Author: Media Point

25.X.2017 (kamenica.mk) Отсекот за истраги на интернет и електронско плаќање при МВР поднесе кривична пријава против Ј.Ј.И. (29) од Република Бугарија поради постоење сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Како што информира МВР, Ј.Ј.И. во периодот од 12 февруари до 24 февруари 2016 година неовластено набавил уреди за снимање на банкарски податоци и банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носителите на тие платежни картички. „Тој, четири пати поставил нелегална опрема за копирање на податоци од платежни картички (скимер уреди) на банкомати на домашни…

ПОВЕЌЕ ...

Почина Џорџ Јанг, човекот без кој немаше да постои рок групата AC/DC. Човекот без кој не би ни постоел овој култен рок бенд. Џорџ Јанг, продуцент и гитарист, починал во 71 година, пренесуваат австралиските медиуми. Јанг беше најстариот брат на Ангус и Малколм Јанг, а бендот AC/DC соопшти дека „без братот, не би постоела ниту групата“. „Без негова помош и визија, не би постоела ниту нашата група. Како брат, музичар, текстописец и продуцент, Џорџ беше најпосветениот човек на планетата и најголем професионалец“, стои во соопштението на легендарната рок група. Роден е во 1964 година во Шкотска, но со семејството како дете…

ПОВЕЌЕ ...

За само две години, од Источниот регион се иселиле над 300 лекари, покажуваат последните податоци од Здружението на приватни лекари на Македонија. Ова е фрапантна бројка, која според трендот на миграција во моментов, се очекува се повеќе да расте. Во моментов, во Источниот регион, околу 180.000 жители има 443 општи лекари, што е помалку од потребното. Сличен проблем имаат речиси сите соседни земји, но најизразен е проблемот во Бугарија, каде населението старее, а лекарите леб си бараат надвор од државата : Состојбата со лекарската фела е многу застрашувачка. Ние немаме лекари. Од 100 жители на Бугарија, над 60% се луѓе…

ПОВЕЌЕ ...

Во Здраво Тело (kamenica.mk) Група научници докажа дека на жените им е постудено кога овулираат и тоа поради покаченото ниво на естроген во организмот. Со почетокот на грејната сезона, започнува и „војната“ на паровите за висината на собната температура, со тоа што припадничките на понежниот пол, преферираат за некој степен повисока температура. Според статистиката направена од „Corgi Homeplan“, британска фирма која одржува бојлери и термостати, една третина односно 14% од жените ја зголемуваат температурата кога партнерот не гледа. Според податоците, за жените идеалната температура се движи од 24 до 25 степени, а мажите пак сакаат за два степени пониска. Покрај…

ПОВЕЌЕ ...

Колумна на Наталија Тасевска Се сеќавам ко вчера да беше кога се запишував на факултет. Ми викаа „а бе, дете бе немој електро, земи нешто полесно, кај нас и онака работни места се добиваат со партиски книшки, што има па ти да се замараш“. Јас тврдоглаво тврдев дека не е така и во еден жежок августовски ден ги однесов документите во читална наполно убедена дека ако човек е доволно упорен, може да си ги оствари целите и без да се обои сино или портокалово. Денес, после три години сè уште верувам во тоа, па наречете ме глупава. Денес кога сум…

ПОВЕЌЕ ...

Од 2020 година граѓаните од трети земји, кои не се дел од визниот режим, каде што спаѓаат државјаните на Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија, но и Косово, ќе мора да бараат посебно одобрување за влез на територијата на ЕУ. Шенгенскиот простор, за кој ќе важат новите правила, опфаќа 26 земји, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд и членките на ЕУ, освен Велика Британија, Ирска, Кипар, Романија, Бугарија и Хрватска. Освен за државјаните на земјите од Западен Балкан, системот, меѓу другото, ќе се применува и за државјаните на САД, Австралија, Јапонија, Сингапур, Нов Зеланд… Список со земји на кои ќе…

ПОВЕЌЕ ...

24.Х.2017 (kamenica.mk) Авто-мото сојузот на Македонија утрово соопшти дека на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација што се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Извор: newsroom.com

ПОВЕЌЕ ...

Технологијата ги претвори децата во емоционално неинтелигентна генерација, предупредува психотерапевтот Шон Кловер, автор на книгата „Кога децата го имаат главниот збор“. Неволја започна во тој момент кога технологијата го презеде приматот над смислената комуникација. Како што зависноста од технологијата напредува, децата низ светот живеат во меурот на нарцисоидноста, отуѓени од сопствените мисли и чувства, како и мислите и чувствата на другите. Помалку знаат да разговараат, а нивната човечност е доведена во прашање бидејќи сочувството е она што страда поради изложеноста на екраните. Во неговата позната книга „Емоционална интелигенција“, Даниел Голмен ја дефинира како способност да се препознаат сопствените и туѓите…

ПОВЕЌЕ ...

Американската приватна метеоролошка компанија „AкуВедр“ ја објави сезонската прогноза за Европа. Прогнозата се однесува за декември, јануари и февруари. Северна Европа и делови од Западна Европа на почеток ги очекуваат големи проблеми во форма на остри и чести бури, а тие во овие област ќе донесат големи количини на врнежи од дожд, предвидува „АкуВедр“. Иако почетокот на зимата во поголемиот дел од Европа нема да донесе вообичаени ниски температури, прогнозите укажуваат на тоа дека на крајот од зимата ќе биде доста постудено, со температури под просекот за овој период од годината. Областа од југот на Шпанија, преку Италија, па сè…

ПОВЕЌЕ ...