Author: Media Point

Проблеми и болести го притиснаа народот. Лекови се трошат како никогаш. За само една година, жителите од Истокот, испиле два милиона кутии лекови, или по 13 кутии по човек, што е над републичкиот просек. Само за лекови кои се на товар на Фондот за здравство, лани се потрошени речиси четири милиони евра. Здравјето многу и нагло им попуштило на жителите во Кочани, Берово, Зрновци и Делчево, каде за напишани 69.000 рецепти, повеќе од лани. Пораст на потрошувачката на лекови , има речиси во сите општини од регионот, а граѓаните се едногласни во ставот, дека без лекови – нема живот: Пиеме…

ПОВЕЌЕ ...

Овие Пољаци им се силна конкуренција на лудите Руси. Погледнете го видеото и видете со каква тешка артилерија располагаат лудите полски адреналински зависници: https://m.youtube.com/watch?v=NRxdRULen6Y&time_continue=363 Извор: мотика

ПОВЕЌЕ ...

Извршено е неправилно и незаконско постапување на затворски полициски службеници и на службеници од одделот за отсек општ криминал врз двајца полицајци, информираше денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев. – Само во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на двајца претседатели на синдикални организации. Едниот случај е со претседателот на синдикалната организација на СВР Струмица, а вториот е со претседателот на независниот синдикат на затворската полиција на сите затвори на Рапублика Македонија, истакна Делчев. И во двата случаја според него извршен е мобинг врз полицајците од нивните надредени. Од НСП бараат од надлежните министерства да преземат мерки за неправилно и…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 24- годишниот А.В од село Конопница за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот закон. Според информациите на 02.овој месец, околу 01,30 часот, на ул. „Свети Јоаким Осоговски“, при интервенција на полициски службеници поради претходно нарушен јавен ред и мир, пријавениот физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со двете тупаници 4 пати во пределот на градите. Од очевидци дознаваме дека,причина за напад врз полицаецот била претходна расправија и тепачка меѓу млади од Крива Паланка. Ноќта на втори јули час…

ПОВЕЌЕ ...

Постојат и луѓе кои имаат грижа на совест дека нешто згрешиле. Овој човек решил да ја подмири сметката за следно полагање со цел да му се извини на момчето. Браво Новак. Бр

ПОВЕЌЕ ...

Првата група крави стигна како помош на Катар, односно за намалување на штетите од ембаргото што на таа арапска држава и го наметнаа соседите, соопштија катарските власти. Во пратката од Будимпешта имало 165 крави од расата холштајн, што е само прв дел од предвидените 4.000 грла кои Катар ќе ги увезе по воздушен пат, до август. Кравите стигнаа во товарен авион на „Катар ервејз“. За сите 4.000 грла ќе бидат потребни најмалку 60 летови. Стадото е сместено на фарма близу главниот град Доха, а кравите беа дочекани со голем интерес од медиумите. Катарците го доживуваат сево ова како пркос кон соседите, коментираат…

ПОВЕЌЕ ...

Даноците и војните не постоеле отсекогаш, имало и период кога луѓето живееле нормален и мирен живот. Некои научници сметаат дека во почетоците на Месопотамија постоел мирен живот без наметнување на владејачка елита. Ова се неколку моменти од историјата на кои научниците не им обрнуваат доволно внимание. Антички цивилизации напредувале без владејачка елита? Околу 2700 п.н.е. првиот меѓуградски државен спор се претворил во она што може да се нарече војна. Малку е познато, освен тоа дека Сумерите ги победиле Еламитите и тогаш работите тргнале по удолница. Саргон од Акад го убил постоечкиот крал, ја освоил власта и освоил повеќе од 20 успешни…

ПОВЕЌЕ ...

Лотаријата заврши, УЕФА ги подели влезниците за Суперкупот, па тргнаа и реакциите на социјалните мрежи, некои се радуваат, други се лути на изборот. Девојка на својот фејсбук профил напиша дека добила билет а не ни знае кои ќе играат. Со билети за Суперкупот се пофалија и многу други на кои ова ќе им биде и прво одење на фудбалски натпревар во животот. Фактот што голем дел од влезниците завршија кај луѓе што ќе одат само за да се пофалат дека биле и да направат селфи, предизвика реакции на социјалните мрежи.

ПОВЕЌЕ ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 15-годишно лице од Кочани за сторено кривично дело ,напад на службено лице при вршење работа на безбедноста, а заедно со В.М.(20), Ф.Ј.(30) и 14-годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело тешка кражба. Пријавените со употреба на тврд предмет извршиле тешка кражба во магацин на ГТД „Бетон“-Кочани, каде биле затекнати од страна на полициски службеници на полициската станица-Кочани, при што 15- годишниот малолетник од Кочани со секира замавнал кон полицискиот службеник, го удрил и соборил на земјата нанесувајќи му телесна повреда.

ПОВЕЌЕ ...

Над 41.000 работници кои имаат прекин во бенефицираниот стаж ќе можат да остварат право на пензија од идната година, ако ги исполнат новите критериуми за пензионирање што ги подготвува Министерството за труд и социјална политика. Како што појасни денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, новиот концепт предвивува дефинирање на возраст за пензионирање и процент на поминати години на работно место со бенeфициран стаж. Тоа значи дека, ако се дефинира овие работници да одат во пензија на возраст од 55 години ќе треба да имаат остварено и одреден процент (80 отсто) од работниот стаж поминат на работни места…

ПОВЕЌЕ ...