Author: Media Point

Некој заглавил со колата у еден канал покрај меѓуселски пат и ојдел у блиското село да тражи помош. Нафанал се еден од селаните со коно да му истегли колата. Одат там дека била заглавена колата, врзуваа ја за коно и тај од селото почнал да вика по него: – Дииии, Сифчо, дииии! Коно не мрда. – Дииии, Чрнчо…диииии! Коно стои на место и ни да чуе да повлече. – Дииии, Белчо, диииии! Коно одново не мрда. – Дииии, Дорчо, диииии! Ајдеееее… И коно како без мака измакнал колата од канафката. Тај шоферо, гледа и се чуди, зашо тека… Погледал тека…

ПОВЕЌЕ ...

Во кој правец треба да биде насочен туризмот во источниот регион, кои се локалните и регионалните туристички потенцијали кои се интересни за домашните и странските туристи. Проектот„Локална и регионална конкурентност“ финансиран од Европската Унија, администриран од Светската банка и имплементиран од владата на Република Македонија нуди развојни насоки на регионалниот туризам со доделување грантови во вкупна вредност од 23 милиони евра за развој на туризмот во Македонија, со цел истиот да стане сериозен фактор во развојот на економијата во целост. Денес на работилница во Штип беа презентирани специфичните развојни планови од страна на консултант на Светска банка, плановите се изготвени…

ПОВЕЌЕ ...

Австралиското Биро за статистика денеска ги објави првите податоци во врска со пописот спроведен во 2016 година. Врз основа на овие податоци, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, споредено со пописот од 2011 година кога овој број изнесувал 93.570. На прашањето за јазикот што го зборуваат дома, на пописот во Австралија во 2016 година 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик. Според податоците од 2011 година 68.849 лица во Австралија одговориле дека го зборуваат македонскиот јазик дома. Прочитајте повеќе: За сите кои имаат Бугарски пасоши: Ќе треба да ги смените! На пописот во 2016 година 38.985 лица одговориле…

ПОВЕЌЕ ...

Секој јавен празник, т.е. државен празник е одреден со закон од некоја држава. Државните праници обично се наработни, но платени денови. Единствен исклучок претставува Велика Британија во која не постојат неработни платени денови, дури ниту кога се во прашање државни празници, но тоа им е надокнадено на друг начин. Британците годишно имаат 28 дена одмор. Сајтот Јакуб Мариан објави мапа со бројот на државни празници во секоја европска земја. Треба да се има предвид дека бројот на неработни денови варира во завиност од тоа на кој ден се паѓа празникот, дали е во прашање викенд или работен ден. Исто така…

ПОВЕЌЕ ...

Во екот на сезоната на берба на вишните во регионот Пијанец, каде што тие се застапени на површина од 300 хектари, има голем недостиг на сезонски работници. Славчко Гоцевски, кој има насади на 15 хектари со вишна, истакнува дека проблемот со сезонските работници се провлекува секоја година. – Годинава намален е и родот поради мразот и градот од пред неколку дена, така што и ефективната заработувачка на работникот ќе биде намалена, односно работниците ќе ги плаќаме по набрана гајба со вишни, а кога нема род и заработувачката ќе биде помала. Проблемот го решив со зголемување на цената така што плаќав…

ПОВЕЌЕ ...

Локалните исцелители, жените кои ги познавале извонредните сили на билките, мистериозните песни. Карактеристични за областа Подлачија, овие жени биле нарекувани вештерки или септуча. Септучите се како артефакти на античка мудрост, врз основа на фолклорните верувања. Сепак, луѓето сé уште веруваат во нивните моќи. Кои се тие? Некои од нив тврдат дека духот на Св Богородица се појавил пред нив и споделил некои мистериозни тајни. Повеќето од нив се жени, но понекогаш и мажите го следат овој пат. Тие обично живеат далеку од големите градови, останувајќи почесто во малите села „на крајот на светот“. Ако сакате да се сретнете со szeptucha…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија. Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки. Инспекциските надзори  се извршени  во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности.

ПОВЕЌЕ ...

03 ЈУЛИ (21:33) Вечерва во Охрид и околината се почуствуван три нови земјотреси. Земјотресот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала беше почуствуван во 20 часот и 28 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет степени според Европската Макросеизмичка Скала. Претходно земјотрес со јачина од 3,9 според Рихтер беше регистриран и во 20:03 часот. И овој земјотрес бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет-шест степени според Европската макросеизмичка скала. Во 18:14 часот бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени…

ПОВЕЌЕ ...

Кочани, 3 јули 2017 Музичките настани ќе бидат во фокусот на 11. издание на манифестацијата „Петровденски конаци“ што под мотото „Музичко будење на градот“, ја организира Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа. Како што соопшти директорката на „Бели мугри“, Кристина Атанасова Арсова, концерти ќе одржи одличната и оригинална група во своите настапи каменичката “4и21” бенд. Нивниот последен настап беше токму пред каменичката публика у тоа како пред група на одличните Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд. Бендот функционира и работи во Скопје, но пола од нив доаѓаат од Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...