Author: Media Point

Младо момче, студент на возраст од 21 година е новиот  регистриран случај на  ХИВ позитивен во Виница. Заболениот тестовите ги направил во Скопје, а од Центарот за јавно здравје засега не го откриваат начинот на инфицирање. Ова е трет случај на ХИВ позитивен во Виница од 1991 година наваму, претходните двајца болеста не ја преживеале. Инаку, спооред официјалните податоци од Институтот за јавно здравје на РМ, во текот на месец мај 2017 година, пријавени се три нови случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол на возраст од 20-39 години од Скопје и Тетово. Согласно евиденцијата на пријавените случаи, кумулативниот број…

ПОВЕЌЕ ...

Тони Јакимовски ќе биде нов началник на СВР Скопје, а во останатите Сектори за внатрешни работи, началници ќе бидат истите кадри кои беа и во претходниот мандат на министерот Оливер Спасовски. Во СВР Куманово, началник ќе биде Стојанче Величковиќ, во СВР Охрид – Сашо Смилевски, СВР Велес- Злате Јаневски, СВР Штип, Љупчо Трајковски и СВР Битола, Славко Јовановски.

ПОВЕЌЕ ...

Листата на овие Италијански брендови и е помалку позната за нашата јавност. Не станува збор за Армани, Версаче, Долче, и слични на нив. Тука говориме за оние помали, поинтимни брендови, за кои Италијаните со страст зборуваат. Овие брендови варираат од градот на модата Милано, како Aspesi и MP Massimo Piombo, па се до кројачите од Неапол,  Rubinacci и Isaia. Доколку планирате патување во Италија, и наидете на некој од нив, обавезно подновете се со некое култно Италијанско парче – 01. ASPESI 02. BARENA 03. RUBINACCI 04. CURASO 05. OFFICINE CREATIVE 06. MP MASSIMO PIOMBO

ПОВЕЌЕ ...

Првиот пат кога пронајдов пакетче во зимската чизма го однесов кај еден познаник во полицијата кој ми кажа дека тоа е хероин. Знаев дека е нејзино, но никогаш не ми призна. Иако очигледно таа го негираше сето тоа, неможете да поверувате колку сила имаат да се борат на таков начин. Дури и мене знаеше да ме убеди, да се запрашам каква мајка сум јас, па можеби и не е наркоман, можеби грешам-а на масата имам позитивен тест на крвта. Тие секогаш имаат приказна, неверојатно се интелегентни и специјалисти за лажење. Лажговци, глумци, такви нема ни на филмовите. Таа призна само…

ПОВЕЌЕ ...

Мартин Ристовски е роден 2000-та година во Македонска Каменица, денес учи во ПСУ „Јахја Кемал“ во Бутел – Скопје. Првите две години од своето средно образование ги поминува под гимназиска општообразовна програма, а од Септември минатата година и во наредните 2 години, ќе биде дел од природно-математичката насока, која соддржи поголем фонд на часови по предметите од природните науки, математика и информатика. Со натпреварите по физика започнува во осмо одделение, уште во основното училиште “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Има освоено Прва награда во осмо и деветто одделение на државните натпревари, и со тој резултат на приемниот испит во…

ПОВЕЌЕ ...

Кога ќе помислите на голема количина оружје, веројатно првата земја што ви паѓа на ум е Америка, како и Тексас и сите проблеми со контролата на оружје. Но и словенските земји не се баш далеку – постојат диви тексашки држави помеѓу словенските земји. Од словенските земји, Србија е таа што забележува највисока сопственост на оружје со околу 0,46 пиштоли по глава на жител (во споредба со Америка која има 0,89 пиштоли по глава на жител). Мапата погоре е направена според податоците на „Вашингтон пост“, меѓутоа, бројките може да варираат со оглед на тоа што се направени врз основа на процени…

ПОВЕЌЕ ...

     Продавачи на лубеници  со тешки моторни возила со струмички регистарски ознаки се степаа во Прилеп со стапови.  Засега не се знаат причините за тепачката во кој учесниците поминале со полесни повреди. Била повикана и полиција. Во видеото од тепачката која кружи на социјалните мрежи се гледа дека учествувале и жени и мажи кои се маваат со стапови….

ПОВЕЌЕ ...

На магистралниот пат Штип-Делчево во близина на „Кучичинска крстосница“ вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и велосипедист. Возилото со марка „Форд Фиеста“, со делчевски регистерски таблици, било управувано од 33-годишниот А.Н. од Делчево, а велосипедистот М.Ј. (65) бил од селото Чешиново. Во незгодата со тешки телесни повреди, или поточно скршеници на черепот, скршеници на две ребра и скршеница на лева потколеница, се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентниот Центар во Скопје на Клиниката за неврохирургија и се наоѓа во животна опасност. За време на вршење на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 05, Јули 2017г. Се известуваат сите корисници на водоводната линија од Сувата маала дека денес 05.07.2017 година заради активност на промена на вентил, вода за пиење нема да имаат во периодот од 11:30 до 14:00 часот. По замената на дотраениот вентил водата веднаш ќе биде пуштена во употреба. Однапред Ви благодариме за разбирањето… ЈП КАМЕНА РЕКА – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 05.07.2017  www.kamenica.mk Министерот за економија Крешник Бектеши во текот на вчерашниот ден реализираше посета на три рудници во Македонија, и тоа Тораница и Злетово во Пробиштип и Саса во Македонска Каменица, остварувајќи работни средби со претставници на управата на овие рудници. Целта на посетата е директно запознавање со актуелните состојби во рударството, условите во кои се работи во споменатите рудници и понатамошните деловни чекори на компаниите кои се актуелни сопственици на рудниците. Така, во рудниците Тораница и Злетово министерот Бектеши изрази посебен интерес за условите за работа на вработените, особено за безбедноста на рударите, при што беше информиран дека…

ПОВЕЌЕ ...