Author: Media Point

04.XI.2017 (kamenica.mk) Тежок натпревар во Велес, со извесен резултат уште во првиот дел, кога домаќините поведоа со високи 3:0. И двете екипи прикажаа остра игра, заради која судијата прикажа дури 7 картони. Домаќините имаа уште неколку изгледни шанси за гол, но и домаќините не изостанаа во промашувањата. Натпреварот беше клучен за двете екипи, бидејќи им обезбедуваше приклучок во горниот дел од табелата за каменичани, односно зацврстување на едно од водечките места за велешани. Конечни: Борец – Саса 3:0

ПОВЕЌЕ ...

04.XI.2017 (kamenica.mk) Погледнете ја кратката видео репортажа полна со есенска убавина направена во село Драмче. Селото Драмче се наоѓа во соседната општина Делчево, а граничи со неколку села од нашата општина Македонска Каменица. Село Драмче се издвојува со многу посебности и знаменитости, како од богатото историско богатство, така и од посебниот и оригинален фолклор, кој е особеност за нашето поднебје. https://youtu.be/PBaskH-JJ2k

ПОВЕЌЕ ...

03.XI.2017 (kamenica.mk) Производителот на бакар „Централ азија металс“ најавува дека е во завршна фаза постапката за аквизиција на Линкс Ресурсис Лимитед, досегашниот сопственик на рудникот за олово и цинк Саса од Македонска Каменица и оти се очекува да биде комплетирана во понеделник следната недела. Претходно, Централ Азија Металс доби одобрение за завршување на постапката од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. На 25 септември годинава Централ Азија Металс ги информираше своите акционери дека ја прифатила понудата за аквизација на рудникот „Саса“ за сума од 402,5 милиони долари. Како што објави лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Синоќа во пожар целосно изгоре куќа во каменичкото село Косевица. Татко и син останаа без кров над глава. Пожарот избувнал во вечерните часови, кога истиот настанал при запалување на оџакот од куќата. Иако реакцијата на ТППЕ од Македонска Каменица била навремена, не успеале да го спасат горниот дел од куќата и кровната конструкција. Сега куќата е целосно уништена, таа не може да се користи како живеалиште. 50 годишниот Симеон и неговиот татко од денес остануваат надвор од својот дом, без кров над глава. Целата покуќнина им е уништена. Граѓаните на Македонска Каменица се самоорганизираат со цел да им…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Новиот градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и советниците од новиот состав на Советот на општина Македонска Каменица, денес свечено ги добија уверенијата за вршење на функциите во нивниот четиригодишниот мандат. На оваа свеченост што се одржа во општинските простории, претседателката на Општинската изборна комисија Сања Митревска, им честиташе на изборот и им порача да работат што поефикасно во исполнувањето на проектите што се од интерес на сите граѓани на општина Македонска Каменица. Во новиот состав доминантни се советниците од СДСМ и коалицијата кои освоија 6 советнички мандати и за прв пат ќе претставуваат политичко мнозинство во…

ПОВЕЌЕ ...

Твитер профилот на американскиот претседател Доналд Трамп @realDonaldTrump извесно време беше недостапен, со порака дека страницата не постои. Овој проблем набрзо исчезна и профилот повторно се појави. Како причина за ненамерното деактивирање на профилот, Твитер во подоцнежна изјава наведе „човечка грешка” на вработен во компанијата. -Профилот беше исклучен 11 минути, а потоа вратен онлајн, се вели во објавата. -Ние продолжуваме да го истражуваме случајот и да преземеме чекори за да спречиме вакво нешто повторно да се случи. Подоцна Твитер објави дека нивната интерна истрага покажала дека на лицето кое го деактивирало профилот тоа му бил последен работен ден во компанијата.

ПОВЕЌЕ ...

Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува од ведро небо. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, со недели па дури и со месеци, пред самиот удар. За жал, кога ќе сфатите дека имате срцев напад, може веќе да биде доцна да се спречи смрт или трајно оштетување на срцето. Непријатно чувство во градниот кош Кај поголемиот дел од случаите на срцев удар, нападот започнува со непријатно чувство во градниот кош и истото трае малку подолго од неколку секунди или се повторува неколку пати. Пациентите чувствуваат голем притисок и болка. Непријатно чувство во горниот дел…

ПОВЕЌЕ ...

Под мотото „Скопска линија, европска вожња“, од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се одржи 16-то издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Фестивалот ќе биде отворен со шведската сатирична комедија „Плоштадот“, годинешниот победник во Кан, а ќе кулминира со премиерата на „Исцелител“, првенецот на македонскиот режисер Ѓорче Ставревски, по што ќе следува и 10-дневен филмски маратон. Првите кадри од приказната за „Синедејс 2017“, која овојпат ќе биде распослана од 9 до 19 ноември со 10 дополнителни дена за „филмскиот маратон“, што подразбира дека на радост на зависниците ќе потрае дури до…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот шампион Вардар го претрпе и четвртиот пораз во Лига Европа. Овој пат Вардар загуби со 3-0 на гостувањето во Сан Себастијан од Реал Сосиедад.   Избраниците на Јавенвски уште еднаш прикажаа бледа игра, во која  противникот доминикот доминираше во текот на целиот меч. Резултатот беше отворен во 31.минута кога по изведениот корнер, Хуанми погоди со глава за водство на Реал Сосиедад од 1-0. ИакоШпанците имаа уште неколку шанси сепак резултат не се промени се до 69.минута кога Де Ла Бела постигна прекрасен гол за водство од 2-0.   Конечниот резултат го постави Баутиста во 81.минута. Следен натпревар на Вардар…

ПОВЕЌЕ ...

Дали на студентка која во текот на студирањето станала мајка и сака да го продолжи студирањето и следуваат одредени погодности и кои? Одговара Димитар Низамовски од Младинскиот образовен форум (МОФ)

ПОВЕЌЕ ...