Author: Media Point

Во очи на секоја летна сезона, нашите туристи кои патуваат во Грција на летување имаат дилема  какви прехрамбени продукти и пијалaци смеат да пренесат преку граница. Според  официјалните прописи, во Грција не е дозволено внесување на месо, млеко и млечни производи  од земји кои не се членки на Европската унија, а дозволено е да се носат до два килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња, храна за посебни потреби како и најмногу  до два килограми храна за миленичиња. Кога се работи за овошје и зеленчук, можат да се носат во количина до пет килограми. Што се однесува…

ПОВЕЌЕ ...

Илија Несторовски, еден од најдобрите фудбалери во македонската фудбалска репрезентација е задоволен од резултатот против Турција (0-0), но истовремено кај него владее незадовлство затоа што фудбалерите не добиле поддршка од трибините. „Телеком арената“ во Скопје беше полуполна, а речиси сите навивачи беа – за гостите! Токму поради тоа популарниот „Несто-гол“ жали и испрати прашање до публиката – Зошто не ја бодрите репрезентацијата на мечеви поразлични од Шпанија, Италија…? „Игравме против една квалитетна репрезентација како Турција, во ТОП-30 репрезентации во Европа. Покажавме и докажавме дека во последните мечеви играме одлично и делуваме како репрезентација, но најголема жалост ми беше кога излегов…

ПОВЕЌЕ ...

 Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезетација и тренер на Металург во интервју за хрватските медиуми ја коментираше победата на Вардар во Лигата на Шампионите и ситуацијата со спортот во Македонија и Хрватска. – Вардар направи извондредна работа. Иако Барселона е во благ пад, не е мала работа да се победи таква екипа. Но ова што го направија во финалето е нешто чудесно. ПСЖ е на некој начин репрезентација на светот. Ги имаат најдобрите играчи, далеку најголем буџет и тоа не им беше доволно. Воодушевен сум, а особено ми е мило поради трите хрватски репрезентативци. Исто така, овој успех на Вардар…

ПОВЕЌЕ ...

По вчерашното освојување на европскиот врв, ракометарите утре се враќаат дома. Според агендата, ракометарите во 11 и 15 часот се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ а во 13 часот ќе пристигнат на плоштадот „Македонија“ на свечениот пречек кој е организиран од страна на градот Скопје. По пристигнувањето на скопскиот аеродром ракометарите ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот „Александар Македонски“ до хотелот „Континентал„  потоа кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТ и ТЦ  „Мавровска“. Од таму ракометарите ќе се движат  по булеварот Крсте Мисирков, потоа до булеварот  Кочо Рацин кон…

ПОВЕЌЕ ...

Во интервјуто за Balkan-Handball.com Тимур Дибиров,  изјави дека оваа победа му била сон, со самото тоа што знаел дека доаѓа за Скопје и ќе игра за Вардар. Вечерва ракометарите на Вардар станаа нови европски шампиони. Нашите ракометари во финалето во инфаркт завршница го совладаа ПСЖ со 24:23. Победничкиот гол го постигна Иван Чупиќ на само две секунди до крајот на мечот.

ПОВЕЌЕ ...

Не дека се спонзорушите нова, неоткриена вест, јакото е во тоа што одеднаш се субкултура. Овде имаме фенси хотел во централен Лондон и еден куп убаво дотерани, совршено нашминкани жени со коси како од реклама што за 200 фунти по човек доаѓаат да научат како да го унапредат животниот стил што го избрале. Има ли некоја голема филозофија во ова? Очигледно да. Нема само жени. Има и мажи, и стрејт и геј и сите заедно учат како да бидат побезбедни онлајн и како да стигнат до т.н. Светиот грал на спонзорушите – месечен џепарлак кој обично не надминува 3000 фунти,…

ПОВЕЌЕ ...

Црна Гора денес официјално ќе биде примена во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент. Црна Гора станува 29- тата членка на НАТО. Предвидено е на цермонијата да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. По официјалниот прием, на 7 јуни пред седиштето на НАТО во Брисел ќе биде подигнато и знамето на Црна Гора. На оваа церемонија е предвидено да присуствува црногорскиот претседетел Филип Вујановиќ. Извор: СтарТВ – Штип

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 04. Јуни 2017 (www.kamenica.mk) САСА е дел од Втората фудбалска лига! Славјето продолжува вечерва од 20 часот на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Сите заедно да ја споделиме радоста со нашите нови јунаци на градот! Со денешната победа во бараж натпреварот против ФК Превалец, екипата на ФК Каменица-САСА стана дел од Втората фудбалска лига. Саса со конечни 4:1 го заврши натпреварот кој го следеа огромен број љубители на фудбалот од Македонска Каменица дојдени на Градскиот стадион во Кочани. Сите играчи беа на ниво на задачата и во вториот дел убоитиот напад на Саса на чело со Зоран Златковски…

ПОВЕЌЕ ...

Со  голoт на Лука Циндриќ на три секунди пред крајот, ракометарите на Вардар влегоа во финалето за шампион на Европа. Ова е најголемиот успех на македонскиот машки ракомет. Во еден тежок меч, кој што беше изедначен во сите 60 минути, вардарци имаа нерви во последниот напад да постигнат гол и утре да ги измерат силите во финалето со Парис Сен Жермен. Самиот резултат 26:25 покажува колку беше изедначен мечот. Вардар дебитира на финалните натпревари за шампион на Европа, но во мечот со тимот кој има најмногу титули се покажа позрел и тактички поподготвен. Лука Циндриќ беше херојот на овој меч,…

ПОВЕЌЕ ...