Author: Media Point
Научниците веќе подолго време се обидуваат да дознаат кои животни живеат подолго од човекот. Гренландска ајкула Огромна и бавна грабливка од ладните длабочини на Атлантскиот океан може да живее дури до четири века. Во текот на една година таа расте за еден центиметар. Овој вид на ајкула се извојува од другите и по должината, бидејќи е долга околу пет и пол метри, што ја прави еден од најголемите месојади. Гренландски кит Гренладнскиот кит живее повеќе од 200 години и поседува гени кои успешно се борат против ракот и кои успешно ја поправаат оштетената ДНК. Баш поради оваа способност да ги…
Околу 4.500 македонски граѓани, претежно млади, во моментов се на привремена работа во Катар, држава која од почетокот неделава е под блокада на земјите од Перскискиот Залив. Кризата почна на 4 овој месец кога повеќе заливски држави ги прекинаа дипломатските односи со Катар, го изолираа и прекинувајќи ги авионските и бродските врски целосно го отсекоа од остатокот на светот. Нивното официјално објаснување е дека тоа го сториле затоа што Катар го финансира радикалниот екстремизам и со тоа го дестабилизира целиот блискоисточен регион. Поради ваквиот развој на ситуацијата, македонското Министерство за надворешни работи упати совет до македонските граѓани пред патување во…
Пред парите и желбата за брза и голема заработка, човечноста се губи, па за да се заработи, за некои луѓе ништо не е свето – ни младоста ни невиноста. Сето тоа паѓа пред алчноста која тргува и со она што не се смее – човечките судбини. Во овој ланец на криминал, не ретко девојчиња од македонскиот Исток завршуваат како „бели робинки“: Околу три до четири девојчиња од овој регион годишно како жртви на трговија со луѓе завршувата во западниот дел на државата, истакна Снежана Санева , прет. на Ком. за еднакви можности. Ова е официјалната бројка, но она црната е…
Има ли Македонска Каменица реална потреба од петиција за распишување на Референдум по прашањето: Има ли Каменица потреба од постоење на казино во градот? Состојбата со коцкањето во нашиот град навистина е алармантна. Три коцкарници на едвај 5000 жители во мало место како Каменица е повеќе од премногу. Сите три казина работат по 24 часа, а младината најчесто ноќниот живот и ноќното лудило го завршува токму на овие места. Од кафана во кафич, а потоа во диско, од диско во казино, а на крај од казино право дома, без ниту еден денар во џеб да се касне нешто и од…
Тешко е да се ослободите од оваа лоша навика која не се јавува само кај децата, туку и кај возрасните. Таа навика, пред се има лоши естетски последици, како на пример деформација на прстите, но најлошите последици се оние по нашето здравје. Ги расипува забите Поради оваа навика, забите се активни „прекувремено“ па со тоа може да настрата и вашиот прегриз. Имено, за време на грицкањето, забите не се во својата природна положба, слабеат и се трошат, па затоа загризот се деформира. Генерално штети на здравјето Познато е дека рацете се полни со бактерии, а неретко забораваме да ги измиеме.…
Во скопската населба Кисела вода на улица „Михаил Чавков“, утрово млад човек скокнал од покрив на зграда. Полицијата го расчистува случајот и во моментов се обидува да го идентификува лицето и да ги разјасни мотивите за самоубиството. По немилиот настан пристигнале бројни полициски екипи кои и натаму го истражуваат местото, а подетални информации ќе соопштат подоцна.
Многу луѓе се навистина внимателни додека пазарат, па добро ги проверуваат состојките на налепниците од производите, но што да се каже за артикл кој е целосно лажен и кој воопшто не смее да се конзумира?. Да, зборуваме за пластичен ориз направен од компир и синтетичка смола. Овој ориз е донесен од Кина, а ние ве предупредуваме да внимавате што купувате. Ова се знаците по кои ќе го препознате: – Неприродна боја, изразито бела, поинаква од останатиот бел ориз. – Има чуден мирис, на некоја хемикалија. – За време на готвењето најчесто мириса на нешто запалено. Во видеото може да се…
Ѕвездата на Барселона Жерард Пике со топката на тренингот на шпанската репрезентација во саботата вечер на „Филип Втори“. (Фото: Ѓ. Личовски) Ни пешаците нема да можат да се приближат кон стадионот во Градскиот парк денеска попладне во Скопје, освен ако не одат на фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија, соопшти полицијата. Посебен режим за движење на возила и пешаци ќе има после 15 часот. Ограничувањето ќе важи за сите улици што водат кон Арената Филип Втори како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион. „Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените…
Претседателот на Франција Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел наводно му ветиле на бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на неговата посета на Берлин и Париз дека ќе ѝ помогнат на Бугарија да влезе во Европскиот механизам на девизни курсеви, ЕРМ-2, што е претходница за влегување во еврозоната. „Од наш аспект, Бугарија би требало да биде способна да партиципира во сѐ што е можно побргу“, кажа Меркел. Макрон кажа дека ќе ја поддржи и бугарската кандидатура, која е долго на чекање, за придружување на безвизната Шенген зона. Одлуката за тоа е одложувана поради загриженоста за корупцијата и правосудството во…
За една година, во Македонска Каменица се родиле 13 деца помалку, додека во Виница и Берово се родиле по близу 30 бебиња помалку. Општините, кои и онака имаат мал број на население, се во опасност бројот на жители драстично да им се намали и да се претворат во места на старци. Ова не е толку неверојатно, ако се знае дека за да има нормален прираст, неопходнои се по три деца во семејство – две кои ќе бидат перспективна замена за биолошките родители и третото кое ќе биде во функција на зголемување на наталитетот. Наместо тоа, бројот на бебиња во Берово,…
