Author: Media Point

06.XI.2017 (kamenica.mk) Со сигурност во моментов најдобриот македонски футсал играч, Адријан Мицевски продолжува со блескавите игри во дресот на хрватски Сквер од Дубровник. Во последното коло, нашиот Мицевски буквално им ги „искина конците“ на противничките фудбалери на Томи Сплти. Тоа е екипа која е прв фаворит за освојување на титулата и се наоаѓа на лидерското место. Како за илустрација, годишен договор на само еден нивни играч е како целиот буџет на Сквер. Македонецот едноставно беше незадржлив на теренот, притоа постигна два гола, од кој едниот е поништен иако се чини дека беше регуларен. Згора на се, составот од Сплит до…

ПОВЕЌЕ ...

Околу 18 часот синоќа во Полициска станица -Виница, пријавен  е несреќен случај на местото „Лисичка“ во атар на селото Градец. 25-годишниот И.Г. од селото Градец, управувајќи трактор „Фергусон“ со приколка натоварена со дрва излетал од шумскиот пат и од здобиените повреди починал на лице место. На тракторот бил качен и неговиот татко, 54-годишниот Д.Г. кој се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помоше бил пренесен во Клиничка болница -Штип. Увид на лице извршила екипа на Полициска станица Виница.

ПОВЕЌЕ ...

05.XI.2017 (kamenica.mk) Сообраќајна несреќа се случила вечерва на магистралниот пат Штип – Кочани кај фабриката за масло „Брилијант“. Каmenica.mk нема повеќе информации за тоа. АМСМ соопшти дека  од 21:00 часот магистралниот пат Штип-Кочани кај фабриката за масло „Брилијант“ е во прекин поради сообраќајната несреќа. Со нови информации ќе ве информираме, веднаш по добивањето на истите.

ПОВЕЌЕ ...

  05.XI.2017 (kamenica.mk) Во време на родова рамноправност сеуште има случаи сестрата да се откаже од наследството и да го подари на братот. Во руралните средини мотив за ова е да се одржи традицијата која трае со векови, а во градовите истата оваа традиција се продолжува од други побуди. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ГОЛЕМА РАСПРОДАЖБА: Купете кола за 1.100 евра! Најчеста причина поради која сестрите се откажуваат од својот дел и му го препуштаат на братот е нивната добра финансиска состојба, а ако тоа не е случај и ако го прифатат браќата знаат да бидат прилично сурови кон своите сестри. Многу често мајките…

ПОВЕЌЕ ...

05.XI.2017 (kamenica.mk) Во организација на месното население и месната заедница во с.Саса, денес свечено беше пуштен во употреба новиот селски пат кој ги поврзува Мечкарско и Чукаревско маало. Станува збор за локален пат, во вкупна должина од над 2км, кој поврзува неколку рурални средини, а е од витално значење за жителите на овој крај. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа во оваа свечена пригода со краток говор најпрвин ги поздрави жителите на село Саса и сите присутни гости. Изрази голема благодарност и посебна радост, заради фактот што својот прв градоначалнички мандат го започнува со вакава убава…

ПОВЕЌЕ ...

05.XI.2017 (kamenica.mk) Ова видео е направено од случаен минувач покрај школскиот двор во кочанското село Тркање. Децата наместо со фудбалска топка играат фудбал со празни пластични шишиња. Срамота! Извор: Мотика  

ПОВЕЌЕ ...

 5.XI.2017 (kamenica.mk) Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени. Во Каменица Македонска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе достигне до 16 степени. Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од…

ПОВЕЌЕ ...

Ноември 5, 2017 (kamenica.mk) Колку е потребно за среќа? колку треба за да ти игра срцето и очите со смеа да ти се наполнат да ти биди убо во градите лесно и спокојно ко облак во нив да имаш ама не од алчност од “дај, многу дај” од тоа душите ни патат од стрвност за најаска до блуење за напивање до опивање за љубов до нељубов од тоа си патиме од она шо велеше баба ми “дури и животното знај кога му е доста само ние луѓето умираме од премногу” а мене со годините телово веќе ништо отпоќе не ми…

ПОВЕЌЕ ...

04.XI.2017 (kamenica.mk) Денес со почеток од 11 часот, детските екипи на ФК Каменица САСА одиграа ннатпревари од редовното коло на Детската лига Исток против екипата на ФК Слога1934 од Виница. Во двете категории на натпреварување дечињата прикажаа убав фудбал, со фер и коректна игра, а ги прикажаа следниве резултати: 2005/06 Саса – Слога 3:4 2007/08 Саса – Слога 4:1

ПОВЕЌЕ ...

 04.XI.2017 (kamenica.mk) Во пехчевското село Панчарево почна реконстукцијата на селскиот задружен дом кој е во руинирана состојба, изграден во педесетите години на минатиот век. Градоначалникот Драги Тренчовски кој направи увид на работите, истакна дека целта на проектот е да се задржат сегашните жители и да се подобри квалитетот на живот. – Со реконструкцијата на домот се предвидува препокривање на целата конструкција со површина од 700 метри квадратни, демонтажа и монтажа на прозорци и врати на делот кај салата и изградба на нов плафон на истиот дел кај салата, а средствата за изградба се обезбедени преку Бирото за регионален развој и…

ПОВЕЌЕ ...