Author: Media Point
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува поднесените 39 барања за остварување на правото на плата по престанок на функцијата пратеник, популарно наречена апанажа. Според последните измени на Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица и измените на Законот за пратеници од јули 2014, пратениците и другите функционери нема да можат да користат апанажа една година како претходно, туку според времетраењето на мандатот. Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица предвидува пратеник да може да остварува плата…
Младите веруваат во љубов но не го препознаваат насилството во врска .За девојките на адолесцентна возраст шамарот од дечкото и влечењето за коса преставува внимание а не насилство, контролата што врз некои од нив ја вршат повозрасни партнери како што е следење на профилот на фејсбук контролирање на телефонот или пак излегување и нарачување пијалок од страна на партнерот е нормална работа. Ова се дел од резултатите на истражувањето што го спроведоа Младинскиот совет Охрид, АМОС од Битола и Фокус од Ресен, пренесе Сител. Некои од девојки се покажало дека првите сексуални контакти ги имале на 12 години и тоа…
Децата немаат можност да бираат кои ќе им бидат родители, ниту пак во какви услови да се родат и растат. Така е и со малиот Васко од Струмица. Роден во нефункционално семејство исполнето со многу насилство, алкохол и многу други стресни сцени, како најмлад од трите деца. Малиот Васко од Струмица со само 14 години, за да го преживее секој нов ден принуден е да проси по улиците на Струмица. Токму на тој начин наш волонтер го запозна и стапи во контакт со него. Имено, Васко е третото и најмало дете од семејството, и едниственото кое мајката го напушта, и…
Тренерот и играчите пријатно го изненадија Ангелов кога на само две минути пред крајот од мечот против Борец во Велес, тие во тајм-аутот му искажаа благодарност на Диви за неговиот досегашен придонес во клубот. Иако домаќинот го загуби мечот, сепак на крајот Ангелов беше испратен со овации од публиката. Фото-Видео Екипа.мк
Невестите од Албанија стануваат популарни во селата низ нашата земја, особено во источниот дел од државата каде што ергените мака мачат да ги убедат Македонките да се омажат за нив. Па така, додека Македонките бегаат во градовите, особено во Скопје, за да живеат посовремен живот барајќи прилика да се омажат за некој, бизнисот со албанските невести цвета. На популарната друштвена мрежа Фејсбук, се отвораат многу профили за брачно посредување. Ако имате озбилни намери да се жените и да стапите во брак, а времето поминува многу бргу, ние гарантираме дека веднаш ќе го решиме проблемот и ќе ви пронајдеме сопруга најкасно…
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К. (41) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 07.06.2017 година во ПС Штип, Р.Б. (25) од Штип пријавила дека на 06.06.2017 година околу 14.00 часот В.К. (41) од Штип, со кого претходно била во љубовна врска, откако ја однел во станот на неговиот брат, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, по што насилно и ја соблекол облеката и ја присилил на сексуален однос. После тоа со неговото возило ја однел пред едно основно училиште и и се заканил дека нема да ја…
Во полициското соопштение стои дека дрогата била откриена при контрола со скенер на камион марка „Даф“ пред неговото влегување во траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари. Камионот транспортирал свежи краставици, а во кутиите биле и кесите со марихуана. Возилото било натоварено во албанскиот град Лушња од компанија овластена за извоз на зеленук. Крајната дестинација на дрогата во тежина од 705 клограми била Холандија. Освен уапсениот Македонец Кирил Ф.(35) полицијата трага по други три лица
Понеделник, 05.06.2017 Верувале или не, Каролин Харц има 70 години, но на прв поглед никој не би поверувал дека се наоѓа во осмата деценија од животот. Својот младешки изглед таа вели дека го должи на исфрлањето на шеќерот веќе три децении. По долгата борба со зависноста од благо, Каролин решила да направи промени во исхраната. -Веќе 28 години не внесувам шеќери. На почетокот беше тешко, бидејќи бев зависник од благо, а сега верувам дека тоа е најважната причина за моето совршено здравје и добра форма. Внимавам многу да внесувам протеини во текот на секој оброк, особено за појадок. Тоа го…
На натпреварот Македонија – Шпанија в недела во 20.45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, гледачите на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија. Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Интересот на овој натпревар е голем…
Патот до покривот на Европа на Лука Циндриќ е различен од останатите ракометари. Хрватскиот портал „Јутарњи.хр“, открива детали од животот на херојот на Вардар. Пред четири години Циндриќ работел на паркинг, а сега е европски првак. Репрезентативецот на Хрватска е роден во Огулин, првите чекори во ракометот ги има направено во Карловац, од каде на покана на Лино Червар дојде во Металург. Иако многумина не верувале во ова момче, пред се поради тоа што е премногу млад, сепак неговата упорност му донесе голем успех. Циндриќ во Вардар дојде во 2015 година, а само по две сезони успеа да го подигне…
