Author: Media Point
22 јуни 2017 Според Светската здравствена оргазнизација, за алкохоличар се смета она лице кое прекумерно употребува пијалаци, односно она лице кое е зависно од алкохол. Зависноста се карактеризира со пореметување на физичкото и психичкото здравје, пореметени односи со околината, економски тешкотии и друго.- Долгогодишната злоупотреба на алкохолот води до низа промени односно бројни нарушувања на сите психички функции: се намалува концентрацијата, како и помнењето, потоа, мислењето е отежнато и забавено, се намалува интелектуалната ефикасност. Карактеристични се емоционалните промени. Често се присутни напнатост, страв, равнодушност, раздразливост или незаинтересираност. Волјата и нагоните исто така се смалуваат, вели д-р Кристина Василевска. Алкохолизмот…
НК КР Виница поднесе против З.А. (41) од с.Јакимово и М.К. (50) од с.Ангелци, Општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехрамбени и други продукти“. З.А., од градската депонија на Виница, со која што стопанисува Јавно Претпријатие за комунални услуги ,,Солидарност“ од Виница, собирал исфрлени прехрамбени продукти, а потоа ги преработувал и произведувал чоколадни пити за продажба. М.К., на 28. март годинава од З.А. купил 13 пити црно чоколадо, завиткано во најлонска фолија со вкупна тежина од 231.03 килограми, четири вреќи со рефус бискоти со натпис ,,Винчини“ со вкупна тежина…
За година и пол 260 жители на Истокот побарале бесплатна правна помош. Најмногу граѓаните бараат правни совети од областа на социјалната заштита, социјалното, пензиското осигурување, имотните односи, прашања за деца и жртви на семејно насилство, под нив се работните односи и најмалку застапени се заштита на жртви на казнени дела, изјави Благица Кирова, правник во НВО Ехо. Бројката од 260 баратели на бесплатна правна помош е резултат на ниската информираност и слабите познавања на граѓаните на можностите кои ги нуди системот. Истражувањето кое што го спроведовме покажува дека лицата што се обратиле кај нас за помош се задоволни од услугите,…
Македонија за ден-два, веројатно, ќе го добие својот најскап фудбалер и спортист воошто во својата историја. А тоа е Илија Несторовски, нашиот репрезнетативен шпиц и „бомбардер“ на тимот од Сицилија, за кого Фиорентина е подготвена да му плати на Палермо сума од цели 8.000.000 евра, пренесува Македонски спорт. Пред Пандев, Панчев… Ако се остварат овие најави, а се на добар пат да се остварат, тогаш Илија Несторовски ќе се најде на листата пред Горан Пандев и пред Дарко Панчев. Да потсетиме дека кога премина Пандев од Интер во Наполи, наполитанците исплатија сума од цели 7 милиони евра за обесштетување. Додека…
Во пресрет на ждрепката за групите на Европското Првенство во Хрватска, поранешниот македонски селектор за хрватските медиуми откри која е единствената репрезентација, против која не сака да го игра во прелиминирната фаза. „Стариот лисец“ пред три месеци го напушти македонскиот национален тим и се врати во својата татковина, за да ги предводи „коскестите“ до европското злато, единственото што им недостига во богатата колекција. „Не се заморувам премногу со ждрепката. Ќе биде така како што ќе биде, сеедно е. Ако сакаме да одиме до крајот, да земеме медал, а ние сакаме, мораме да ги победиме сите противници, на стартот или на…
За една недела шест текстилни работници, пријавиле неправилности на интернет. Пријавите се однесуваат на кршење на основните работнички права, а шанса за пријава им даде Здружението Гласно, преку специјализираната веб страница zdruzenie.glasno.press. Апликацијата е активна веќе една недела. Досега имаме шест пријави, кои што се однесуваат најчесто на прекинување на договорите на определено, за користењето на годишниот одмор, за боледувања и прекинати договори во текот на нив, и слични прашања кои што ги поставуваат до нас самите работници, изјави Горан Трајков, претс. на здруж. „Гласно“. Правната служба на здружението веднаш почнала и со обработка на пријавите и проценка дали има…
Демнат нови пожари, а силите одговорни за гаснење во Делчево и Македонска Каменица уште се заглавени во старите проблеми. Па, шумските пожари се гасат со натчовечки напори во услови кога има стара механизација или воопшто ја нема. Ова е предочено на состанокот на надлежните институции одговорни за превенција и заштита од пожари на територијата на Делчево и М. Каменица. Немањето соодветни возила кои долги години ги бараме, тоа с епомали возила кои носат по 1-2 тона вода, адаптирани возила, можат побрзо да се движат, можат д авлезат во понепристапни терени со цел навремено да се дејствува, изјави Кире Цоневски, Општина…
22.Јуни.2017 Македонска Каменица | kamenica.mk Градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона ќе започне со работа од 24.Јуни.2017г (Сабота). Базенот ќе биде отворен секој ден и ќе работи од 10:00ч. па се до 18:00ч. Влезниците ќе бидат со иста цена како и минатата година и ќе чинат минимални 30 денари. За разлика од минатиите сезони, оваа година базенот е со комплетно преуредени и реновирани тушеви и санитарни јазли, како и целосно реновиран дел за пресоблекување и гардеробери за капачите. Градскиот базен во текот на целата летна сезона им стои на располагање како на жителите на Македонска Каменица така и…
Наместо да се адаптира за настап во квалификациите на Вимблдон, Лина Ѓорческа се соочува со сериозна административна пречка. Имено, најдобрата македонска тенисерка, нема добиено виза за патување во Англија, а процедурата дополнително ја компликува фактот што нејзиниот пасош е заглавен во Варшава и покрај уредното барање за итна постапка. Пропаѓаат и авионските билети кои се резервирани за утре, а неизвесно останува не само нејзиното заминување туку и времето за прилагодување на тревната подлога на Грен Слем турнирот во Лондон. Извор: 24Вести
Кочанска математика. За позајмени 1.000 денари, 24-годишник со иницијали Д.Г., барал да му вратат 100 евра и тоа во рок од 10 дена откако парите ги дал на заем. Начекал лекомислен или човек во голем зор, па пред да му ги дадат парите, се согласил и за бараната камата. Мислењето го сменил кога дошло време парите да ги врати. Тогаш сфатил дека бараната камата е несразмерно голема , но не наишол на разбирање кај позајмувачот, кој за секоија недела доцнење, му пресметувал по нови 50 евра камата. На крај, кочанецот за долг од 1.000 денари, вратил 250 евра, но случајот…
