Author: Media Point

Ноќеска во Штип се случи трагичен настан, утринава во водите на река Брегалница во близина на Бања Кежовица пронајдено е безживотно тело на жена. Увид на местото на настанот околу 7 часот изврши полициска екипа, јавен обвинител и лекар патолог. Првичните резултати од истрагата покажале дека се работи за штипјанка со иницијали А.Б. на возраст од 61 година на чие тело не се пронајдени траги на насилство. Не е констатирана потреба од обдукција и телото по завршувањето на истрагата е предадено на семејството. Деталите од истрагата треба да дадат одговор дали трагичната смрт на штипјанката е несреќен случај или самоубиство.

ПОВЕЌЕ ...

Пиеме вода кога сме жедни, кога сме јаделе нешто солено или после јадење. Но, експертите тврдат дека водата треба да се пие на гладен стомак. Речиси 70% од нашето тело е вода. Таа е кралица на организмот, без која ниту еден орган нема да функционира правилно. Пиењето вода ја згаснува жедта, но нејзино консумирање на празен стомак може да излечи многу од болестите. Го зајакнува метаболизмот Ако пиеме вода на гладно, ќе ја зајакне работата на метаболизмот и до 25%. Ова ќе доведе до побрза преработка на храната и до брзо губење на непотребните килограми. Го подобрува имунитетот Водата е…

ПОВЕЌЕ ...

Славица Величковска 06/06/2017 Делчево www.kamenica.mk Треба ли кривично да одговараат и родителите на малолетниците кои што управуваат со моторни возила без соодветна дозвола? Вчера попладне во 19 часот и 30 минути на пешачка патека во Делчево се случи сообраќајна незгода во која тешко повредена е 62 годдишна жена која се здобила со скршеници и контузии и се наоѓа на лекување во Клиничката болница во Штип. Незгодата се случила кога мопед управуван од малолетничка која не поседува соодветна дозвола и со сопатничка на мопедот, директно удрил во 55 годишната делчевчанка која пешки се движела на патеката. Малолетничката која управувала со мопедот…

ПОВЕЌЕ ...

Кога работите ќе тргнат во погрешен правец, не е лесно да се предвиди крајот. Доказ за тоа е ова видео снимено во Киев, во момент кога ќе експлодира подземна цевка за вода и ќе настане хаос. Во инцидентот за среќа нема повредени, но најмногу се оштетени автомобилите и зградите во близина на улицата. https://m.youtube.com/watch?v=BKryeX6vH6A

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите и ќе се врати во Скопје побогат за 500.000 евра. Можеби оваа сума е многу мала во однос на тоа што го добиваат шампионите во фудбалот, но за поздравување е потегот на РХФ, која се обидува дополнително да ги награди и мотивира учесниците на завршниот турнир во Келн. Самото учество на Ф4 турнирот значи дека екипата ќе заработи 100.000 евра, дури и да го освои четвртото место. Победникот во „малото финале” во мечот за бронза ќе добие 150.000 евра. Двојно повисоки награди има за оние што ќе играат во…

ПОВЕЌЕ ...

Како прв избор се наметнува YouTube, но постојат далеку подобри и попрактични алтернативи што не се толку извикани Во некоја друга ера ги чекавме најомилените песни на радио за да ги снимиме на касети и се лутевме кога ќе ги прекинеше гласот на водителот. Потоа ги „режевме” албумите на дискови, бидејќи поради високата цена не можевме сите да ги имаме на оригинален носач на звук. Доаѓаме во времето кога поседувањето на музика паѓа во втор план. Сега сакаме стриминг, социјално искуство, препораки од глобалната заедница која го дели нашиот вкус и нови начини на откривање на музика. Но, како до музика…

ПОВЕЌЕ ...

Со силниот и непријатниот пустински ветер, жителите на Катар вчера наутро се пробудија со загрижувачки вести – Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахраин ги прекинале сите дипломатски односи со Катар. Емитувањето на каналот Ал Џезира е забрането во сите овие земји. Сите граници се затворени така што Катар има можност да ги користи воздушните патишта за интеракција со остатокот од светот. Кризата започна како навидум безопасна и траеше некое време, за на 24 мај да кулминира. Тогаш, Националната агенција на Катар на официјалната веб страница го објавила говорот на Тамим бин Хамад Ал Тхани, владетелот на Катар. Во овој говор,…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајките – најчеста причина за смрт кај адолесцентите Децата и тинејџерите на возраст од 10 до 19 години се најзагрозената категорија учесници во сообраќајот, кои ги губат животите како пешаци, мотоциклисти и велосипедисти, соопшти СЗО Во светот на годишно ниво згаснуваат повеќе од 1,2 милион млади животи или во просек секој ден умираат по 3.000 деца и тинејџери што се на возраст од 10 до 19 години. Убедливо, повеќето од овие адолесценти, над 110 илјади, загинале како последица на повредите што ги добиле во сообраќајна несреќа. Со околу 70 илјади смртни случаи на годишно ниво следни на листата се инфекциите на…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.М. (51) од делчевското селоТурија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата. На 31 октомври 2016 година пријавениот, вработен во Основен суд Делчево на работно место помлад референт-доставувач задолжен да врши достава на судски писма, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности на начин што поканата за подготвително рочиште наменета за тужителот Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјална работа  Делчево ја доставил до Јавно претпријатие „Македонски Шуми ПСШ Голак“ Делчево. Поради тоа правното лице Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево на 7 декември 2016 година…

ПОВЕЌЕ ...