Author: Media Point

21. Јули 2017г. Македонска Каменица Важно известување за сите заинтересирани жители на Македонска Каменица спремни да учествуваат во потрагата по нашиот исчезнат сограѓанин Ацо Јовановски од село Саса: Време на тргнување е 07:00 часот. Зборно место за тргнување е Полициска станица во Македонска Каменица. Превоз, потребна храна (сендвич) и вода (1литар), има за секого обезбедено од страна на општинските служби. Секој со себе да понесе личен ранец и соодветна гардероба (облека и чевли) за движење во планински услови. Потрагата трае во текот на целиот утрешен ден, завршува во доцните попладневни часови. Одговорни лица за контакт: – Наташа 071 737 465…

ПОВЕЌЕ ...

Предлогот на неколку пратеници да се измени Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, предизвика реакции на социјалните мрежи. Сите ние, пушачи и непушачи влеговме во голема меѓусебна расправија на темата: дали во угостителските објекти треба да се пуши или не? Ова прашање не однесе во длабоки расправии нас граѓаните откако разбраа за предложените измени од група пратеници кои ќе направат олеснувања за угостителите во Законот за пушење. Предлогот, според нив, се прави поради влошувањето на економската состојба во земјата, како и поради драстично намалената посетеност на кафеаните, кафе баровите и диско-клубовите заради што сопствениците биле принудени да отпуштат…

ПОВЕЌЕ ...

Највкусните јадења во Скопје не се повеќе само во 7-ца, скопјани ја имаат и 57-ца од ЈСП. Погледнете го ова видео, во кое постар господин ја дегустира својата “делишес” сарма, на едно од задните седишта во градски автобус: https://www.youtube.com/watch?v=D8NV-95y3K0

ПОВЕЌЕ ...

21.Јули 2017г www.kamenica.mk Ако се усвојат измените на Предлог на законот за измени на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка тогаш во иднина наместо со сегашните 16 години, тинејџерите ќе мора да наполнат 17 за да можат да се стекнат со право за полагање. Притоа веќе нема да има потреба од одличен успех и примерено поведение. Досега тинејџерите требаа да имаат писмена согласност од психолог и педагог на училиштето, а ако училиштето нема еден од нив, тогаш потврда од класниот раководител заверена на нотар. Да има завршено најмалку основно обрзование, согласнос од двајцата родители заверена на…

ПОВЕЌЕ ...

Искршени стакла и слупано возило под патот, сведочат за синоќешната тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево – Граничен премин кај населбата Ѕвегорска Река. Билансот од сообраќајката, за среќа, книжи само телесни повреди кај две лица и материјална штета. Според информацијата на СВР Штип, несреќата се случила  петнаесет минути пред 22 часот, кога патничко возило волво, со тројца патници од кои  возач од Делчево и двајца од Скопје, се судриле во патничко возило ауди, кое било паркирано на патот со укличени трепкачи. Од ударот, возилото е поместено од патот, додека ПВМ волво е доста оштетено, а двајцата сопатници од Скопје,…

ПОВЕЌЕ ...

19.07.2017  Новиот моторен воз од кинеско производство што беше набавен пред околу две години, конечно пристигна во Кочани. Во вторникот попладне, според редовниот возен ред, влезе на железничката станица на пријатно изненадување и на патниците и на малубројните граѓани кои случајно се затекнаа овде. Без голема помпезност и најава, застана на перонот број 2, разубавувајќи ја глетката со својата белина прошарана со боите на македонското знаме. Во внатрешноста на возот сосема поинаква слика и атмосфера од вообичаената во досегашните железнички композиции. Климатизација, телевизиски екарани со известувања, чисти и пространи ходници и купеа, а не недостасува ниту простор за дополнителен багаж, како…

ПОВЕЌЕ ...

19. Јули 2017г Македонска Каменица Според сеуште непотврдени и неофицијални информации жител од село Саса кај Македонска Каменица, се води за исчезнато лице. Станува збор за лицето Ацо Јовановски, кој последен пат е забележан во недела (16. Јули) од кога му се губи секаков траг. Се молат граѓаните на Македонска Каменица и околните места кои имаат било каква информација поврзана со исчезнувањето на лицето Ацо Јовановски, да ги информираат полициските служби.  Полицијата во содејство со ТППЕ од Македонска Каменица и Ловното друштво МКаменица САСА се на терен и спроведуваат акција за пронаоѓање на лицето. Ова се неофицијални информации за настанот,…

ПОВЕЌЕ ...

Анкара, 18 јули 2017 (www.kamenica.mk) Турција денеска ја објави новата училишна програма, во која тероријата за еволуција на Чарлс Дарвин нема да се споменува се до универзитетското ниво на учениците. – Теоријата за еволуција е над нивото на учениците и не е директно поврзана со училишната програма, па затоа не е ниту дел од неа, изјави на прес-конференција турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз. Тој нагласи дека новата програма ќе стапи во сила од почетокот на училишната 2017-2018 година. Меѓутоа, претседателот на синдикатот на вработените во образованието смета дека таа измена претставува огромен чекор кон погрешен правец и обид…

ПОВЕЌЕ ...

12 јули 2017 www.kamenica.mk Несопирливо пропаѓа симболот на малешевската архитектура. Куќата родена во турско време и која е главен лик и на поштенска марка во земјава, позната низ Берово како Буклиска куќа, ја изеде забот на времето. Исправена сѐ уште над улицата, таа полека го губи кровот, прозорците и изгледа како со последните сили да се држи за гредите и каменот ставен во темелите, немо раскажувајќи ја нејзината приказна. Нема човек кој ќе помине низ оваа улица која се искачува од центарот на Берово и води до стариот манастир, а да не застане да ја погледне нејзината градба. Измалтарена со…

ПОВЕЌЕ ...

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случила на автопатот Велес – Скопје. Автомобил излетал од автопатот на неколку километри по првата патарина. Полициски екипи се на местото на несреќата. но засега нема информаци од МВР за овој случај.

ПОВЕЌЕ ...