Author: Media Point

Утре, сабота 14 Октомври, со почеток во 11 часот на Манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец” во с.Цера, ќе се одржи традиционалниот народен собир по повод Покров на Пресвета Богородица. Организаторите на оваа традиционална манифестација се членовите на здружението на граѓани “Еленец” и жителите на село Цера. Тие Ве покануваат на прекрасно уживање во природните убавини на овој крај и целодневно дружење со многубројните посетители од околните градови и целиот регион воопшто. Како и секоја, така и оваа година КИЦ “Романса” и КУД “Вера Јоциќ” имаат предвидено и огранизирано богата музичка програма каде присутните на манифестацијата ке ги забавува локалниот бенд “Актив бенд“…

ПОВЕЌЕ ...

На полноќ завршува дваесетдневната изборна кампања и почнува молкот пред локалните избори в недела. Шестите локални избори во Македонија  ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. Државната изборна комисија (ДИК) вчера започна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии (ОИК) за локалните избори закажани за в недела. Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13 октомври 2017 (kamenica.mk) Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Како што соопшти УХМР, утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени. Во Македонска Каменица викендов ќе биде со сончево и топло време, со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 25 степени. Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 13 октомври 2017 (МИА) – Професионалниот војник  О.Х. (35) починал синоќа во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ. – По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана…

ПОВЕЌЕ ...

Директорот на основното училиште во село Соколарци, Кочанско, заработи кривична пријава затоа што му овозможил на вработен во училиштето да отсуствува од работното место, односно часовите ги заведувал како одржани додека наставникот бил на пат во Италија. Имено, од полицијата соопштуваат дека поднесена е кривична пријава против Т.Б. (36) од с. Чешиново поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување деловни книги, и против Е.С. (50) од с. Чешиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа. Првопријавениот во својство на директор на ООУ „Страшо Пинџур“ во с.…

ПОВЕЌЕ ...

Алармантно е зголемен бројот на деца со зголемена тежина Се повеќе деца во земјава имаат прекумерна телесна тежина покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Според анализата пораст на тежината од 2010 до 2016 година дебелината кај машките деца се зголемила од 37,9 на 39,4%, а кај девојчињата од 31,5 на 32,9%. Фактори кои придонесуваат за  зголемена телесна тежина се слабата физичка активност и лошата исхрана. Проблем со дебелината има и кај тинејџерите. Така  62,7% од машкиот пол и 48,4% од женскиот пол над 18 години имаат зголемена телесна тежина,  а  дебели се  речиси 20 % мажи и 17% жени.…

ПОВЕЌЕ ...

Српскиот министер за надворешни работи повторно беше главна маскота и „забавувач“ на еден официјален настан. Овој пат, на свечената вечера во Белград, во чест на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тој запеа на турски , иако сите видоа дека тој не знае да бекне на англсики. Со ваков министер секогаш можеш да го прекриеш секој друг недостаток. Се појавува Дачиќ и…

ПОВЕЌЕ ...

Најголемата социјална мрежа Фејзбук вечерва повеќе од пет минути не беше достапна за користење. Од компанијата потврдуваат дека имаат проблеми во Европа и Америка. Во соопштението велат дека се работи на отстранување на проблемот. Фејзбук сега е достапен, но се уште прави проблеми при користењето и навигацијата.

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на ЖФК Каменица САСА е вистинско пријатно изнанадување на денешниот турнир во фудбал за жени, кој се одигра во Струмица. Тие го залужија таквиот епитет кога во финалето на турнирот, во категорија до 14 години, кадети 2003/05 година, одиграа нерешено против домаќинот Тиверија, во регуларниот дел од натпреварот. Сепак во продолжението од мечот загубија со 4:3, при што мораа да се задоволат со второ место. На овој турнир со свои екипи учествуваа и екипите на Истатов и Њу Јорк од Скопје. За посебен позрав е успехот на Вероника Николовска. Таа беше прогласена за прв стрелец на турнирот. Ова несомнено…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево жали за изгубените млади животи во вчерашната сообраќајна несреќа. Празничниот ден во градот овој 11 Октомври донесе траорна слика со празни локали каде нема или се слуша само класична музика. Сите се потресени од трагедијата која ги однесе животите на 32-годишниот Дејан,27-годишната Емилија и нивниот двегодишен син. Од лошо полошо. Три деца одеднаш го потресоа Делчево, вели жител на Делчево. Младото семејство Димитровски, имало планови пред себе. Според нивните пријатели, тие планирале засекогаш да се иселат од државата и да ја побараат својата ветена земја, каде ќе имаат услови за квалитетен живот. Ги познавав, ова е трагичен ден за…

ПОВЕЌЕ ...