Author: Media Point

Поради високите летни температури и несовесната и неконтролирана потрошувачка на вода од поедини домаќинства и покрај тоа што наплатата им се врши преку водомери, значително се намалени водните резерви во базените со вода за пиење. Поради овие, а и низа други причини Ј.П. Камена Река воведува рестриктивно трошење на водата за пиење по реони. Реон 3 На ден 04.08.2017 год. во периодот од 16:00 до 20:30 часот вода нема да имаат корисниците на водоводната линија од ул. Каменичка, ул. Вера Јоциќ, ул.14 Јуни, ул. Ленинова, ул. Пиринска, ул. Горна Река. Реон 1 На ден 05.08.2017 год. во периодот од 16:00…

ПОВЕЌЕ ...

Вирус на хеморагична треска, болеста која одзеде два живота во Гостиварско, а неколкумина хоспитализира, е  изолиран кај девојка од Виница: Се работи за 22-годишна Ромка, кај која е реагирано многу бргу. веднаш е препратена на Клиниката за нефрологија во Скопје, каде е изолиран ХАНТАЛ вирус, причинител на хеморагична треска со бубрежен синдром, истакна д-р Горан Николов, спец. епидемиолог. Засега нема точни податоци за тоа како таа се заразила со вирусот, но се претпоставува дека извор на заразата се глувци. Според лекарската анамнеза, таа потврдила дека во близина на местото на живеење имало глувци, па веројатно е дека таа дошла во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот првак Вардар го заврши сонот за настап во Лигата на шампионите. Во вториот меч „црвено-црните“ не успеаја да ја сочуваат минималната предност од Скопје (1-0) и во Копенхаген загубија со 4-1 (2-1). На резултатот влијаеја последните дваесетина минути од мечот, кога Седлоски фрли се на една карта, а исто така, влијаеја и грешки на голманот Гачевски. Вардар во моментите кога прими два гола имаше и играч повеќе, но сепак, тоа не успеа да ги смени настаните на теренот. Поради поразот, Вардар се сели во плеј-офот од Лигата на Европа, каде го чекаат уште два европски меча до пласман…

ПОВЕЌЕ ...

Голем шумски пожар беснее во атарот на општина Зрновци. Горат огромни површини на нискостеблеста шума со смрека, во месноста Трнавца меѓу Видовиште и Теранци. Огнеите јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена дабова и букова шума: За гасенење на пожарот кој од час во час земна се поголем замав, помош побарав и од републичкиот Центар за управување со кризи,од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Блаже Станков, градоначалник на о. Зрновци. Бидејќи се работи за непристапен терен…

ПОВЕЌЕ ...

Поради високите летни температури и несовесната и неконтролирана потрошувачка на вода од поедини домаќинства и покрај тоа што наплатата им се врши преку водомери, значително се намалени водните резерви во базените со вода за пиење. Поради овие, а и низа други причини Ј.П. Камена Река воведува рестриктивно трошење на водата за пиење по реони. Реон 1 На ден 01.08.2017 год. во периодот од 16:30 до 21:00 часот вода нема да имаат корисниците на водоводната линија од Сувата маала. Реон 2 На ден 02.08.2017 год. во периодот од 16:30 до 21:00 часот вода нема да имаат корисниците на водоводната линија од…

ПОВЕЌЕ ...

31. Јули 2017 (kamenica.mk) На 5-ти Август, ФК “Каменица САСА” ќе го одигра својот прв меѓународен натпревар, против екипата на ФК “Пирин” од Разлог, Бугарија. Ова ќе биде прв од неколкуте натпревари кои каменичани ќе ги играат надвор од границите во овој подготвителен период пред почетокот на новата сезона. Договорена се уште неколку меѓународни средби, една од нив е со ФК “Пирин” од Благоевград, останува само во текот на оваа недела, управата на клубовите и стручните штабови на екипите  да ги прецизираат датумите на средбите. Каменичани на гостувањето патуваат со цел да се претстават во најдобро светло, да го надиграат…

ПОВЕЌЕ ...

30 јули 2017 (kamenica.mk) Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе има вредност 9. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од  31 до 38 степени. Времето во Каменица ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени. Следува период на претежно…

ПОВЕЌЕ ...

Трагичен настан ги потресе вчера и денеска жителите на Кочани. Во куќата на улицата „Александар Македонски” број 5 во која живееле потстанари вчера еден од другите потстанари ги пронашол крвавите тела на скопјанецот С.Г. (42) и пробиштипјанката Јована П. (25). Полицијата се сомнева дека станува збор за убиство и самоубиство. Скопјанецот С.Г. најверојатно со истрел од автоматска пушка ја убил Јована, а потоа со истото оружје се убил. Увид направил дежурен јавен обвинител од кочанското ОЈО и екипа на крим техника од кочанската полиција. До безживотните тела се пронајдени и неколку испукани чаури од автоматската пушка „Црвена застава“. Истрагата ќе…

ПОВЕЌЕ ...

29. Јули 2017 Градски стадион во Македонска Каменица (kamenica.mk) Каменица САСА со 3:2 ја победи екипата на штипска Брегалница, претендент за висок пласман во новата сезона од Втората фудбалска лига. Гостите го отворија резултатот уште на почетокот од натпреварот, по што домашната екипа преку пенал успеа да се врати резултатски во игра. Егзекутор од 11 метри повторно беше редовниот стрелец во редовите на Саса, Зоран Златковски. Во текот на второто полувреме тренерите на двете екипи ги ротираа играчите на теренот и изменуваа тактиката во играта. Се извршија повеќе измени во редовите и на двете екипи. По неколку минути игра повторно во…

ПОВЕЌЕ ...