Author: Media Point

Постојат повеќе од 200 земји во светот и сигурно за секоја од нив сте слушнале барем еднаш во животот. Но има и територии на нашата планета за коишто не сме запознаени дека постојат. Тие зафаќаат многу мала површина и некои од нив се населени со само неколку фамилии. Мислите дека нашата држава е мала? Откако ќе ги прочитате следните податоци ќе сакате да си го преиспитате мислење. Ова се 10-те најмалечки земји во светот за кои веројатно не сте слушнале никогаш: Палау Површина: 459 квадратни километри. Популација: 21.347 жители. Република Палау е островска земја којашто брои повеќе од 300 острови.…

ПОВЕЌЕ ...

Почна трката за студентски индекс. Завршени матуранти се обидуваат да си обезбедат едно од 5200-те понудени слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ на вкупно 13 факултети. 11-та година по ред Универзитетот се обидува на еден интегриран, уникатен начин, на едно место заедно сите факултети, сите студиски програми планирани согласно конкурс, во Штип и во наставните центри на универзитетот, да ги организира пристојно своите уписи. Согласно конурсот на Универитетот се планирани 5.200 слободни места, околу 3.000 во редовната квота, околу 1.200 во квотата за кофинансирање и 900 во квотата за вонредно студирање, изјави Проф. д-р Кирил Барбареев, проректор на УГД. Првиот…

ПОВЕЌЕ ...

Убиство среде бел ден во Струга. Жртва е познатиот струшки бизнисмен и поранешен затворски осуденик Дилавер Бојку – Леку. Засега непознато лице во 16.45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа Аква Блу на струшкото крајбрежје. Истрелал кон него неколку куршуми од огнено оружје. Според очевидци, напаѓачот потоа брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец. Лекари во струшката болница за Алсат информираа дека најверојатно Бојку бил погоден со неколку куршуми во пределот на главата, а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат. Пред болницата пак, доцна попладнево се собраа голем број членови на потесното…

ПОВЕЌЕ ...

Општините од Истокот се повеќе се празнат, а нашите деца како втора генерација иселеници , веќе со странски пасоши , навики и иднина, ја градат својата иднина во Европа. Само во италијанската област Пијамонте, се проценува дека живеат околу 10.000 жители иселени од источниот регион на државата. Со овие, за нас, поразителни бројки располага Македонското друштво „Камен мост“ од Канели, кое над пет години работи на обединување на нашинците во Италија: Ние располагаме со информација за бројка од околу 10.000 Македонци само во тој регион. Тоа се луѓе кои главно работат во земјоделие и градежништво, а веќе имаме и втора…

ПОВЕЌЕ ...

Од понеделни, православните ги започнуваат постите посветени на Мајката Божја: Според пропишаното овие се строги пости, што значи од понеделник до петок се пости без зејтин, за викенд е дозволено масло и вино, а риба е дозволена само за Преображение, појасни ѓакон Димитар Арсов. Постот е одлична прилика, да поведеме повеќе сметка и за нашето здравје, односно да се изврши детоксикација на организмот: Чистењето на организмот почнува од утрото и ние треба да му помогнеме со внес на повеќе течности, свежо овошје и зеленчук, за да го поттикнеме тој механизам, објасни Цеце Динева, нутриционист. Но, лошо е ако постот се…

ПОВЕЌЕ ...

Педесет и седумгодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот Велес – Штип, кај село Кадрифаково. Според информациите на МВР, до несреќата дошло кога С.Г.(58) од село Облешево, со автомобил „Фолксваген Кади“ со хрватска национална ознака, изгубил контрола, излетал надвор од патот и се превртел на кров. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката Л.Г.(57) од село Облешево, која е пренесена во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

ПОВЕЌЕ ...

Исцелителната моќ на светецот Пантелејмон и светата вода покрај манастирот што го носи името на светиот лекар кој го оздравува и духот и телото на верниците, и оваа година ги собра верниците од Истокот под ѕвезденото небо на Голак, на највисокиот врв Чавка, да ја продолжат традицијата со големиот Голачки собор. Баба ми доаѓаше со магаре, носеше курбан и преспиваше и мило ми е што продолжува оваа традиција, вали жителка на Делчево. Ние сме од Благоевград и дојдовме специјално за овој празник, бевме и до црквата, а сега ќе го гледаме и концертот. Навистина е преубаво, рече гостинка од Благовеград…

ПОВЕЌЕ ...

11. Август 2017г (kamenica.mk) Почитувани сограѓани Според испитувањaта кои ги изврши Центарот за јавно здравје Кочани, испитаните примероци на водата за пиење ОДГОВАРАAT на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа. Што значи дека водата од градскиот водовод во Македонска Каменица може да се користи за пиење. Во моментот снабдувањето со вода за пиење е од постоечките зафати од река Горештица и Моштичка река. Јавното претпријатие „Камена Река“ уште еднаш упатува апел за рационално користење на водените ресурси со што сите заеднички ќе придонесеме за надминување и решавање на проблемот. Ви благодариме на…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера утрината во Полициска станица Кичево, од Медицински центар Кичево пријавено е дека кај нив биле донесени повредени лицата 41-годишниот И.М.од село Митрашинци-Берово (со тешки телесни повреди-фрактура на лева нога кај скочниот зглоб), и 61-годишниот М.С од Делчево (со тешки телесни повреди фрактури на двете нозе), работници кои работеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид во атар на село Пополжани. Тие по укажаната лекарска помош и поради сериозноста на повредите се префрлени во Болницата Св.Еразмо-Охрид. Од извршениот увид утврдено е дека настанот се случил при кревање на кран со дигалка во еден момент дигалката изгубила рамнотежа и се превртела, при што…

ПОВЕЌЕ ...

Секторот за внатрешни работи Скопје постапувајќи по претходни сознанија дека непознати лица на интернет портали за он-лајн продажба неовластено нудат, рекламираат и вршат продажба на билети по далеку повисоки цени за престојниот eвропски Суперкуп 2017 помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, презеде мерки и активности за откривање на лицата. Од МВР велат дека е идентификувано едно лице од Скопје, известен е надлежен Јавен обвинител и врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени и одземени се билети кои ќе бидат дадени на вештачење. Против лицето ќе биде доставен…

ПОВЕЌЕ ...