Author: Media Point

Како што истакна вд директорот на ЈУМЦСР Делчево, Николчо Захариевски, вкупниот износ средства кои се исплаќаат за третородено дете изнесува 8.694.269. Посочи дека износот на средства за исплата месечно е 8.364 денари, а за годинава се исплатени до 8.694269 денари. – За да се оствари правото на паричен надоместок за трето дете треба да се исполнат одредени услови: мајката да е државјанин на Република Македонија и да не живее и да не работи во странство, да достави доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа од социјална заштита, згрижувачко семејсво или не се дадени на…

ПОВЕЌЕ ...

 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано изутрината на локалниот пат кон кочанското село Прибачево, во близина на месноста Пруга. Се работи за 76-годишен велосипедист од Кочани кој бил удрен од патничко моторно возило, а од полицијата потврдија дека по здобиените повреди од ударот, велосипедистот починал на лице место.„Околу 6.40 часот на локалниот пат селот Прбичаево село Оризари се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од  76-годишен возач од Кочани и патничко моторно возило пежо 406 управуван од 52-годишен возач од Прибачево. Во незгодата животот го загубил 76-годишниот велосипедист“, рече Гордана…

ПОВЕЌЕ ...

Голема свадба по сите старински свадбарски обичаи на 11-та Пијанечко –малешевска свадба ќе прават  Љупчо Петровски од Делчево и Тања Димитровска од Симитли. УО на КУД Гоце Делчев одлучил од петте пристигнати апликации годинава по сите старински нишани својата љубов да ја крунисаат Љупчо и Тања. Ние пред да ја донесиме одлуката со сите направивме интервју, но пресудно беше тоа што невестата е од Симитли, а Делчево е збратимено со Симитли, изјави Зенил Реџепов, КУД „Гоце Делчев“. Љупчо Петровски е познат тренер на ЖКК „Клубски –Патриот“ кој во 2013 година го освои и Купот на Македонија, а Тања е студентка.За…

ПОВЕЌЕ ...

13 луѓе, шверцери на дрога се осудени на смрт во Кина на јавен судски процес кој се водел пред 10.000 луѓе. Некои од нив се егзекутирани без никакво задржување. Процесот е спроведен во градот Шинвеи во јужната кинеска провинција Гуандонг на 24 јуни годинава. Извор: СтарТВ – Штип Осуммина од осудените на смрт се егзекутирани веднаш, но не пред насобраната толпа луѓе. Вкупно биле фатени 18 лица, но петмина се помилувани додека за 13 казната била смрт. Осумината итно биле качени во комби и однесени на извршување на смртната казна. Video Player

ПОВЕЌЕ ...

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, што неколку часа беше блокиран од навивачи на спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив, кои претходно на бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија. На пат кон Куманово се пресретнати од полицијата, но одбиле да бидат приведени и го блокирале патот. Според податоците од Министерство за внатрешни работи, изутрината околу три часот автобус со бугарски регистрарски ознаки кој сообраќал на магистралниот пат А2, Крива Паланка- Куманово, запрел на бензинска пумпа „Макпетрол“ на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, Република Бугарија,…

ПОВЕЌЕ ...

Согласно Законот за работни односи работникот може да склучи договор за вработување со полно и неполно работно време. Работниците кои склучиле договор за вработување со полно работно време не смеат да работат подолго од 40 часа неделно, а не помалку од 36 часа, но во одредни случани во некои професии, како полно работно време може да се смета и работно време под 36 часа неделно. За работните места кај кои постои поголема опасност од повреди или здравствени оштетувања, со колективен договор на ниво на работодавач, полното работно време може да трае помалку од 36 часа неделно. На работникот кој работи на особено тешки,…

ПОВЕЌЕ ...

69-годишник од Кочани е во болница, откако во неговото комбе удрил воз. Несреќата се случила синоќа околу 19.00 часот на преминот кај селото Соколарци. За среќа, возачот е само со телесни повреди кои не се опасни по живот, а двајца од тројцата сопатници на возраст од 16-18 години поминале со лесни повреди, додека третиот воопшто не е повреден. Поради увидот на полицијата, железничкиот сообраќај, Скопје – Кочани, неколку часа беше во прекин. Сообраќајката од синоќа, уште еднаш потсети на ризичност на железничкиот сообраќај во регионот, на релација Скопје –  Кочани: Возовите од Скопје до Кочани дневно се животно опасни на…

ПОВЕЌЕ ...

Компанија Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот.  Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 65 подружници. Подетални информации можете да видите на следниов линк: http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/operateri-na-uplatni-mesta—makedonska-kamenica/49323 За работа на територија на град Македонска Каменица, потребни ни се: ОПЕРАТЕРИ НА УПЛАТНИ МЕСТА Основни должности: Прием на уплатa…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на секој возач кој поседува возачка дозвола, на негово барање му се издава и меѓународна возачка дозвола. Како што соопшти МВР, согласно член 315, став еден и шест од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РМ бр.169/15), што почнуваат да се применуваат од задутре (30.06), на возачот на кој му е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана. Согласно Правилникот објавен во Сл. Весник на РМ бр.80/16 во…

ПОВЕЌЕ ...

27 јуни 2017 – 17:28 Стотина вакви вакцини се обезбедени и во Македонија, но се чека да станат дел од клиничка студија, оти само така безбедноста на пациентите ќе биде под контрола. Постојат точно одредени протоколи по кои мораат да се приддржуваат лекарите, односно протоколи кои даваат насоки за тоа кој пациент има оправданост за примена на оваа вакцина. Кубанската вакција CimaVax која го лекува ракот на белите дробови се повеќе станува актуелна во светот, особено по нејзината употреба кај бројни пациенти каде покажала одлични резултати. Во мал број на случаи задоцнета била употребата или пак се појавиле одредени нуспојави. Според…

ПОВЕЌЕ ...