Author: Media Point

31.Х.2017 Каменица (kamenica.mk) Реномираниот ресторан Мотел “Мерак” кој се наоѓа во с. Луковица на само 3 км од Македонска Каменица има потреба од работници за во кујна (кувар/ка). Од Мотел “Мерак” нудат одлични услови за работа и солидни месечни примања. Заинтересираните лица за подетални информации можат да се јават на телефонскиот број 075 354 506 или за разговор да се обратат директно во просториите на Мотел “Мерак”.

ПОВЕЌЕ ...

31.Х.2017 Каменица (kamenica.mk) Поларниот воздушен бран кој веќе е спуштен и владее во источна и во североисточна Европа како што веќе и самите вие осеќате се осеќа и кај нас но со послаб интензитет но сепак температурите на воздухот оваа вечер се навистина зимски и уште сега во Беровско се мерат дури -3°C а таа и понатаму ќе продолжи да паѓа. Особено студено (зимско) ќе биде во текот на утрешното утро како и во среда наутро кога температурите на воздухот на МНОГУ места низ државава ќе се спуштат под нулата и истите наутро ќе се дват во интервалот од -5…

ПОВЕЌЕ ...

Кандидатот на СДСМ – Соња Стаменкова, е победник на изборите во Македонска Каменица! 29 Х, 2017, Каменица (kamenica.mk) Од вкупно 100% обработени гласови на ДИК кандидатката на СДСМ Соња Стаменкова е победник на ЛИ17 во Македонска Каменица. Соња Стаменкова општината ја наследува од кандидатот Дарко Митевски кој после два мандати не успеа да добие и трет мандат од граѓаните. Кандидатот на СДСМ Соња Стаменкова во два наврати го победи Митевски. Разликата од 166 гласови од првиот изборен круг, денес во вториот изборен круг СДСМ успеа да ја зголеми на 609 гласови разлика. За СДСМ ова е историска победа. На чело…

ПОВЕЌЕ ...

27.Х.2017 Каменица (kamenica.mk) 17:14ч. Во Македонска Каменица до 17:00 часот своето гласачко право го искористиле 66% од гласачите евидентирани во единствениот гласачки список на ДИК. Правото на глас, граѓаните го остваруваат  на 17 гласачки места од целата територија на Македонска Каменица. Истото се одвива без некои поголеми потешкотии и притисоци врз гласачите и без неправилности на избирачките места. До 17:00 часот вкупно гласале 4442 гласачи од вкупно 6764 граѓани со право на глас.

ПОВЕЌЕ ...

29.Х.2017,Каменица (kamenica.mk) 13:35ч. До 12 часот 29,15% од гласачите во Македонска Каменица го оствариле своето граѓанско право на глас. Процентот на излезеност сеуште е повисок оној во првиот круг во Каменица. Сепак до крајот на денот се очекува приближно ист број на излезени гласачи како и пред две недели, кога своето право на глас го остварија близу 5000 гласачи, од вкупно 6794 гласачи.

ПОВЕЌЕ ...

Од Министерството за внатрешни работи велат дека од отворањето на гласачките кутии до сега нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, а поврзани со одржувањето на вториот круг од локалните избори. Инцидент сепак е пријавен во Шуто Оризари каде граѓанин пријавил дека бил нападнат од повеќе лица. -Едно лице е приведено и се работи на расчистување на случајот како и на причините поради кои дошло до тепачката – изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Од неправилности Министерството регистрирало три случаи на фотографирање на гласачкото ливче. Еден таков случај е пријавен во Шуто Оризари, друг во населбата Црниче во Скопје,…

ПОВЕЌЕ ...

10:25 Каменица,29.Х.2017 (kamenica.mk) Каменица и денес, како и во првиот круг гласа масовно. Дури 18% излезеност на гласачите до 10 часот утрово. Досега 1194 жители на Каменица го оствариле своето гласачко право. Гласањето е во мирни и нормални услови, без одредени пречки и проблеми, исто како и во првиот круг од пред две недели.

ПОВЕЌЕ ...

Голем интерес за вакцините против грип во Делчево и М Каменица. За два дена се потрошија сите планирани 500 вакцини, но останаа уште многу пациенти кои не стигнаа на време да се вакцинираат. Бројот на набавените вакцини против грип соодветствува со интересот з а вакцинирање од претходните години, велат од Службата за епидемиологија во Делчево, но зголемениот интерес  годинава, ќе донесе поголем број вакцини за наредната година. Набавени се вакцини како и секоја година, вообичаен вакцинираме на територијата на Делчево и М. Каменица. Вакцините имаат контраиндикации, односно нив не смеат да ги примат лица кои се алергични, кажа д-р Надица…

ПОВЕЌЕ ...

Каменица,28.Х.2017 (kamenica.mk) Денес се одигра десеттото коло од Втората македонска фудбалска лига. Во Македонска Каменица се сретнаа ФК Каменица САСА и ФК Плачковица од Раовиш. На одличен терен и услови за игра тие одиграа солиден натпревар во кој домаќините успеаа на радост на домашната публика да слават со високи 4:1. Резултатот го отвори одличниот Иван Митров на средината од прво полувреме, кога по одличниот центар шут од Виктор Марковски успеа со волеј удар да ја смести топката во гостинскиот гол. Со одентичен резултат од 1:0 се замина на полувреме. Во вториот дел домаќините ја преземаа целосната иницијатива на теренот. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Каменица, 28.Х.2017 (kamenica.mk) Погледнете го одличниот настап на младата Маринела Ангеловска (15) од Македонска Каменица која со својата прекрасна изведба на “Не Се Враќаш”(Каролина Гочева) успеа да го воодушеви жирито од најсилното балканско музички шоу за млади изведувачи на забавни мелодии. Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1396672070429954&id=519128144851022

ПОВЕЌЕ ...