Author: Media Point

Скопје, 31 мај 2017 (kamenica.mk) Кривична пријава за поткуп од 300 евра заработил болничар од Градската болница, кој парите ги побарал за ургенција во листата за чекање за оперативен зафат. Од МВР информираат дека полицијата поднесе кривична пријава против К.С. (64) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.  Пријавениот во својство на болничар, вработен во ГОБ „8-ми Септември“, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од пациент директно побарал и примил поткуп во износ од 300 евра. Пријавениот на 25 мај 2017 година од 66-годишен пациент од Прилеп директно побарал 300 евра за да…

ПОВЕЌЕ ...

Ненадејната смрт на пилатес инструкторката Ирена Митевска го зави Скопје во црно, а огромниот број нејзини пријатели пишуваат емотивни пораки на Фејсбук. За младата инструкторка тагува Снеже Велков која напиша потресна порака: “Боли Ирина,ми се укочи душава..Не е ова погледни на часовникот во сала и види, уште само 15 мин од часот и ќе помине се а ти ќе ни речеш “Наздравје вежбање“.Боли драга, не, не е како твоите 5 пати по 96, Боли Ирина бесконечно! А ми одѕвонува твојот глас АЈДЕЕ МОЖЕТЕ!!…Не можам бе Ирина не…Ти која најмногу веруваше во мене и ми велеше: Ти ќе бидеш нај супер…

ПОВЕЌЕ ...

24-годишната Марина Јовановска е прекрасна млада девојка, полна со живот и позитивна енергија на која треба да и помогнеме да мине една тешка препрека. Марина боледува од многу ретка болест на очите која ако не се третира веднаш може да доведе до трајно слепило. Во најбрз можен рок мора да замине во Германија и да ги добие соодветните третмани за нејзините мили очи да продолжат да гледат. Да бидеме хумани, да бидеме другари! Да помогнеме кој колку може за ова девојче да може да ужива во сите убави работи кои ги носи животот. Овој викенд таа го кажа и судбоносното…

ПОВЕЌЕ ...

Од Општина Кочани не престануваат да ги изненадуваат жителите у “градо(т)” предизвикувајќи само смеа и “пеза” наместо позитивни критики. Деновиве на десетотто светско чудо „полукружен тек“ пристигна и ној кој “тоталка” се вклопи во раскошниот кружен парк. Нојот предизвика интерес кај жителите на градо(т) Кочани и на “тие шо доваѓат у него, да видат убави работи”. Додека ние го чекаме и првото “селфи” со нојо, некои со потсмев гледаат на поставениот ној, додека други пак веќе го одобруваат и вбројуваат во туристичка атракција, се разбира во отсуство на други. Во околните Виница, Каменица, Штип  и други урбани средини низ…

ПОВЕЌЕ ...

Со восок и пегла до изблик на емоции . Старата египетска техника, енкаустика, донесе несекојдневна изложба и уметнички израз пред делчевската публика. На авторката и добро познатата делчевска поетеса Христина Деолска,ова и е прва самостојна изложба, а оваа техника и уметнички израз ги практикува веќе 10 години и има зад себе стотина слики со енкаустика. Технката е многу инспиративна и ми дава можност преку боите да ги изразам моите чувства. Оваа техника кај нас е реткост, потекнува од Египет, се сцртале фрески со ова атехника, но ја практикуваат уменици 2-3 кај нас но и од Европа, така што се поврзам…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево трчаше за здрав живот. 530 натпреварувачи од најразлични возрасни категории си ги одмеруваа силите и кондициската подготвеност земајќи учество во втората трка која се организира под мотото „Трчај право за срце здраво“. Сакаме да дадеме придонес за здрав живот, трката има порака за здрав живот, а со тоа и да го намалиме бројот на пациенти со кардиоваскуларни заболувања, каже Соња Маврдоиева – Ѓеоргиевска- учесник во трката. На овој начин сакаме и спортот да го доближиме до младите генерации, вели Љупчо Чучуковски, ПСД „Голак“ – Делчево. Најбројни на трката, сепак, беа учениците. Сакам да победам, трчам за здрав живот, го…

ПОВЕЌЕ ...

Донесена е конечна одлука од ФФМ: ФК Каменица-САСА ќе игра бараж натпревар за влез во Втора фудбалска лига против екипата на ФК Превалец од Велес. Во недела 04. Јуни 2017г. на градскиот стадион “Никола Мантов” во Кочани ќе се одигра бараж натпревар за влез во Втора фудбалска лига, помеѓу екипите ФК “Каменица-САСА” и ФК “Превалец” од Велес. Ќе се одигра само еден “нокаут-меч” во кој победникот ќе патува во Втора фудбалска лига. Стручниот тим, заедно со играчите се максимално подготвени и мотивирани со победа во оваа завршна “битка” да го остварат сонот и зацртаниот план, натпреварувачката сезона да ја завршат…

ПОВЕЌЕ ...

Во три часот по полноќ во близина на кружниот тек до казино во Гевгелија, полициски службеници забележале возило „Рено Меган‘‘ со скопски регистарски ознаки, во кое имало повеќе лица, како со голема брзина се упатило по автопатот во правец на Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото, кое кај клучката кај селото Прдејци излетало од патот. По незгодата возачот почнал да бега, додека во околината биле затекнати осум лица-мигранти, од кои четири лица од Индија и четири лица од Пакистан. По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје, а останатите се предадени…

ПОВЕЌЕ ...

www.kamenica.mk Преку 200 деца на возраст од 11 и 9 години беа учесници на првиот детски фудбалски куп “Винеам куп 2017“ на иницијатива и во организација на Младинската фудбалска школа “ФК “Слога 1934“ . Рекреација со јакнење на натпреварувачкиот дух, дружење и забава, беше целта на купот во кој покрај младинската школа на ФК “Каменица Саса” од Македонска Каменица,  учествуваа уште 5 други младински школи: ФК “Слога 1934“; ФК “Фудбал старс“ од Кочани; ФК “Кит-го“ од Пехчево; ФК Валандово“ од с.Миравци и ФК “Младост- Тошев“ од с.Оризари. Првите три места во генерацијата 2006 ги поделија: 1.ФК “Слога 1934“; 2. ФК…

ПОВЕЌЕ ...

На 98-годишна возраст почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис, објавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение на семејството. Според информациите политичарот починал утрово, околу 1 часот. Тој е татко на Кириакос Мицотакис, актуелен лидер на “Нова демократија”, сега во опозиција. Неговата постара ќерка Дора Бакојани беше министер за култура, министер за надворешни работи и исто така градоначалник на Атина. Извор: СтарТВ – Штип

ПОВЕЌЕ ...