Author: Media Point

02.XI.2017 (kamenica.mk) Против фирмата „ЈОВАНОВ ТРАНС“ ДООЕЛ с. Јакимово, Виница е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. Кривична е поднесена и против 30-годишниот И.Ј од с. Јакимово-Виница, управител  во фирмата. Според полицијата на 25.07.2017 година фирмата вршела незаконски ископ на минерални суровини од место викано „Чифличко Поле“ во  близина на реката Осојница, атар на Виница, од катастерска  парцела,  за којашто, друго правно лице, односно фирма од Виница, поседувала дозвола за експлоатација, со што е причинета материјална штета  од 216.450 денари. Пишува: Фокус

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Буџетот за 2018 година тежи 3,44 милијарди евра. Се предвидуваат повисоки плати за десет проценти за сите припадници во армискиот состав. Обезбедени се средства за пет проценти покачување на платите на докторите и медицинските сестри во јавните здравствени установи и планирани се средства за зголемување на платите во основните и средните училишта и во градинките. Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите ќе нема време целата реформа да почне да…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати. Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица. Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај. Во Кривичниот суд…

ПОВЕЌЕ ...

Компанијата Колинс, која издава речник на англискиот јазик, го прогласи изразот „лажни вести“ (fake news) за израз на годината. Според Колинс, употребата на овој израз се зголемила за 365 пати од 2016 година, кога првпат беше употребена во контекст на вестите за Хилари Клинтон, дел од кои беа објавувани од Фејсбук корисници во Македонија. Американскиот претседател Доналд Трамп брзо го прифати и популаризираше овој израз, обвинувајќи ги медиумите кои го критикуваат, пред се телевизијата Си-Ен-Ен, дека се „фејк њуз“. Оттогаш изразот стана препознатлива кованица на претседателот. Според речникот Колинс, овој израз со помал интензитет се користел од почетокот на 21 век,…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Неверојатен лапсус на гостин во емисијата Среќни луѓе, која се емитува на Алфа телевизија. Учесникот во играта зборот „зоолошка“ го прочита 300(триста)-лошка. Цело студио паѓаше од смеа.

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Дванаесет здравствени установи ќе добијат инкубатори за интензивна нега, одлучи Владата на денешната седница. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ќе добие 24 инкубатори, Детската клиника – 6, а 10 инкубатори ќе бидат доставени до десет здравствени установи во земјата. „На денешната седница Влaдата ја усвои одлуката за давање на трајно користење на осум инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа, како и одлука за давање на трајно користење на уште шест инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје“, се вели во соопштението од Владата. Во него се додава дека…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017, Каменица (kamenica.mk) Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево –…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 Каменица (kamenica.mk) Во електронскиот дневник, наставниците ќе имаат обврска да запишуваат имиња и презимиња на учениците, распоред на часови и отсуства на учениците Ова е предлог на одговорните во Бирото за развој на образованието, кои го доставиле до Министерството за образование и наука, каде пак, треба да се официјализираат предложените измени.Досега многупати наставниците реагираа дека се преоптоварени со обврски, дека имаат многу големи бироктатски задолженија и во пишаниот и во електронскиот дневник, што пак, им остава многу малку време да се подготват и да се посветат на наставата. За нивната преоптовареност, како и за преоптовареноста на учениците со часови, со години предупредуваа и…

ПОВЕЌЕ ...

Денес е четврток, 2 ноември 2017 година, 306-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 16:32 часот. Денот ќе трае 10 часа и 31 минути. И ова утро во Македонија денот го започнуваме со ведро и невообичаено студено утро за овој период од годината со утринските температури кои што се неколку степени под повеќегодишниот просек за овој период од годината. МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -6 до 4 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со…

ПОВЕЌЕ ...

Има многу бенефити од тоа да се непушач – ќе живеете подолго, поздраво, поубаво, а ако сте вработени во јапонската компанија Piala Inc, дури и ќе одмарате подолго. Оваа компанија им дава на непушачите плус 6 дена платен одмор во годината, а причината не е ниту заради здравје, ниту за безбедност, туку само заради тоа да се биде фер и праведен. Паузите за пушење цигара во тек на работно време траат отприлика 15 минути (со оглед на тоа што зградата има многу катови и губат многу време), па непушачите почнале да се жалат дека работат многу повеќе од оние кои…

ПОВЕЌЕ ...