Author: Media Point

Италијанската полиција соопшти дека го уапсила Стефан Чернетиќ, кој се самопрогласил за принц на Црна Гора и Македонија, и уште едно лице, кое се претставувало како македонски амбасадор во Италија. Двајцата уапсени патувале низ Италија со возило „мерцедес“ со црногорски знаменца и амблеми на дипломатски кор и нуделе економски, културни, меѓурелигиски и други видови соработки меѓу Црна Гора и Италија. Според италијанските и црногорските медиуми, директен повод за тужбата против Чернетиќ била сметката што една луксузна вила во Пулја ја доставила до амбасадата на Македонија. Другиот осомничен, С.С., е италијански државјанин, кој патувал со него и се претставувал како амбасадор…

ПОВЕЌЕ ...

Семејството Златеви од Кавадарци не сонувале што ги очекува кога се согласиле да ги донираат бубрезите од  59 годишната Верка која починала ненадејно, од анеуризма. Братотот и сестрата без размислување се согласиле да ги донираат бубрезите, кога биле прашани дали ќе ги донирани органите од нивната мајка, раскажува за НОВА, Диме Златев, син на починатата. „Мајка ми имаше клиничка смрт. Во понеделник ми се јави сестра ми и ми кажа дека и се доближила Софијанова и ја прашала дали ќе дозволиме да се донираат два бубрега, за да с е спасат два детски животи. се согласивме и се договоривме за…

ПОВЕЌЕ ...

Европската унија го укинува роамингот за сите корисници на мобилни телефони во рамки на своите граници. Тоа значи дека жителите на ЕУ веќе нема да плаќаат посебни цени за разговорите кога не се во сопствената земја, односно корисниците во странство ќе ги плаќаат цените од своите тарифи во матичните земји. Оваа мерка важи исклучиво за земјите членки на Европската Унија. Европските државјани одговорија позитивно на одлуката. Некои од нив во минатото се соочувале со сметки кои достигнувале и 100-ци евра. Аналитичарите се согласуваат дека новата регулација на роаминг корисниците најмногу ќе ја почувствуваат на говорните повици и СМС пораките, меѓутоа…

ПОВЕЌЕ ...

Заедно со уште еден човек патувате и поминувате низ кралството на страшниот Луд Крал. Како казна, кралот ве затвора во посебни ќелии и ви дава загатка која мора да ја решите точно за да си ги спасите животите.  – Од вашите посебни ќелии секој од вас може да види половина од моето кралство низ кое се распространети 10 или 13 села. Секој ден во 5 часот попладне на секој од вас ќе дадам можност да ми го каже бројот на села во моето кралство. Доколку вашиот одговор е точен ќе бидете ослободени. Но доколку вашиот одговор е погрешен двајцата…

ПОВЕЌЕ ...

Мајка од виничко си го бара детето родено пред 29 години во кочанската болница. Станува збор за здраво женско дете, родено на 13 јуни , со тежина од 3 килограми и 900 грама, прва радост на семејството Соколови од селото Липец: Се породив во 1988 година, ми го покажаа дететео беше во ред. По некое време пак го видов и беше добро, рече Даринка Соколова. Но радоста на Даринка траела само една вечер. Веќе утредента, на неа и соопштуваат страшна вест: Дојде докторката и кога и го побарав детето ми рече дека немам дете, дека е мртво. Побарав да го…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи во западните делови во претпладневните часови и околу пладне, а попладне нестабилно ќе биде во југоисточните делови. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6. Во Македонска Каменица и околината слично време со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи претпладне. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени. Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен…

ПОВЕЌЕ ...

Пред стартот на новата жетва, агробизнисмените со црни прогнози. Поради лошите временски услови очекуваат двојно помали приноси од пченица за разлика од лани, но и послаб квалитет. Предупредуваат дека состојбата е толку лоша, што во одредени региони е можно и да нема жетва, што пак ќе доведе до поскапување на лебот и финалните пекарски производи. „Во иднина е можно зголемување на цената на пченицата и на брашното и другите житни растенија, пекарските и слаткарските производи,“, изјави Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на Агро-бизнис комората. Од Агробизнис комората бараат државата преку Бирото за стокови резерви да спроведе интервентен откуп на пченицата. „Во…

ПОВЕЌЕ ...

У празен автобус патуваа полицаец и една монахиња. – Ехххх, како ми се е*е нешто… провикнал се полицаецо да слушне и монахињата. Монахињата се вцрвила од срам и на наредната станица спаднала од автобусо. Шоферо им чул муабето и му вика на полицаецо: – Пич, мога да ти помогна. Таа монахиња секој ден оди на гробиштата и се моли. Маскирај се кат Господ и наредена работата… Другио ден полицаецо се маскирал кат Господ и ојдел на гробиштата. Гледа монахињата клекнала и се моли. Приближил се одпозади и рекол: – Ја сам твојо Господ Бог. Сега треба да му служиш на…

ПОВЕЌЕ ...

Управата за хидрометеролошки работи попладнево предупреди дека поради најавите за локален пороен дожд и грмежи можна е појава на одрони и свлечишта. Се препорачува внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода. Особено треба да се внимава на локации каде водотеците и суводолиците се пресечени од патишта и разни премини и каде има било какви стеснувања на водните правци, се вели во соопштението од УХРМ. Оттаму укажуваат дека во услови на нестабилност и локални интензивни врнежи можно е на удар да бидат суводолиците и водотеците со мали сливни површини кај кои брзо се формира речното истекување. – Доколку…

ПОВЕЌЕ ...