Author: Media Point
Следен пат кога ќе гледате отварање на олимписки игри, внимателно следете ги знамињата што ги носат при претставувањето на националните тимови. Секогаш го носи еден спортист, кој оди на чело на групата. Кога делегацијата поминува низ делот каде што на трибините седи државниот врв на земјата домаќин, речиси сите земји благо ги наведнуваат знамињата, во знак на поздрав и почит кон нацијата домаќин. Не и Американците. Да не го навалуваат знамето е нивна стара традиција и воспоставена пракса (со прекини) уште од Олимписките игри во Лондон во 1908. Не се работи за непочитување на домаќините, туку за почит кон својот државен симбол, нешто…
Познатата блогерка Кариса Ансел има напишано одлична статија за тоа како е најдобро да се одгледа ќерка. Статијата доби многу внимание и беше многу споделувана, па затоа ние денес ја споделуваме со вас со цел да ја споделиме нејзината мудрост и знаење. Еве што вели таа: „Тешко е да се воспитуваат ќерки. Генерално е тешко да се воспитуваат сите деца, но јас имам ќерки, па затоа и зборувам за воспитување ќерки. Мојата ќерка има осум години и веќе некое време ја воспитувам и подготвувам за нејзините тинејџерски години. Ова може да биде супер затоа што родители сакаме да ги заштитиме…
Се бараат ДОСТАВУВАЧИ за реон Делчево Квалификации: Минимум средно образование Солидно познавање на градот и околните места Искуство со теренска работа Возачка дозвола Б категорија Пријавување на овој линк: http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/dostavuvachi—delchevo/49082
Германија испечати серија банкноти со вредност од 0 евра. Согласност за тоа дала Европската централна банка, а банкнотите ќе се продаваат како сувенири. Со самото тоа што има вредност од 0 евра банкнотата нема никаква вредност и не може да се користи во трговијата. Сепак, банкнотите се испечатени на истата хартија како и сите регуларни и се применети систе заштитни мерки, вклучувајќи и холограми и водени жигови. Вкупно се направени 5.000 банкноти, а на нив е прикажан едреникот на германската мронарица Gorh Fok 2 од 1958 година. Банкнотите веќе може да се купат и ќе чинат 2,5 евра.
Во делови од Македонија, Црна Гора, Босна и Србија беснее страшно невреме кое може слободно да се каже дека е опасно по животот на граѓаните. Ова невреме е проследено со интензивни пороејни врнежи од дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и град па затоа граѓаните се предупредуваат доколку се во можност да не излегуваат од своите домови затоа што бурата е навистина страшна. Инаку оваа ситуација е поради тоа што Атмосферата над Балканот е многу загреана и исполнета со енергија а од север продира постуден воздух на висина па поради тоа доаѓа до вакви страшни олујни системи.
Во јавноста протетоа шокантни снимки од севернокорејските затвори во кои затворениците по мачењето неретко ги признаваат злочините кои не ги сториле. На снимката од 2012 година, објавена на доменот news.com се гледа претепување на жена која е обвинета за секс со мажи од Кина и Јужна Кореја, но и мачење на уште еден маж. Снимката протече само неколку дена по смрта на американскиот студент Ота Вармбра. Тој почина откако е ослободен од севернокорејскиот затвор во состојба на кома. Лекарите во Вирџинија потврдиле дека Варбир претрпел сериозни повреди на мозокот и се сомневаат дека настанел како последица на кардиопулмонален застој кој…
Од неодамна, во Република Македонија започна да функционира агенцијата ВестКоннект која нуди вработување на македонски државјани во земјите од Европската Унија. Во периодот што следува, агенцијата ВестКоннект ќе објави голем број на огласи за вработување на македонци со македонски или европски пасош, а тие огласи ќе можете да ги најдете ексклузивно и брзо – веднаш штом ќе се објаваат – на страната www.vrabotuvanje.com.mk. Она што ја прави оваа Агенција супериорна во однос на останатите посредувачи е тоа што таа нуди голема можност за вработување на македонците како со македонски пасош, така и со европски пасош. Дополнително, вработувањето преку оваа Агенција…
Деновиве Струмица беше домаќин на тридневниот „Арсенал камп“ на кој учествуваа талентирани млади фудбалери од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. Имињата на нашите млади фудбалски надежи се најдоа на списокот на таленти кои беа дел од фудбалското доживување кое нуди пред се дружење, надигрување со врсниците, а секако и искуство и шанса за докажување и успех во меѓународни рамки. Скаутот на клубот од Лондон, Лакис Папајоану со внимание го следеше годинешното издание на кампот, а дел од неговиот интерес беа и имињата на младите надежи од Македонска Каменица 1. Мики Георѓиевски 2. Мартин Пауновски 3. Леонид Стоиловски 4. Матеј…
Автобус на една македонска туристичка агенција претпладнево се запали во Грција на пат кон Халкидики, при што нема повредени патници, пренесе МИА. Патниците за среќа безбедно го напуштиле авотбусот пред целосно да изгори, објавија грчките медиуми, а пожарот го гаснеле 15 пожарникари со пет противпожарни возила. Засега не е позната причината зошто настанал пожарот.
Скопјанка околу 03.30 часот во Единицата за известување и командување пријавила дека синоќа околу 22 часот противправно била лишена од слобода од непознато лице. МВР информира дека во наведеното време М.С. (41) била во дневната соба и забележала непознато лице како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, непознатото лице ја фатило за коса, насилно ја одвлечкало и ја внело во патничко возило и се упатило над манастирот „Св. Еремија“ во населба Пинтија. Кога застанале лицето со некого почнало да се допишува на мобилен телефон, М.С. успеала да ги отклучи вратите од возилото и да избега. Се преземаат…
