугестии и критики кон возачите “убијци” на патот, но се останува на тоа. Не знаат ниту каде…

ПОВЕЌЕ ...

„Јас сакам да се вратам дома“ е проектот преку кој НВО организации ќе ги истражуваат можностите на Делчево, М. Каменица и Пехчево за да си ги вратат иселениците дома. НВО „Надеж“ од М. Каменица сака да придонесе за сопирање на иселувањето кое зафаќа драматични размери и ги празни овие градови. Нашата цел со проектот е да ги истражиме можностите за нивен повраток,проектот е да се видат неколку сегменти, да се видат можностите што ги нуди локалната самоуправа за враѓање на иселениците,програмите на Агенцијата за вработување и нивната искористеност од страна на иселениците,но секако и да се видат условите за инвестиции…

ПОВЕЌЕ ...

Девојките од ЖФК Каменица САСА денес со почеток од 17 часот го играат својот втор пријателски натпревар. Тие гостуваат кај шампионките на Македонија, ЖФК Истатов од Дојран. Ќе биде тежок натпревар за нив, но исто така ќе биде и добар тест и подготовка пред почетокот на претстојното првенство. Очекуваме да прикажат добра игра и на овој контролен натпревар. Тие претходниот натпревар го одиграа доста солидно за дебитантска и почетничка екипа против доста посилната екипа од Кочани, натпревар на кој каменичанки го постигнаа и својот прв гол. Гол кој беше проследен со огромна радост на трибините од гледачите и солзи радосници…

ПОВЕЌЕ ...

Истанбул е град на легенда и историја. Магичен град кој нуди прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден друг град во светот. Либеро Травел ве носи во градот во кој се соединуваат Европа и Азија за само 77 евра по лице. Со можност за плаќање на рати. Пријавувањето трае до 25-ти Август. Побрзајте и прошетајте две прекрасни ноќи во Истанбул, пазарете во Капали чаршија и Едрене. Повеќе информации за оваа неодолива понуда од ЛИБЕРО ТРАВЕЛ можете да прочитате овде Истанбул е град значаен по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа и зазема дел од Азија.…

ПОВЕЌЕ ...

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 30 до 37 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8. Во Македонска Каменица времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 33 степени. До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. И утре во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и…

ПОВЕЌЕ ...

Нова сообраќајна незгода и еколошка катастрофа предизвикана од камион-цистерна на “Лукоил”. Овој пат на магистралниот пат Македонска Делчево – Македонска Каменица, во близина на Баткова чешма. Станува збор за движење на возилото со непрописна брзина, при што првин дошло негово до излетување од коловозната лента, на лентата од спротивен правец, а потоа и целосно излетување на камионот покрај самиот пат. Според неофицијални податоци добиени од МВР со самото излетување, дошло и до поголемо оштетување на возилото, при што истекло поголемо количество на товарена нафта од цистерната. Истата по несреќата се влеала во река Брегалница и во водите на Калиманско езеро.…

ПОВЕЌЕ ...