Author: Media Point

21 јуни 2017 Треперат жиците на гитарата. Се разлеваат акордите. Прво необликувани, срамежливи, па повторени, почисти, многу појасни. И пак отпочеток. Дали „почнува да плаче гитарата“ или ќе навасаат веселите акорди, ќе чуе секој посетител овие денови во Спомен куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево. Овие три дена (од вторник до чеврток) се одржува школата за гитара во чест на Тоше и на сите млади кои сакаат да ја научат гитарата, да го спознаат волшебниот звук кој таа го испушта. Трета година се одржува школата (првата година со Влатко Стефановски, а лани беше школа за хармоника со Горан…

ПОВЕЌЕ ...

Холандскиот дизајнер Вутер Кордувенер (Wouter Corduwener), кој работи во музејот на отворено Zaanse Schans, се сретнува со Зоран Радически – тетовчанец од Македонија. Испаѓа дека и двајцата се полиглоти, па почнуваат да си прават муабет ем на 15 заеднички јазици, ем и на одредени дијалекти од тие јазици. После тоа нашиов му вади уште 6 други кои Холанѓанецот не ги зборува: албански, хрватски, нормално и македонски, грчки, српски и бугарски. Ние не знаеме 21 јазик, па не можеме да кажеме дали познавањето им е одлично или многу добро. Во коментари, нормално, има и такви што мрчат. Ама едно е факт: зборуваа на…

ПОВЕЌЕ ...

Потпишување предбрачен договор е пракса на сите големи светски ѕвезди од шоу-бизнисот со цел помала финансиска штета доколку дојде до развод. Но, има и други работи за кои се договараат партнерите пред да стапат во брак, а кои не се поврзани со пари. Погледнете какви сé детали стојат во предбрачните договори на ѕвездите: Никол Кидман и Кит Урбан Една од работите кои Никол побарала да стојат во предбрачниот договор била дека бракот ќе се поништи ако Кит продолжи да зема наркотички средства. Бијонсe и Џеј Зи Пред да стапи во брак со Бијонсе, раперот се обврзал да ѝ плаќа по…

ПОВЕЌЕ ...

Тренерот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков го објави списокот од 24 кошаркари, кои ќе бидат дел од претквалификациските натпревари против Естонија и Косово. Изненадување беше додавањето на списокот на Перо Антиќ, поранешниот капитен на репрезентацијата, и Лестeр Бо Мекејлеб, кој одново ќе го облече националниот дрес на Македонија. Првиот собир на Давитков и неговите избраници ќе биде утре во 19.00 часот во „ВИП арената“ на СЦ „Борис Трајковски“. Подготовките во Скопје ќе траат до 3 јули, кога сите репрезентативи ќе отпатуваат во Маврово, за повторно да се вратат во главниот град на 8 јули. СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПРИЈАВЕНИ ВО…

ПОВЕЌЕ ...

Нов послаб земјотрес утринава во 06:18 минути ја стресе југозападна Македонија. Земјотресот беше со интензитет од 2.2 степени според Рихтеровата скала и истиот беше со епицентар во Охридското епицентрално подрачје. Земјотресот беше еден од десетиците последователни што се случија неделава. Истиот беше на 6 километри длабочина.

ПОВЕЌЕ ...

„Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје за орочени влогови и депозити платиле камати во износ од 36,75 милиони евра, а откако значаен дел од тие орочени влогови и депозити ги пласирале како кредити и заеми од каматите заработиле 186,9 милиони евра! Нето разликата создадена од тоа што наплатиле и тоа што платиле е 150 милиони евра!!! Трите најголеми деловни банки во земјава: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје лани заедно оствариле нето приходи од камати во износ од 150 милиони евра! Ова е приход што банките го прават, наједноставно речено, како разлика од каматите…

ПОВЕЌЕ ...

Има стара поговорка, која вели дека не можеш да знаеш како се чувствува некој човек додека не влезеш во неговите чевли. Јас го сторив токму тоа. Бев во нивните чевли, а ова е моето искуство од деновите додека седев на картон преправен како питач на улицата Македонија Околу триста бездомници секој ден се обидуваат да го заработат својот леб во нашиот главен град. За жал, овие луѓе, најчесто припадници на некоја од маргинализираните групи, во своите обиди да дојдат до некој денар стануваат цел на несовесните граѓани, кои воопшто не се воздржуваат да го изразат својот револт, гнев и гадење…

ПОВЕЌЕ ...

Шведскиот Музеј на промашувања крие некои богатства за нкои можеби никогаш не сте слушнале, но кои доведоа до навистина револуционерни производи. Самуел Вест, 43-годишен психијатар е сопственик на своевидна колекција од околу 50 инвентивни, но сепак пропаднати производи. Светот е полн со пропаднати работи. Пропаднати општества, политичари, влади, спортисти, познати личности, компании и инвентивни производи. Овој шведски музеј покажува како одредени идеи пропаднале и на тој начин им го отвориле патот на други за профитабилни бизниси. Вакви иновации има многу и се разновидни. Од Форд Едсел, интернет пред интернетот и мобилните со копчиња или твитањето, па се до легендарното промашување…

ПОВЕЌЕ ...

Средношколците и студентите во Скопје се срамат да работат како келнери или шанкери, за разлика од нивните врсници во помалите градови кои самите се нудат за ваквите позиции, покажува искуството на сопствениците на угостителски локали. „Кафе-бар од Скопје има потреба од келнери и келнерки со и без работно искуство. Потребно е да имаат завршено минимум средно образование, да се одговорни, културни и сериозни кон работните обврски. Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност. Почетна плата 12.000 денари нето плус бакшиш“. Ова е само еден од бројните активни огласи за работа кои може да се најдат на специјализираните интернет-страници…

ПОВЕЌЕ ...