Author: Media Point

25. Јули 2017г. (kamenica.mk) ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: Поради недостаток на вода за пиење во текот на летниот период во одреден дел од денот, се замолуваат сите корисници на водоводната мрежа во градот, совесно и рационално да ја искористуваат водата за пиење и да не се троши беспотребно. Водата исклучиво да се користи за пиење и основни потреби за домаќинствата. Истата да не се користи за наводнување на зелени и градинарски површини во дворот, перење на автомобили,теписи и сл. Ј.П.,,Камена Река ” од денес започна да спроведува инкасаторско-комисиски контроли за начинот на потрошувачка на вода. Истите ќе патролираат…

ПОВЕЌЕ ...

25. Јули 2017г. Македонска Каменица (www.kamenica.mk) На фотографијата можете да ги видите двете куќи во кои била сместена полициската станица во село Калиманци од времето на првото и второто српско владение од минатиот век во нашиот крај. Полициска станица кога за голем број луѓе од нашиот крај, во тогашниот период била “Куќа на стравот”, позната по силните и тешки измачувања. Добар дел од нив, во неа и ги загубиле своите животи, од неа враќање немало. Многу од притворените и затворените, никогаш не се вратиле дома и не се дознала правата вистина за нивната смрт. Доколку имате некоја вистинска приказна или…

ПОВЕЌЕ ...

Кривична за двајца полицијци од Берово. На луди возачи им прогледувале низ прсти, утврдила внатрешна контрола на МВР. Во првиот случај, еден од пријавените, со радар извршил сообраќајна контрола на брзината со која се движел возач од  Делчево, кој управувал „БМВ 320“, при што е констатирано дека не место на кое е дозволено да се вози 40, тој возел со 74 км/час. Полицаецот, на делчевецот му прегледал низ прсти, па запишал дека делчевецот возел до 69 км/час, со што наместо 50 во возачката книшка му внел само 25 негативни поени. Исто така, до надлежниот суд не изготвил и не…

ПОВЕЌЕ ...

Настанот се случи синоќа околу 19 часот на градскиот базен во Велес. Причина за истиот е лежалка и чадори за користење во базенот. Скопјанец на возраст од 21 година најнапред бил удрен со шише во глава од страна на непознато лице , пренесува Канал5. Од ударот момчето се здобило со  расекотина на десното око. По ова настанала групна тепачка, поради што  интервенирала и полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на летото, луѓето спијат во просек два часа помалку отколку во другите сезони. А за возачите ненаспаноста е особено голем проблем, уште повеќе, кога сега е сезона на одмори, кога се патува најмногу. Соодветно, 5-6 часа спиење ги зголемуваат барем за 2 пати шансите за сообраќајна несреќа поради заспивање зад воланот. Истражување на Фондот за безбедност во сообраќајот при Американската асоцијација на автомобилските возачи докажува дека колку помалку спие еден возач, толку поголема е веројатноста тој да предизвика инцидент на патот. Експертите утврдиле дека со спиење од 4 часа, ризикот за несреќа се зголемува 11,5 пати. Истражување на…

ПОВЕЌЕ ...

На 24.Јули 1957г. после долго измачување и боледување починал Методи Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Методи Андонов-Ченто, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, исто така се именува и како прв официјален Претседател на Македонија. Методи Андонов – Ченто е роден во Прилеп, на 17 август 1902 година. Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него…

ПОВЕЌЕ ...

Тоа е првата песна испеана (главно) на шпански која се најде меѓу 100-те најпопуларни на Билборд, по „Макарена“ од 1996. Го зазеде првото место на топ-листите во 45 различни земји, од Австрија до Јапонија и Уругвај. Видеото кое не содржи ама баш ништо иновативно собра три милијарди гледања на Јутјуб. Неверојатно гледани се и видеа во кои луѓе играат на песната (како она со девојчето кое тоа го прави среде улица или во супермаркет, кое собра 69 милиони гледања). Најстриманата песна НА СИТЕ ВРЕМИЊА, прв пат објавена во јануари од Луис Фонси и Деди Јенки, „Деспасито“ („Бавно“ или по наше…

ПОВЕЌЕ ...

Сончево и многу топло, со мала до умерена локалне облачност и со умерен југозападен и јужен ветер. Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од од 14 до 22 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Македонска Каменица, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Teмпературата од 20 до 39 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Дали постои законска можност да се премине од инвалидска во редовна пензија по исполнување на соодветната возраст доколку е поповолно за пензионерот? Одговара Оливер Митев од Центарот за правни истражувања и анализи.

ПОВЕЌЕ ...

-Најверојатно поради, подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања,  нарушувањето, најнапред се случило помеѓу две помали групи по што набрзо на местото на настанот пристигнуваат униформирани полициски службеници кои, веднаш започнале со мерките за решавање на пријавениот настан. Во текот на преземањето на нивните активности, на местото пристигнале пет лица кои со себе носеле опасни орудија и за мошне кратко време нападнале едно лице кое во моментот бил на шанкот а кој, во претходното нарушување помогнал  за смирување на ситуацијата и ги делел учесниците, се вели во соопштението до СВР Охрид. Оттаму велат дека полициските службеници активно се обиделе да ги…

ПОВЕЌЕ ...