Author: Media Point

Едно лице почина, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари која се случи синоќа. До несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот во правец кон Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со македонски регистерски таблици излетал од патот. Во возилото имало четири државјани на Македонија, двајца мажи и две жени на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се пренесени во Ургентниот центар. Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот.

ПОВЕЌЕ ...

Текстилците се работници на кои неретко им се кршат правата. Во текстилната индустрија две плати не ги покриваат месечните трошоци за живот. Погледнете го видеото на „Види вака“:

ПОВЕЌЕ ...

18 октомври 2017 (kamenica.mk) Вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици. Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно препораките на СЗО и штити од два типа на вируси од групата A и еден тип на вирус од групата Б, а производител е Абот од Холандија, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под три години со намален имунитет,…

ПОВЕЌЕ ...

Виница, 18 октомври 2017 (kamenica.mk) Девет теракотни релјефни икони од Виница ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која денеска ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд. Тие се уникатен споменичен вид и дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија.  Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот. Теракотните икони се откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи биле предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн…

ПОВЕЌЕ ...

17.X.2017 (kamenica.mk) Во четврток, 19 Октомври, со почеток во 12 часот во просториите на Локалната Библиотека „Крсте Петков Мисирков“ во М. Каменица, клон на ЈЛБ„Илинден“ од Делчево ќе се одржи оштински напревар „Млади Библиотекари“. Учество ќе замат ученици и членови на локалната и училишната библиотека на возраст до 14 години. Победникот од Општинскиот натпревар ќе учествува на Републички натпревар кој оваа година ќе се одржи во Сруга во месец Ноември. Традиционално Републичкиот напревар „Млади Библиотекари“ го организира Библиотекарското задружение на Македонија кое оваа година ќе биде 18 по ред. За општинскиот натпревар учество ќе земаат 18 учесници и 4 ментори…

ПОВЕЌЕ ...

Работиме само за да јадеме. Ова е логичен заклучок по последните анализи на Државниот завод за статистика, според кои најголем процент од платите, завршуваат за покривање на трошоците за храна. Вкупно 60-70 отсто од заработеното завршува за полнење на фрижидерот и стомаците. Овој висок процент на трошоци за храна, не става во редот на сиромашни земји: Тоа значи дека имаме низок стандард, зашто стандардот не подразбира да работиш само за храна и комуналии, туку и за други потреби, патување, доградби, инвестиции и слично, посочи Глигор Иванов, економски аналитичар. Според домашниот есап на секое семејство, кај нас храната е исклучително скапа:…

ПОВЕЌЕ ...

На манифестацијата „Атлета на Македонија“ во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, бодибилдерот од Македонска Каменица, Бошко Стаменковски, го зазеде второто место во категорија бодибилдинг ветерани. Манифестацијата „Атлета на Македонија“ се одржува традиционално секоја година, а годинава полни точно 30 години од првото издание. Инаку, Бошко Стаменковски на 23 септември по трет пат стана светски шампион во бенч прес, на Светското првенство кое се одржа во Трутнов, Чешка. Таму го освои златото во категорија до 67,5 килограми. Претходно, во април Стаменковски во конкуренција од учесници од 5 држави на Балканот, го освои…

ПОВЕЌЕ ...

Жител на Косовo загина кај Крупиште. Уште двајца се повредени во  две сообраќајки на Истокот кои се случиле во изминативе 24 часа. Утринската прошетка за 42-годишниот Д.М. од Ѓаковица, Косово завршила кобно, откако во него, утринава околу шест часот , удрил автобус: По незгодата пеашкот со возило на Брза помош е пренесен во Клиничката болница во Штип, каде како последица од здобиените тешки телесни повреди, за жал, починал. Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што ќе допринесеме за лична безбедност и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, изјави Гордана Панајотова. Неколку…

ПОВЕЌЕ ...

Извесрува: СтарТВ – Штип Истокот избра 4 градоначалници во прв круг. Од ноќеска, СДСМ ја презеде градоначалничката функција во Кочани, Пехчево, Берово и Делчево. Нови градоначалници таму се Николчо Илијев, Драган Тренчевски, Звонко Пекевски и Горан Трајковски. Најголема поддршка од гласачите доби Звонко Пекевски, кој стана нов градоначалник на Берово со 60 % освоени гласови. За него гласале 5.006, а за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ  Никола Атанасов, гласале 2. 899. Единствената жена кандидат за градоначалник Соња Стаменкова од Македонска Каменица освои 2.437 гласови за СДСМ, наспроти 2.271 на Дарко Митевски од ВМРО ДПМНЕ. Убедливо најголема разлика направи Илијев во Кочани…

ПОВЕЌЕ ...