Author: Media Point

Екстремно високите температури од почетокот на месецот резултираа со зголемување на пациентите со мозочни удари во Клиничката болница во Штип. Минатите две недели просечно по двајца со мозоќен удар се хоспитализираат на одделението за неврологија во болницата во Штип, вели д-р Елена Личкова, специјалист невролог. Досегашната фреквенција на пациенти со мозочен удар на невролошкото одделение е очакувано во овој период од годината, но лекарите апелираат граѓаните да ги избегнуваат сите опасности кои може да бидат причина за мозочен удар. Основна препорака е да не се изложуваат на директно сонце во најтоплиот период од денот. Старосната граница на жртвите на мозочен…

ПОВЕЌЕ ...

Еден бабун во јужниот дел на Замбија толку многу се заинтересирал за каблите во една електрана, поради што без струја остави 50.000 луѓе во регионот, јави Би-Би-Си. Имено, мајмунот предизвикал прекин на електричната енергија кога се качил над електраната и почнал да ги влече каблите. – Бабунот го преживеа силниот електричен удар, кој би убил човек, изјави портпаролот на електраната Хенри Капат, додавајќи дека во таква ситуација човек ако преживее би одговарал пред суд. Капат наведе дека една организација за заштита на животните го спасила мајмунот и тој моментно се опоравува од „сериозните повреди“. Електраната се наоѓа во замбискиот туристички…

ПОВЕЌЕ ...

СВР Скопје преку соопштение извести дека започна со реализација на посебен план за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на главниот град, и тоа преку засилени и интензивни сообраќајни контроли, со посебен фокус кон помладите категории возачи, како и возачите на моторцикли. Началникот на Одделението за превенција при СВР Скопје, Билјана Милевска, на вчерашната промоција на новите оперативни мерки изјави дека во последниот период се поголем е бројот на моторцикли кои се движат со голема брзина и притоа создаваат бучава, нарушување на јавниот ред и мир и неспокојство кај граѓаните.   Оваа појава е особено присутна во вечерните часови…

ПОВЕЌЕ ...

Сопствениците на кучето им рекле на новинарите дека на почетокот не им поверувале на своите очи, но потоа откриле дека ова е природна аномалија. Во Шкотска женка од расата златен ретривер родила необично кутре. За разлика од своите браќа и сестри, кутрето е во зелена боја, пишува „Сан“. Сопствениците на кучето им рекле на новинарите дека на почетокот не им поверувале на своите очи, но потоа откриле дека ова е природна аномалија. Светлата нијанса постепено ќе исчезне, така што наскоро кутрето нема да се разликува од својот вид. Можно е необичната нијанса да настанала од пигментот биливердин, кој се наоѓа…

ПОВЕЌЕ ...

Победникот на Вимблдон, Роџер Федерер бележи скок на најновата АТП ранг листа објавена денеска и од петтото се проби на третото место. Две места „падна“ Стан Вавринка, исто како и Милош Раониќ, додека во ТОП 10 влезе бугарскиот тенисер Григор Димитров.

ПОВЕЌЕ ...

Мајкрософт лансира нова апликација за паметни телефони која ја користи силата на вештачка интелигенција за да им помогне на слепите да го „видат“ светот околу себе. Фото: pixabay Апликацијата Seeing AI ги препознава предметите и им ги опишува на луѓето со оштетен вид. Доволно е да се инсталира апликацијата, да се вклучи камерата, а вештачката интелигенција ќе препознае што има на екранот и тоа ќе му го опише на корисникот. Истата може да препознае и луѓе и нивните чувства. Најдобро е тоа што за употреба на оваа апликација не е потребна врска со интернет. Истата е примарно направена за американски…

ПОВЕЌЕ ...

Вашата апликација е успешна. Ова е пораката што ја очекуваа над 100.000 фудбалски фанови од Македонија но и од цела Европа. Само 23.000 од нив имаа среќа. Тие своите карти ќе ги добијат по пошта на адресата која ја навеле во апликацијата, а УЕФА веќе им ги наплати од кредитните картички. Според објавениот правилник на европската куќа на фудбалот, на скопската арена ќе можат да влезат само оние чие што име е наведено во апликацијата. На вратите од арената ќе треба да покажат документ за идентификација. Доколку сте купиле карта, а не можете да го гледате натпреварот, вашиот билет нема…

ПОВЕЌЕ ...

Претпладнево времето во Македонија помина сончево со мала до умерена облачност. УМХР пак за попладневно најави нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно на југот и истокот од земјава, а процесите е можно да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер. Што се однесува до температурата, максимумот ќе стиге од 23 Целзиусови степени на крајниот запад на земјава, преку 28 во Охридско-струшкиот Регион, за каде исто така е прогнозирано невреме, до 33 степени во Демир Капија. Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2).…

ПОВЕЌЕ ...

Перуанските власти запленија 1.520 крастави жаби, кои требало да завршат во афродизијачки препарати и да бидат продадени на пазар во Лима, соопшти перуанскиот Национален центар за шуми и фауна (СЕРФОР). Краставите жаби во пластични вреќи се пронајдени во тајно преградие на автобусите во северен Перу и биле дехидрирани, но живи. „Тие биле подготвувани за продажба во Перу, а потоа требало да послужат како состојки во медицински цели и во подготовка на афродизијачки напиток“, изјави покраинскиот шеф на СЕРФОР. На пазарот продажбата на 1.510 крастави жаби би достигнала вкупна вредност од три илјади долари. Екстракти од жабите служат за изработка на…

ПОВЕЌЕ ...