Author: Media Point
-Подрачјето на Скопје е зафатено од невреме со интензивен пороен дожд, град и засилен ветер, информираат од УХМР. Позначителен влажен бран се очекува во сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.
Летото е пред нас, сезоната на летни одмори и подолги престои во природа е отворена, климатизирањето на домовите и работните простории е секојдневие, а сеуште актуелни се и алергиите. Како да се заштитиме од заканите по нашето здравје во летниот период, посебно кога се престојува во природа, вели Д-р Маролов. Внимателно и кога се изложуваме на сонце и тоа не само на плажа или базен, штетните сончеви зраци веќе предизвикуваат здравствени проблеми кај граѓаните. Заштитете ја главата од сонце и избегнувајте престој на отворено во најтоплиот период од денот. Лекарите потсетуваат и дека секое излагање на директно сонце подолго од…
Продолжува трендот на намалување на цената на становите во Скопје. Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во најновиот Квартален извештај предупредува на засилена динамика на падот на вредноста на овие недвижности во главниот град. Индексот на цената на становите на годишна основа е опаднат за цели 7% во првиот квартал од 2017 година. Од НБРМ сметаат дека ваквите придвижувања се резултат на надолното приспособување на цените на становите во целата земја, а не само во главниот град. Од централната банка очекуваат дека ќе забави изградбата на нови станбени објекти во Скопје, со што би се стабилизирала цената на становите.
14. ЈУНИ 2017 – 14:02 | каменица.мк Додека лондонскиот Grenfell Tower гори, очевидци раскажуваат стравични ситуации, во кои од зградата се слушаат вресоци, луѓе излегуваат на прозорци, а една мајка си го фрли бебето од деветтиот кат во обид да го спаси неговиот живот. Бебето потоа било фатено од страна на некои луѓе кои стоеле пред зградата, пренесува Sky News. Некој станар, пак, направил импровизиран падобранец и се обидел со него да се спушти преку прозорецот. Во обид да се спаси жива глава, луѓето прават неверојатни работи кои кај очевидците ќе останат запаметени засекогаш.
Едно од најчесто поставувните прашања за време за годишните одмори на родителите е дали задолжително треба да носат со себе согласност за патување на деца преку граница со еден родител. Искуствата на родителите од земјава кои патувале сами со децата без нивниот партнер се различни. Додека едни велат дека на ниту еден гранчен премин не им се случило надлежните служби да им побараат таква согласност, други имале непријатно искуство кога полицијата на граница изрично им барала да покажат таков документ и не им дозволувала да ја преминат, пренесува Факултети.мк. Кога станува збор за оваа проблематика, законската регулатива во Македонија предвидува…
Аплицирањето за билети за натпреварот во Суперкупот на УЕФА започна денес и ќе трае до 4 јули. Неколку илјади апликации биле пополнети по само неколку часа, информира портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски. Реал и Манчестер Јунајтед на 8 август на „Телеком арена“ во Скопје ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Овие два клуба се вистински магнет за фудбалските фанови низ целиот свет, така што не чуди интересот за нивното соочување во Скопје. УЕФА на својата интернет страница денес го отвори аплицирањето за билетите кои се по цена од 15 до 50 евра. Секој кој ќе аплицира ќе…
Ако сте фанатик кој се грижи за тоа што јаде и како јаде, тогаш знаете дека во текот на денот треба да јадете 5 порции. Но, дали знаете колкави треба да бидат тие порции? Нутриционистот Сузи Бурел вели дека денес забораваме на тоа колку храна внесуваме во организмот и претеруваме со големината на порциите. Според неа, повеќето од нас јадат многу повеќе и внесуваат многу повеќе калории отколку што треба според тоа колку трошиме. Еве како треба да изгледаат порциите според неа: Сирења и кашкавали – големи колку кутија за чкорчиња Една порција на ден од омиленото сирење или кашкавал…
Преполовен родот на вишните во Пијанец. Пред стартот на бербата, регионот каде годишно се очекуваа над 2 илјади тони вишни, како резултат на пролетните мразеви ќе се наберат двојно помалку. Од најголемиот откупувач на свежи вишни во регионот Рудине ММ, пресметале дека од сопствените насади кои се на површина на околу 200 хектари, наместо очекуваните 1.300 тони, ќе наберат едвај 600 тони. Во старт значи дека 50% суровиснкиот дел е намален, сите очекувања се сведени на 50% , кооперантите се во незавидна ситуација и доколку не дојде до обештетивање од државата, доколку не се субвенционира, изјави Богдан Стојановски, менаџер во…
ОФИЦИЈАЛНО: Билетите за Суперкупот во продажба, чинат од 15 до 50 евра! Европската куќа на фудбалот УЕФА ги објави цените на влезниците за Суперкупот во Скопје меѓу освојувачот на ЛШ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Влезниците за спекткалот во нашата земја ќе чинат од 15 до 50 евра, а едно лице ќе може да аплицира за најмногу четири билети од истата категорија. Апликациите за билетите ќе се примаат од 13 јуни (14.00 часот) до 4 јули (14.00 часот). Лицето *или лицата, доколку се аплицира за повеќе билети) кое ќе ги купи билетите мора да оди на мечот и истите не може…
Построги контроли за фирмите кои произведуваат суровини за градежни материјали. Новиот закон за градежни производи налага фирмите производители на песок, чакал камен и други агрегати сами да го контролираат квалитетот на производството. Дополнителна контрола ќе врши и именувано тело за сертификација. На тендер нема да можат да учествуваат без сертификат кој ќего стекнат со направени испитувања во сопствени или надворешни лаборатории. Голем дел од фирмите веќе ја имаат набавено потребната опрема за проверка на квалитетот. Останатите се изјасниле дека ќе ја набават. Досега контролата на квалитетот на градежните прозводители ја вршела Акредитирана лабораторија, која издавала Атест на фирмите, но документот…
