Author: Media Point

Стотина студенти од Македонија кои се пријавиле за работа во Германија си ги бараат назад парите од агенцијата за посредување при вработување бидејќи наводно се работи за измама. Тие утрово се собраа пред канцеларијата на агенцијата „Венера Кемаловски“ и ги бараат парите кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во Германија. Студентите требало да работат во бутиците „Зара“, рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и досега требало веќе да се заминати. Студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите. На дел од нив и им ги вратил, но голем дел останале без финансиите што ги…

ПОВЕЌЕ ...

Персоналот во дом за стари лица во норвешкиот град Ејдсволд признава дека кренал паника и повикал полиција кога на паркингот ја забележале „одалката“ на една своја 92-годишна штитеничка. Освен металното помагало, од бабата немало ни трага, ни глас. Се разбира, стравувале дека нешто лошо ѝ се случило, но набрзо дознале дека старицата всушност побегала во Стокхолм со својот помлад љубовник – 87-годишен Швеѓанец. Сега реакциите се поинакви. „Ова е трогателна љубовна приказна“, вели управничката Јанка Холстад. „Замислете да не можете да отидете на романтичен одмор само затоа што сте постари од 90 години. Госпоѓата не направи ништо незаконско, ама нé…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци. На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени. Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец кој ќе услови…

ПОВЕЌЕ ...

Ракометната федеарација на Македонија (РФМ) соопшти дека заедно со словенската федерација изразуваат подготвеност заедно дa конкурираат за организација на сениорските машки Европски првенства во 2022 и 2024 година. РФМ веќе официјално ја испрати својата кандидатура до ЕХФ, а тоа ќе се очекува да го направат и останатите земји кои ќе конкурираат за организација на овие првенства. Од почетокот на 2018 година, ЕХФ ќе почне да ги разгледува сите пристигнати кандидатури, а конечната одлука ќе ја даде на Годишниот конгрес во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година. Ракометната федерација на Македонија во последните години ужива огромна доверба…

ПОВЕЌЕ ...

Петровден е  еден од најголемите празници по Велигден, посветен на апостолите Петар и Павле. Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади. Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле. На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава…

ПОВЕЌЕ ...

Оваа традциионална средба на врвот Руен (2252) ќе биде подржана од Рудник Саса и Општина Македонска Каменица. Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“. По десетти пат се одржува ова асредба која е во организација на НВО Здравец 2002 од Македонска Каменица, Риен од Крива Паланка и туристичкото дружтво Осогово од Ќустендил, изјави Миран Митревски, НВО Здравец 2002. Врвот Руен кој е највисок врв во Источна Македонија и на Осоговските Планини со своите 2252 метри е место на обединување на околу 2000 планинари кои стигнуваат на врвот…

ПОВЕЌЕ ...

Во утринските часови на автопатот кај рафинеријата Окта, од страна на полициски службеници сопрено е патничко моторно возило Мерцедес С класа во кој биле пренесувани 12 мигранти, од кои 11 Пакистанци и еден Еѓипќанин. Четворица од нив биле во гепекот на автомобилот, а останатите во возилото, информираше новиот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски. Насилното сопирање на возилото траело околу еден час при што возачот на автомобил на патарината кај Велес ја скршил рампата. МВР во соработка со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција на неколку локации…

ПОВЕЌЕ ...

Да се потсетиме ние на вистинската партизанштина на која подзаборавивме од онаа блеферската која последниве години ни ги потече јајцата (ене ги, моментално се ухлебуваат по државни институции). Усташите не само што го убиле прочуениот револуционер Раде Кончар, не само што ја фрлиле од прозор неговата жена туку за да ја сотрат цела лоза, понудиле неверојатна награда и за нивното бебе. „На крај, ја поздравувам својата другарка и малото пролетерче, својот наследник кого, на жал, никогаш нема да го видам“. Вака го завршува своето последно писмо Раде Кончар, тогашен претседател на КП Хрватска кој ја претчуствува својата смрт после долги…

ПОВЕЌЕ ...

М-р Митко Даневски (1975) од Делчево ќе биде нов командант на Единицата за специјални задачи. Тој има богато работно искуство со долги години поминати во специјалните единици на МВР. Во октомври 2001 година се пријавува на конкурсот Биди Тигар, каде учествува на „Селективната обука – ПЕНУШ 2001“ за прием во Единицата за специјални задачи Тигар и со успех ја завршува. Прво вработување засновал во 2002 година, во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, на работно место полицаец во Единицата за специјални задачи во Одделот за полиција. Во 2004 година преминува на нова работна позиција – Лидер на тим во  истиот…

ПОВЕЌЕ ...