Author: Media Point
ЗРСК “ШАРАН” Македонска Каменица: Започна риболовната сезона за 2017г. во водите на Калиманско Езеро
Македонска Каменица, 03. Јуни 2017г. (kamenica.mk) ЗРСК “Шаран” ги известува своите членови риболовци дека од денес започнува риболовната сезона во водите на Калиманско езеро. Како услов за рибарење покрај Државна риболовна легитимација треба да се поседува и дневна карта, која ќе чини 200 денари, односно сезонска карта која ќе може да се купи по цена од 2000 денари. Истите можат да се подигнат единствено кај “Прангов”, во центарот на Македонска Каменица.
Македонска Каменица, 03 Мај 2017 (kamenica.mk) Каменичани веќе се организирани за утрешниот бараж натпревар за влез во Втора фудбалска лига на својот фудбалски клуб “Каменица – САСА”. Огромен број каменичани утре организирано ќе патуваат во сеседно Кочани, каде во 17:00ч. на стадионот “Никола Мантов” ќе се одигра најважниот натпревар на САСА во последните две децении. Подготвени се и “Багери” кои вечерва во 20ч. најавија и собирање во центарот на градот за да уште денес ја изразат својата поддршка и љубов кон САСА. Спремен е и нивниот навивачки “аксесоар” составен од огромен број навивачки транспаренти, сирени, “бакљи” и знамиња. Сите во…
Ако вие сте навивач на Реал Мадрид, овој материјал не е наменет за вас. Ако го сакате Јувентус, ќе ви е интересно да прочитате уште нешто за вашиот омилен клуб. За сите останати кои се двоумат за кој од двата тима да навиваат во финалето во Кардиф ќе понудиме причини, изборот да биде Јуве. 1. Џиџи Буфон- Нема постои човек, кој го сака фудбалот и не го почитува легендарниот голман. Наскоро Џиџи ќе наполни 40 години, но продолжува да брани феноменално. Буфон има освоено скоро се во својата кариера, му недостасува само „трофејот со големите уши“. Вреди да навиваме за Џиџи. 2.…
Влезниците за концертот на Стинг, кој ќе се одржи на 15 октомври во арената „Борис Трајковски“, за помалку од еден ден беа комплетно распродадени! Љубителите на музиката на легендарниот британски музичар го послушаа советот на организаторите, чекајќи во редица за да си набават билет за овој ексклузивен спектакл, кој ќе биде во рамките на турнејата „57th & 9th“. Како што соопштија од „Авалон“, Стинг доаѓа во Скопје со компплетно своја продукција што на посетителите ќе им овозможи уникатно доживување со светски квалитет. Како специјален гостин на концертот ќе настапи Џо Самнер.
Музичарот Валентино Микле (ДеВаско) изминатото лето пет месеци крстосувал низ Балканот и Источна Европа, а меѓу многуте дестинации во неговиот распоред била и Македонија. Тој за време на престојот тука имал соработка и со нашиот пејач Марко Логаут. „Ова е моето прво музичко видео по повод 4 години патување околу светот со мотоцикл, воедно и поздрав за сите номади што го живеат својот сон. Песната е напишана и снимена во Македонија, за време на петмесечна турнеја низ Балканот, а снимката опфаќа десетина нации“, пишува во описот за песната насловена „Alma Gitana“, во која на пијано гостува Методија Костоски, а како…
Времето во Македонија денеска ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Како што соопшти УХМР, се очекува на места да наврнат над 35 литри на метар квадратен дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе се движи од 12 до 18, а максималната од 23 до 30 степени. Во Каменица нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 15, а максималната 29 степени. И в недела попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со…
Авторот Томаст Корлеи пет години ги проучувал секојдневните навики на 177 милјардери кои богатството го стекнале исклучително со сопствен труд. Резултатите од истражувањето се објавени во книгата Change your habits, change your life, а во продолжение прочитајте накратко неколку навики кои се карактеристични за овие луѓе. Постојано читаат – 88% од милјардерите секој ден посветуваат минимално 30 минути на читање во денот или било каква едукација за тоа како да бидат подобри и поуспешни. Вежбаат – Најмалку 30 минути од денот милјардерите го минуваат со кардио вежби. Се дружат со успешни луѓе – според Корлеи успешен си онолку колку што…
Македонска Каменица, 3 јуни 2017 (kamenica.mk) – Во изминатите 24 часа во полицијата се пријавени исчезнувања на две девојчиња на возраст од 11 и 15 години, и една 38-годишна жена. Во полициската станица Гази Баба вчера во 13:00 часот Д.Џ.(44) од Скопје, пријавила дека на 1 јуни околу 14:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка. Синоќа во 22:40 часот во Полициската станица – Штип, С.С.(46) од с.Чардаклија-Штип, пријавил дека на 1 јуни од 20:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38). Петнаесет минути по полноќ во СВР-Куманово, И.З.(37) од Куманово, пријавил дека на…
Според најновиот годишен индекс на мир, Македонија е на 102 место од вкупно 163 земји во светот. Минатата година нашата земја беше на 94 место, а за 2017 година бележи пад од седум места и се наоѓа по Узбекистан и пред Белорусија. Најмирољубива земја е Исланд, а по неа следуваат Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Чешка, Словенија, Канада, Швајцарија и Ирска. Според резултатите од годишната анализа на Институтот за економија и мир, нивото на мирот во светот е пораснато за 0,28 проценти. Од друга страна, најмалку безбедни земји се Сирија, Авганистан, Ирак, Јужен Судан, Јемен, Сомалија, Либија, Судан, Централно Африканска…
Денес ќе се одигра долгоочекуваната средба меѓу ветераните на Црвена Ѕвезда и Брегалница, по повод откривањето на споменикот на фудбалската ѕвезда Драгослав Шекуларац во Штип. Најпрво во 15.30 ќе биде откриен споменикот на Шекуларац во паркот пред Факултетот за образовни науки во Штип, по што од 17.30 на Градскиот стадион ќе се сретнат некогашните великани на Црвена Ѕвезда со ветераните на штипските сини. Од Ѕвезда доаѓаат браќата Ѓуровски, Шестиќ, Караси, Боровница, Дуле Савиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Милосављевиќ, Дарко Панчев, Илија Најдовски, Канатларовски, Банковиќ, Трифуновиќ, Михајловиќ и штипјанецот Драган Христовски, изјави Ванчо Коцев, меѓународен фудбалски судија. Иницијаторите ги повикуваат љубителите на…
