Author: Media Point

Од ноќеска во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на…

ПОВЕЌЕ ...

Каменица, 27 октомври 2017 (kamenica.mk) По завршување на изборната кампања за  вториот круг од Локалните избори 2017 година на полноќ кога почнува изборниот молк што трае до 19 часот во недела на 29 октомври 2017 година медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување. – При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле  изборниот  молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било…

ПОВЕЌЕ ...

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка, трезористот Бобан Смилевски,  во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл оти бил во долгови и тој и семејството биле под закани. Им се извини на останатите инволвирани во грабежот и нивните казни ги побара за себе. „Делото не е од лукративна причина и не е да се оствари имот за себе или било кој друг. Сум бил во долгови и во последните два месеци бев под закани јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството,…

ПОВЕЌЕ ...

ЕВН Македонија соопшти дена нејзините стручни тимови завршиле со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила. Станува збор за околу 800 илјади броила, кои согласно планот во период од еден месец биле рачно прилагодени да покажуваат и евтина тарифа, во периодот од 14 и 16 часот секој работен ден и во сабота. Од ЕВН велат дека броилата до кои екипите немале пристап, сѐ уште не се прилагодени, а тоа се најчесто викендици или пак објекти без корисници. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, покрај стандардната ноќна евтина тарифа од 22 до 7 наутро, и целодневната тарифа во…

ПОВЕЌЕ ...

Апел за помош. Се работи за човечки живот! Од пред неколку дена трае голготата на еден бездомник кој не во добра здраствена состојба. Го најдовме човеков на клупа целиот укочен , делумно неподвижен и премрзнат бидејќи ноќите ги минува на клупа. Неколку пати повикавме брза помош и полиција но се се сведуваше дека не е во нивен домен ваквиот случај. Сепак постои човечност кај луѓето кои му даваа храна, вода, го преместуваат поради дождот но секако ова не е решение. Полицијата констатираше дека е бездомно лице и не превзема некои други мерки го оставија повторно на улица, луѓето од Брза…

ПОВЕЌЕ ...

Сите сме го чуле изразот „џентлменството е мртво“ и доколку подолго време излегувате на љубовни состаноци, веројатно се согласувате со тоа. Момците сакаат секс, а девојките врска. Овие стереотипни идеи сме ги прифатиле како дел од нашата реалност. Но, дали џентлменството навистина изумира? Или пак ние сме се навикнале на идејата дека романтиката е нешто недостижно во денешно време? Џентлменството не е мртво, освен ако вие не го убивате. Иако можеби сте налетале на голем број идиоти, сигурно познавате навистина добри момци кои ви дале надеж дека џентлмените сѐ уште постојат. Дали некој фин дечко ве поканил на состанок, но…

ПОВЕЌЕ ...

Со оглед на големиот процент на алкохол во ракијата, со нејзината конзумација сепак треба да се биде внимателен, но мала количина ракија брзо ќе излечи одредени здравствени проблеми. Болка во желудник – доколку сте јаделе тешка храна која ви предизвикува болка во желудникот, прст-два од лозова ракија веднаш ќе ја смири болката. Забоболка – голтка ракија држете ја десетина секунди на болниот заб и тоа повторете го неколку пати, ќе помогне во намалување на забоболката. Болки во грлото- ако имате болки во грлото тогаш тоа е предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото.…

ПОВЕЌЕ ...

Лондон, 24 октомври 2017 (kamenica.mk) – Најпопуларниот спорт во светот, за кој се тврди дека се играл и во древните времиња, официјално заживеа на денешен ден во Шефилд, каде е основан првиот фудбалски клуб во историјата. Се почна со двајца играчи на крикет кои барале замена за својот омилен спорт, со цел да ја одржат физичката форма за време на зимските денови. Во 1855 година членовите на шефилдскиот крикет клуб ја шутирале топката без какви и да се  правила, а потоа на 24 октомври 1857 година двајцата членови Нетениел Кресвик и Вилијам Прист го основаа фудбалскиот клуб „Шефилд“. Една година подоцна…

ПОВЕЌЕ ...

Каменица, 26 октомври 2017 (kamenica.mk) – Времето во Македонија изутрина ќе биде свежо, а во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 15 до 21 степен. Во Каменица ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 19 степени. И утре преку ден ќе биде суво и уште потопло. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота. В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер…

ПОВЕЌЕ ...

Огревното дрво заглави во изговорите за отворени тендери и незавршени избори. Вака се објаснува недостигот на огревно дрво во регионот, каде на големо е веќе започната грејната сезона. Во Делчево и М. Каменица се чека испораката на уште 640 просторни метри огревно дрво од вкупно планираните 7250 метри просторни. Имаше неуспешни тендери за сеча и дотур и за превоз,па за време на избори не се распишуваат тендери, појасни Љупчо Петровски, директор на ЈП Подружница „Голак“- Делчево. Ветувањето е дека за две недели ќе бидат испорачани и останатите количини до сите правни и физички лица. Грејната сезона е веќе започната, а…

ПОВЕЌЕ ...