Author: Media Point

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата со која странците можат да добијат зелена карта за престој во САД, објави АФП. „Денес го започнувам процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе побарам од Конгресот веднаш да почне со работа тоа да се укине.“ Оваа програма делуваше добро, но не е добра и не беше добра, ние сме против неа. Сакаме програма базирана на бракови, за луѓето кои се во брак да можат да дојдат тука“, рече Трамп. Објавувањето на ваквата одлука следеше по откритието дека терористот одговорен за нападот во Менхетен во САД пристигнал преку Програмата за лотарија…

ПОВЕЌЕ ...

Во спомен на починатите, православните верници ја одбележуваат Задушница, еден од најголемите христијански празници. Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите. Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Наспроти обичаите на гробовите да се носи и раздава огромно количество храна, од Македонската православна црква апелираат дека смислата на овој ден  е во молитвата, а жртвата треба да се ограничи на варена пченица, вино и леб. „Во православната црква имаме само безкрвни жртви.…

ПОВЕЌЕ ...

Експертите отсекогаш верувале дека земјотресите не може да се предвидат, но со најновиот развој на паметни машини, научниците сметаат дека ова е веќе минато, пишува Експрес. Ова следеше по конструирањето на машина која може да ги „слуша“ карпите. Кога одредени видови на карпи ќе се стават под зголемен притисок непосредно пред да се случи земјотрес тие пуштаат тивок звук на татнеж. Една група истражувачи од Универзитетот во Кембриџ создаде услови за појава на ефекти врз карпите при силни земјотреси во лабораториски експеримент при што користеше ново развиена машина со вештачка интелигенција (АИ) која ги издвои знаците што означуваат дека следи потрес. Ефектот…

ПОВЕЌЕ ...

Србин кој живеел во Виница, пронајден мртов во Македонски Брод. Неговото тело, во стан во Македонски Брод го пронашол радовишанец кој веднаш повикал лекар од најблиската приватна ординација, но истиот само можел да ја констатира смртта. Причините за смртта на Србинот не се познати, но според лекарот кој прв имал контакт со починатиот, на неговото тело немало видливи траги на насилство. Сепак, по налог на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Засега нема информации што точно Србинот работел во Виница и која е причината за неговиот престој таму. Извор: СтарТВ Штип

ПОВЕЌЕ ...

01.XI.2017,Каменица (kamenica.mk) Планинска велосипедска тура по падините на Осоговските Планини реализираа 15 велосипедсти од Македонија и Бугарија, откривајќи ги природните потенцијали за одржлив туризам во овој регион. Активностите се дел од проектот Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговијата, што започна на крајот од 2015 и ќе трае до март идната година. Главна цел на проектот е зачувувањето на биолошката разновидност, со заеднички напори на локалното население. Притоа се спроведуваат активности за поддршка на одржливото менаџирање со шумите, подобрување на знаењето за крупните цицачи и анализирање и демонстрирање на потенцијалот на Осогово за еко-туризам. Во рамки на…

ПОВЕЌЕ ...

21.X.2017,Каменица (kamenica.mk) Каменичанецот Оливер Стоименовски, репрезентативец на македонската младинска репрезентација и неговиот Карабах извојуваа голема победа во младинската Лига на шампиони, откако на гостински терен кај Атлетико Мадрид славеа со минимални 0-1 (0-1). Оливер Стоименовски (18) годинава настапува во Карабах (Азербејџан), каде пред почетокот на сезоната премина од скопски Работнички. Ова е негов особен личен успех, бидејќи сезонава со својот нов тим одигра редица натпревари во Лига на шампиони. Азербејџанскиот шампион дојде до голема победа и први три бода во ЛШ, а Стоименовски ги одигра целите 90 минути на натпреварот и беше столб во дефанзивата. Единствениот погодок на мечот беше…

ПОВЕЌЕ ...

На неколку часа пред истекот на рокот, општинските изборни комисии од 7-те општини од регионот каде имаше гласање во втор круг, немаат добиено приговор од ниту едно избирачко место. Рокот за поднесување пријави истекува во 02.00 часот по полноќ. Ако дотогаш никој не поднесе приговор, општинските изборни комисии веќе утре ќе можат да им ги доделат уверенијата на новоизбраните градоначалници и членови на советите. Решенија треба да добијат градоначалниците и новите советници во Македонска Каменица, Штип, Виница, Зрновци, Чешиново Облешево, Карбинци и Пробиштип. Избраните градоначалници уште одсега најавуват итно решавање на граѓанските проблеми, за кои во некои општини тврдат дека…

ПОВЕЌЕ ...

Секој имал можност да се сретне со постојана кашлица, што е многу непријатно, а со тоа и не спречува во секојдневните  работи. Во такви случаи, ние бараме било какво решение кое може да ни помогне да се ослободиме од таа кашлица. Поголем дел од времето земаме некои лекови со кои мислиме дека ќе се ослободиме од кашлање, но често само малку ја олеснуваат непријатноста. Наместо да ги употребувате сите овие лекови, би било подобро да подготвите некои од природните лекови со кои ќе можете да се ослободите од кашлање. Облогите од мед се фантастични и помагаат во отстранувањето на кашлицата,…

ПОВЕЌЕ ...

31.х.2017, Каменица (kamenica.mk) Македонците се повеќе штедат и покрај ниските каматни стапки.  Според првиот човек на народната банка депозитите бележат раст од  5,8 %,  а растот на кредитите е 4,3% иако во државава имало повисоки стапки на раст сепак и  оваа стапка  како што рече стапка е солидна. Богов рече дека Македонците имаат потенцијал за постигнување на повисока стапка на штедење. Верува  дека во наредниот период  стапката ќе се зголеми, ќе се врати на трендовите кои вообичаено ги остварувал  банкарскиот систем, а беа присутни подолг период. Побара од банките да почнат да се прилагодуваат кон новите технологии и новите генерации…

ПОВЕЌЕ ...

31.Х.2017 Каменица (kamenica.mk) Уважени!! Сакам со овие неколку реда да Ви се обратам после „ Долгата ноќ“. Верувајте ми, ако некој истовремено чувствува најголема благодарност како награда, најголем умор како слатка навика и најголема одговорност како доживотна обврска, тоа сум токму јас. Вчерашниот ден, толку мирен и посакуван во Македонска Каменица и мене лично ми ги отвори портите на градот. Во него живеам со мојата ќерка и поширокото мое семејство, во него другарувам лично со многу од вас, во него во белиот мантил во неговите здравствени институции го обезбедив мојот повеќе децениски работен стаж, во него ги поминав најубавите…

ПОВЕЌЕ ...