Author: Media Point

Во туристичките агенции нема слободни места за продолжен викенд во Бугарија. Македонците в сабота масовно ќе заминат на три дена, најмногу во Банско. На листата најбарани дестинации во нашите агенции веднаш зад Банско е Малта, следуваат Истанбул, Будимпешта и Сутоморе. Само туристичката агенција „Бисер пром“ за празникот ќе испрати во Банско 4 автобуси, а местата им се потполнети и на сите други агенции што го нудат овој зимски центар. „Распродадовме сè што имавме уште пред една недела. Првите резервации ги добивме уште пред еден месец. Најголем е интересот за хотелите со четири ѕвездички. Ние нудиме пакет-услуга, односно превоз, сместување на…

ПОВЕЌЕ ...

Откако во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од македонските медиуми се појави информација дека стартува нов закон за вработување, според кој сите граѓани на поранешна Југославија ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, се огласи и германската амбасада, демантирајќи ја истата информација. На веб страната на германската амбасада стои: “Информациите, дека од 01.01.2018 г. ќе влезе во сила нов закон, кој ќе овозможи лица коишто не се граѓани на ЕУ да може да се вработат под исти услови како граѓаните од ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на…

ПОВЕЌЕ ...

Неколку часовен прекин имало синоќа на ГП Делчево од бугарска страна, соопштуваат од Бугарското Министерство за надворешни работи. Прекинот се однесувал за товарни возила, а причината за него биле технички проблеми на граничниот премин. Од бугарското МНР истакнале дека за излез од Бугарија чекале 25 товарни возила, а за влез три. Поради ова, бугарската погранична полиција ги советувала возачите на товарни возила кои патуваат во правец кон Македонија, наместо кон преминот во Делчево, да се упатат кон граничниот премин Златарево – Ново Село. Надлежните од ГП Делчево пак, денес за ТВ Стар информираа дека  од македонска страна, немало никаков прекин…

ПОВЕЌЕ ...

На почетокот од оваа година животот станал суров кон една мала убавица од Виница. Четири годишната Хана Миланов, има дијагностицирано леукемија, а во моментов родителите се соочуваат со тешкотии околу покривање на високите трошоци за нејзиното лекување. Семејството на Хана праќа молба до хуманите граѓани,  да им помогнат колку што можат во оваа тешка битка со болеста. „Со оглед на трошоците за лекувањето кои ние самите како семејство не можеме да ги обезбедиме, Ве молиме да донирате средства во Ваша можност за продолжување на животот на Хана…“- порачува нејзиното семејство. Лекувањето во Скопје би требало да заврши кон крајот на…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонија во 2017 година 17.8% од работниците кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во коверт. Finance Think започнува за објавување на публикацијата „Квалитет на животот во Македонија“. Целта на публикацијата е да стави под светло податоци за различни аспекти на квалитетот на животот: доходот, вработувањето, образованието, здравјето, животната средина, инклузијата и сл. Секој број е тематски. Темата на првиот број е „Плата во плико“. За прв пат во Македонија, Finance Think презентира податоци за феноменот на исплата на дел од платите на работниците во готовина, со цел да се заштеди на формалните давачки кон државата. Примателите на…

ПОВЕЌЕ ...

Подмладокот на ФК Каменица САСА денес гостуваше во Валандово на натпревар од 9-то коло како дел од младинските второлигашки натпревари против екипата на ФК Победа. Успеаа да постигнат три гола и да освојат три нови бодови на своето салдо. Овој натпревар всушност е еден вид предигра на натпреварот кој ќе се одигра во сабота помеѓу сениорските екипи. Каменичани на тој натпревар ќе гостуваат со мотив да ги освојат трите бода и конечно да успеат да се тргнат од дното на табелата. Денешниот успех на младинците и резултатот од 0:3 нека биде само поттик повеќе и во сабота да се радуваме…

ПОВЕЌЕ ...

На социјалните мрежи почна да се споделува информација која би можела да охрабри многумина кога е во прашање вработувањето во странство. – Имено од 01.01.2018 стартува нов закон за вработување според кој сите кои не се граѓани на ЕУ ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, што важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши, без оглед за која работа сакаат да аплицираат. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: На Германија и фалат 200.000 РАБОТНИЦИ, половина ќе бидат од Балканот Тоа значи дека сите кои ќе пронајдат работодавач ќе можат да се вработат како и ЕУ граѓаните, без притоа…

ПОВЕЌЕ ...

Гледано по тоа кој вид на рак погодува најголем број на мажи и жени во западните земји, ракот на дебелото црево стана најголемо чудовиште. Колоректалниот карцином е еден од првите две водечки причини за смрт поради малигни болести во развиените земји, и покрај фактот дека оваа болест може да се излекува со хируршка интервенција, доколку дијагнозата е поставена во рана фаза, велат експертите. Моменталните терапии за ова малигно заболување вклучуваат операција, хемотерапија, биолошка терапија и зрачење. За жал, симптомите за рак на дебело црево не секогаш можат да бидат јасни и скоро секогаш се мешаат со симптоми кои водат кон…

ПОВЕЌЕ ...

Серија земјотреси утрово ги вознемирија жителите на Каменица, Делчево, Пехчево и Берово. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 115 километри југоисточно од Скопје, и потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево-Кресна. Оваа серија земјотреси најсилно се почувствувала во Каменица, Делчево, Пехчево и Берово. Времето, магнитудата и осетеноста се следните: во 10 часот почувствуван е земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала,  во 10 часот и 17 минути земјотрес со јачина од 2,3 степени, во 10 часот и 19 минути од 2,6 степени,  потоа во 10 часот и 27 минути почувствуван…

ПОВЕЌЕ ...

19. X. 2017 (kamenica.mk) Во 10:30 часот утрово, граѓаните на Македонска Каменица осетија посилен земјотрес. Истиот е почуствуван и во околните градови на Истокот од државата. За јачината и епицентарот на земјотресот ќе ве известиме во текот на денот, веднаш штом ќе добиеме детални и проверени информации за истиот.

ПОВЕЌЕ ...