Author: Media Point

Огромен пожар во непосредна близина на село Истибања. Гори ниска шума од околните блиски ридови и дел од имотите во атарот на селото. Иако пожарот трае од пладневните часови на вчерашниот ден, па се до сега, истиот не е локализиран. Екипите се на терен, но заради непристапниот предел, гаснењето на пожарот е отежнато, скоро ѐ и невозможно на поедини делови. Сеуште се утврдуваат причините за настанувањето на пожарот како и штетите од истиот. Загрозените жители на селото ги чека долга и будна ноќ во борбата против огнената стихија. Фото: Драган Костовски Во текот на утрешниот ден ќе споделиме нови информации,…

ПОВЕЌЕ ...

 Најновиот тренд „океанска коса“ станува се попопуларен и ги освои жените. Фризерите ги користат сите бои на океанот, со цел да постигнат совршена комбинација од сини нијанси на косите од своите клиенти. „Океанската коса“ изгледа импресивно. Стилистите и експертите за коса користат различни тонови на сина боја – кобалтни, тиркизни, а понекогаш и зелена поради постигнување длабочина и димензии кои потсетуваат на морските бранови. Со такви разновидни бои, процесот на фарбање воопшто не е едноставен. Фризерот Британи Холанд од Калифорнија тврди дека процесот на фарбање трае околу четири часа. Според друга фризерка Касеи О’Хара од Роквил, најголемата предност на „океанската…

ПОВЕЌЕ ...

08. Јули 2017г |kamenica.mk Македонска Каменица Клубскиот ракомет како спорт е игра на која ние денес во Каменица, за жал само се сеќаваме. На фотографијата подолу се наоѓаат едни од најзвучните имиња кои го одбележаа повеќе децениското постоење на ракометот во Каменица. Легенди што оставија свој траг во спортот воопшто. Екипата на РК Цинкара во Македонска Каменица, постоеше во текот на 80-ите години. Составена од волонтери и вљубеници во ракометот, од легенди и основоположници на каменичкиот спортски дух и школо. Дали сите што се на фотографијата можеме да ги препознаеме? (се извинуваме за лошиот квалитет на фотографијата) Фото: Драги В’к…

ПОВЕЌЕ ...

На улица во Хамбург е збирштина од “анти сè”, внатре на безбедно и под клима е збирштина од “како да направиме пари од сè”. Темите и надвор и внатре се стандардни и веќе традиционални за овој настан. Разликата е што годинава баш на Хамбург му се падна да биде домаќин на сето ова. Протестите почнаа уште пред во Хамбург да стигнат првите луѓе на 20-те најголеми економии во светот, и упорно ќе траат до крајот на самитоо. Видеата се од луѓе на улица и по балкони. Од нивна гледна точка (дел од) протестите изгледаат вака:

ПОВЕЌЕ ...

07.07.2017  Случај на семејно насилство регистрирала охридската полицијата, во кој малолетен син од Кочанско го претепал својот татко. Од увидот што го направиле полициските службеници е констатирано дека има доволно основи за да биде поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда. Според информациите од СВР инцидентот се случил минатиот месец во стан во Охрид каде пријавеното лице заедно со својот родител имало привремен престој. Од полицијата велат дека 15-годишниот малолетник од кочанската населба Оризари, на 9 јуни годинава околу 19,50часот започнал вербална расправија со татка си. Во еден момент тој му се нафрлил и започнал да го удира со цврст предмет.…

ПОВЕЌЕ ...

Доколку планирате патување во странство со автомобил, нема да ви бидат доволни пасошите и финансиските средства со резервациите. За тоа ќе ви бидат потребни повеќе документи, опрема и дозволи, во зависност од земјата. Кога станува збор за балканските земји и за другите популарни дестинации за Македонците, речиси секаде важат генералните правила: забранета употреба на мобилен телефон при возење, минимално дозволено количество алкохол и соодветна опрема за возилото, стои на официјалната страница на АМСМ. Доколку се патува со дете, имајте предвид дека во повеќето земји е потребно детско седиште за мали деца. Потоа, за македонските државјани што патуваат во странство се потребни…

ПОВЕЌЕ ...

https://m.youtube.com/watch?v=p0-fm8cNIJA&sns=fb Мотел ресторан „Парк Панорама“ се наоѓа на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица (на 7км од Делчево). Овде можете да уживате во вкусната храна, неверојатниот амбиент, прекрасната музика и живописната природа. „Парк Панорама“ е место за сите генерации, а за забавите од секое неделно попладне се задолжени “Респекти Бенд”. Телефон за резервации: 071 940 302. Проверете! Посетете го „Парк Панорама“ и бидете дел од прекрасните забави во текот на целиот летен период!

ПОВЕЌЕ ...

Срушена куќичката во детскиот парк во населбата Ново Делчево. Несовесни, играчката за децата, ја искористиле за забава во ноќните часови. Ова е мала штета, но е една од многуте кои во континуитет се прават во паркот и детското игралиште кое е единствено од ваков тип во Делчево. Редовно овде страдаат дрвцата, се вадат чешмите, се уништиваат клупите, а на сето ова дивеење, сведоци се жителите од населбата на чие конто се книжат долги непроспиени ноќи: Овде се собирата деца над 15 години, викаат цела ноќ, досадуваат и кршат, реагираат овдешни. Жителите од оваа населба за овој проблем спас барале и…

ПОВЕЌЕ ...