Author: Media Point

08.XI.2017 (kamenica.mk) „Во Македонија има потреба од окрупнување на обработливите површини за подобри резултати во аграрот“- заклучок од спроведени анализи кои денеска беа презентирани во Пелагонија. Земјоделците ги знаат придобивките. Проблем се нерешените имотно-правни односи… Неколкогодишните плиот проекти во битолакото село Егри и радовишкото Конче во оперативното воведување на Национална програма за консолидација на земјиштето се покажаа како успешни. Постапка со која се окропнети околу 400 хектари земјоделско земјиште. Пелагонискиот земјоделец Славе Стефановски вели дека во неговото село веќе течи тратата фаза од планот. Со мали исклучоци земјоделците ја прифаќаат консолидацијата. Вели дека сфатиле дека тоа ќе им донесе поекономично…

ПОВЕЌЕ ...

8.XI.2019 (kamenica.mk) Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата…

ПОВЕЌЕ ...

08.XI.2017 (kamenica.mk) Облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Кон крајот на денот од запад облачноста ќе се намалува. Дневните температури ќе бидат во интервал од 8 до 14 степени, во Македонска Каменица до 12 степени. Во наредните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од викендот следува период на променливо облачно и врнежливо време.

ПОВЕЌЕ ...

08.XI.2017 (kamenica.mk) ДДВ-то е главен индикатор на трошење на граѓаните и врз основа на официјалните податоци се гледа дека Македонците најмногу трошеле во јули (во периодот на годишни одмори) и во мај (месецот на матурските прослави) Граѓаните во јули годинава во државниот буџет инјектирале 77,5 милиони евра по основ само на данок на додадена вредност (ДДВ), покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии објавени на интернет страницата.Тоа е најголем прилив на пари кои влегле во државната каса на месечна основа за ДДВ. Овој данок е најсилен показател на економската активност на населението односно граѓаните и тоа во функција на потрошувачи. Од…

ПОВЕЌЕ ...

08.XI.2017 (kamenica.mk) Уште во текот на првиот работен ден, Градоначалникот Соња Стаменкова оствари неформална средба со Џулија Фини, Амбасадор на Австралија во Србија и почесниот конзул на Австралија во Република Македонија, Зоран Костовски. На средбата разговарите се водеа во насока на договор за соработка и создавање на услови и предиспозиции кои директно ќе влијаат и помогнат за развој на НВО секторот во Македонска Каменица. Средбата од неформален карактер беше организирана од менаџерскиот тим на Руник Саса, на која присуствуваше и г-дин Неил Стивенсон, ген.директор на Рудник Саса. На оваа средба од неформален карактер, прва по изборот на новиот градоначалник на…

ПОВЕЌЕ ...

07.XI.2017 (kamenica.mk) – Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев денеска се сретна со претставници на швајцарската амбасада во Македонија, со цел запознавање на проектите на амбасадата на локално и регионално ниво. На средбата беа разменети информации за проектната организација и за функционирањето на Проектот за третман на отпадни води и на неговите компоненти, моментно како еден од најголемите проекти финансиран од Швајцарија. Претставниците на амбасадата разговараа и за утврдување на новите тарифи за водни услуги, барање поднесено од КЈП „Водовод“ што се наоѓа пред Регулаторната комисија. Според Илијев и најмалата промена на цената на водните услуги негативно ќе влијае на расположението на…

ПОВЕЌЕ ...

07.XI.2017 (kamenica.mk) Четириесет и седумгодишен скопјанец е жртвата од несреќата којашто се случи во неделата вечерта на магистралниот пат Кочани – Штип, извести министерството за внатрешни работи во вторникот по идентификувањето на настраданиот. Сообраќајната несреќа се случила во неделата вечерта околу 21 часот, како што беше информирано во билтенот од понеделникот, кога настрадал пешак кого полицијата го идентификува како 47-годишниот Н.С. од Скопје. По дадени насоки на Основното јавно обвинителство Штип и по извршената обдукција и препознавање, телото е предадено на семејството.

ПОВЕЌЕ ...

07.XI.2017 (kamenica.mk)  Пензионерите од Делчево добија нов клуб. За адаптација и опремување на корисниот простор на клубот и канцелариите и помошните простории кои се со површина од 350 метри квадратни се инвестирани над еден милион денари средства од Здружението на пензионери од Делчево и од Фондот на ПИОМ. – За над 3000 пензионери од Делчево создадовме поволни просторни, хигиенски услови за користење на слободното време во занимавање со пригодни игри и спортско-рекреативни активности. Тие ќе имаат можност и да се освежат со разни пијалоци по пристојни цени, а во иднина во соработка со заинтересирани угостителски фирми планираме да може да…

ПОВЕЌЕ ...

Слушнете како Пољаци ја рокаат “Две невесте тикве брале бре” на кумановски дијалект. Percival е полски музички фолк бенд од Лубин, формиран од музичари фасцинирани од историјата и историските настани. Името не реферира на никаква историска фигура, туку на џуџето Персивал Шутенбах од серијалот новели The Witcher од Андржеј Сапковски, познат полски писател на епска фантастика. https://m.youtube.com/watch?v=LJlqg-14K-E&time_continue=126

ПОВЕЌЕ ...

06.XI.2017 (kamenica.mk) Колумната во целост е преземена од интернет порталот ЦрноБело. Автор: (О)милена Какви се луѓето денес? Па не се добри, тоа може да го констатираме веднаш. Сите брзаат некаде, секогаш, секаде, агресивни се, дрски, невоспитани. Но, најмногу од сè останато, луѓето станаа лицемерни и многу злобни. Дали затоа што општеството стана еден вид арена за борби во кои ќе преживеат само најсилните, па сите го прифатија тој самозаштитен механизам? Сепак, сè има граница. Но, најголем дел од луѓето денеска се во состојба да газат врз останатите како да се некои чергичиња за обувки, само за да дојдат на своето.…

ПОВЕЌЕ ...