Author: Media Point

Американските универзитетски кампови до толку се станати легла на напнати политички коректни младинци што некои стенд-ап комичари престанаа да настапуваат во нив за да не мора со новите комсомолци за секоја заебанција или виц да се објаснуваат дали е хејтспич, дискриминација или расизам. Сега имаат и апликација за давање согласност за интимни односи. Стискаш на копче и му даваш на знаење на црепот дека може да те фати за цицка. Саси е една од таквите апликација која добива на популарност а служи за давање позитивна согласност за стапување во интимни односи со некого. Резултат е на една атмосфера настаната по…

ПОВЕЌЕ ...

јули 2017 На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време заради избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот (Извор: СДК.МК) Државниот инспекторат за труд во текот на викендот работи со дежурни екипи од 30 инспектори, заради контрола на обврската за почитување на препораките за заштита на работниците за време на топлотниот бран во земјава. Прекршувања на препораките може да се пријават на 075/402-856, кај Слаѓана Андоновска, соопшти Министерството за труд и социјална политика. На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време заради избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата во Естонија го знае одговорот. На дојава дека на автопатот се движи Опел Омега Б чии возач е по дејство на алкохол, полицајците го блокирале автопатот. Наредниот чекор бил „екстремен“. Под гумите на Омегата полицајците фрлија трака со шилци! Акцијата била успешна: Автомобил со пробушени гуми е застанат, а возачот уапсен. Подоцна било утврдено дека бил под дејство на канабис.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 02. Јули 2017г. | www.kamenica.mk ФК “ЈУГОТУТУН” – с.Тодоровци е една од посилните екипи во тогашната лига на територијата во Каменица. За славниот тим од Тодоровци се врзани повеќе легенди и анегдоти од целиот период на своето постоење во ’70-те и ’80-те. Повозрасните генерации се сеќаваат на сите екипи што ја сочинуваа тогашната Каменичка лига и со посебна радост зборуваат за тоа племенито време. Можеби во некоја од вашите витрини некаде стојат уште фотографии од тоа време, или пак стои во вас некоја не кажана анегдота или случка од тоа време.Испратете ни ги истите на наша адреса на…

ПОВЕЌЕ ...

01 јули 2017 | kamenica.mk Група научници од Канада изработија досега најголема студија во светот за ефектите од недостиг на сон врз мозокот. Тим од Универзитетот „Вестерн“ во Онтарио бараша од доброволци ширум светот да се пријават на олајн когнитивен тест, врз чија основа се гледа влијанието од недостигот на сон врз помнењето и на способноста за концентрација. – Изгледа едноставно, но ви ја покренува сивата маса. Мора да ги спојувате зборовите со бои иако зборот сина стои во црвената боја и сл. Потоа оди кон покомплексна вежба, изјави медицинскиот работник Хоман Гањави кој учествува во студијата. Првата група го…

ПОВЕЌЕ ...

01 јули 2017 | kamenica.mk   Крштевањето е една од Светите тајни на Црквата. Христијанското крштевање води потекло од Исусовото крштење од страна на Јован Крстител. Теолозите велат дека оваа Света тајна била востановена од Господ Исус Христос. Евангелието зборува дека Спасителот по воскресенувањето им се јавува на неговите ученици-апостоли. За време на едно такво јавување тој им рекол: Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, учејќи ги да го почитуваат тоа што сум го заповедал. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават како кандидати за обред на крштевање…

ПОВЕЌЕ ...

Автобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина. Повредени во пожарот нема, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија. Според српските медиуми, пожарникарите го изгаснале пожарот кој го оквалификувале како самозапалување, а сообраќајот на овој дел од автопатот е нормализиран. Автобусот се запалил изутрината на правецот кон Ниш, кај надвозникот за селото Кончарево и целосно изгорел.

ПОВЕЌЕ ...

Жител на скопската населба Бутел 1 попладнево околу 12 часот во својот домги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот.  Веднаш потоа 84-годишниот скопјанец се самоубил. Полицијата го потврди инцидентот. Се случил на улицата Хо Ши Мин во близина на општина Бутел. Застреланиот внук 32-годишниот Т.С. им подлегнал на повредите на лице место, а сопругата на убиецот и нивната 58-годишна ќерка во сериозна состојба и во животна опасност се префрлени на Ургентниот центар. Во тек е увид на местото на убиството.

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на вчерашниот ден за исчезнати биле пријавени една малолетничка од Кочани, како и две жени од Виница. К.Н. од Кочани пријавила дека на 29. јуни во 1 часот, од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16-годишна ќерка. Во полициската станица во Виница, А.И. пријавил дека на 28. јуни во 1 часот, од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.И, додека во полициската станица исто така било пријавено дека вчера со неговото возило во непознат правец се оддалечила неговата соруга Ј.Д. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

ПОВЕЌЕ ...

Почна да попушта старата куќа на четиричленото семејство Бачовски од Берово. Неодамна се срушил едниот ѕид, куќата распукала на сите страни, а  50-годишната Данка која од лани е вдовица и живее со 900 денари социјална помош месечно, не може да издвои средства за да го сопре рушењето на  куќата. Пензија не можев да земам, мажот ми немаше стаж, а јас имам стаж ама немам години за пензија. Живеам со двете ќерки и внуката од 13 години. Немам друг излез не сме вработени ниту еден од фамилијата. Ми треба помош и ги замолувам сите кои можат да ми помогнат, рече низ…

ПОВЕЌЕ ...