Author: Media Point

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи по тешката сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево – М.Каменица, несреќа која во неповрат ги однесе животите на Дејан, Емилија и малиот Даријан. Од своите сограѓани делчевчани ќе се простат во 16 : 00 часот, за кога е закажан погребот на градските гробишта во Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК “Каменица САСА” е финалист на турнирот што денес се игра во Струмица. Девојките од Каменица кои се натпреваруваат во кадетска категорија до 14 години (2003/05) во полуфиналниот натпревар ја забележаа и својата прва победа. Тие против ЖФК “Истатов” одиграа за победа од високи 7:0. Во очекување на победникот од преостанатиот дуел од овој турнир помеѓу екипите на домаќините ЖФК “Тиверија” и “Њу Јорк” од Скопје. Стрелци за екипата на ЖФК Каменица САСА беа Вероника Николовска и Дајана Ристовска со по 2 постигнати гола, додека Емилија Атанасова, Ана Ристовска и Глорија Мицевска постигнаа по еден гол.

ПОВЕЌЕ ...

Ваши патувања со Либеро Травел за продолжениот викенд по повод празникот 23-ТИ ОКТОМВРИ Посета на Манастирот Острог која вклучува еднодневна посета на Будва и Подгорица. Во терминот од 20 до 22 октомври 2017 по ценa од 1 500 денари. Организиран превоз од Виница, Кочани, Штип, Велес и Скопје  Линк до понудата: https://goo.gl/kpChdP  Истанбул со шопинг во Едрене Викенд патување со одличен термин. Тргнувањето на 20.10 и враќање на 23.10. 2017 г. вклучува 4дена со 2 ноќевања. Во понудата е вклучен појадок, превоз и разглед на Истанбул со водич. Супер поволна и екстра цена на аранжманот од 79 €/4890 денари. Организиран превоз од: Делчево, Македонска Каменица,…

ПОВЕЌЕ ...

Седумдесет и шест години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна денеска во Република Македонија ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово. Централниот настан ќе се одржи претпладне пред Споменикот на ослободителите на град Скопје, во дворот на Владата. Венци со цвеќе пред споменикот ќе положат делегации на Сојузот на борците предводена од Никола Стојановски, на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, на Собранието предводена од пратениците Јулиана Николова и Диме Велковски, делегација на АРМ предводена од заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Мухамет Рацај, како и други делегации…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на магистралниот пат Делчево – Македонска Каменица се пропушта по една коловозна лента, информира Автосојузот на Македонија. Прична за застојот на сообраќајот е тешката сообраќајна несреќа кај месноста Лештаро во која животот го загубија млад брачен пар и нивното двегодишно дете.

ПОВЕЌЕ ...

Загина двегодишно детенце со неговите родители попладнево во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево. Најверојатно, директниот судар на патничкото возило фијат пунто со делчевски регистерски таблички во камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички бил кобен за младото семејство Димитровски од Делчево. 32-годишниот возач, неговата 5 години помлада сопруга и нивниот двегодишен син загинале на лице место.  СВР ШТИП потврди дека три лица го загубиле животот во несреќата која била пријавена во 15, 40 мин на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро. Според првичните инфромации, дошло до директен судар со камионот кој бил управуван од 56-годишниот ПГ…

ПОВЕЌЕ ...

По две години пауза поради суспензијата од ФИФА за допинг, Аријан Адеми на синоќешниот последен квалификациски меч го облече репрезентативниот дрес на Македонија. Селекторот Ангеловски во 63-та минута од игра го извади капитенот Пандев и му даде простор на фудбалерот од средниот ред кој го искористи на најдобар можен начин. По само 5 минути на терен направи слалом во шеснаесетникот на Лихтенштајн и го дотолчи противникот за конечни 4:0. Моментот за него беше доста емотивен, сите репрезентативци му се фрлија на честитки, а тој заплака од радост. Хрватскиот портал 24сата го величи македонскиот репрезентативец со спектакуларен наслов. А за кам…

ПОВЕЌЕ ...

Некој ловџија кренал на лов, ама сакал и да се прошета чисто онака со коно и загаро низ шумата. Летно време било, жешко, цврста пладнина… Едно време коно застанал, завртел се накај ловџијата, погледнал го и со човечки глас му рекол: Дај тражи да пиеме некаде вода бе, исцркааме на таа жега…ка си не убрал! Ловџијата, ка чул коно оти продумал, од страх побегнал прв напреш, одма и загаро по него и бегали…бегали, та до Сива кобила горе. Не можел веќе да бега ловџијата, врти се и гледа оти го нема коно да ги гони и приседнува да одмори. Стига…

ПОВЕЌЕ ...

Дека Македонија навистина може да биде земја на чуда и на невидени контрадикторности покажува и денешната свеченост во Кочани, каде што на сензационален начин беше „промовирана“ новата количка за обележување на теренот на фудбалскиот стадион „Никола Мантов“. За „донација“ од неколку стотици евра, од асоцијацијата „Алзас – Македонија“, на стадионот во Кочани денеска се собрале наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“ од Кочани, членови на ОФС – Кочани, ЖФК „Кочани“, петлињата на ФК „Кочани“. Количката свечено била пуштена во употреба напладне, пишува кочанскиот портал komarec.com.mk. Според порталот, оваа донација била дел од проектот собирање колички во Алзас (Франција) за исцртување…

ПОВЕЌЕ ...

Против 59-годишниот М.Џ. од Кочани е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „лихварство”. Според сознанијата на полицијата пријавениот во  април и мај 2017 година на А.Д. од Кочани во  два  наврати  и  дал  на заем  вкупно 10.500 денари, при што  договорил за земениот заем  од 10.500 денари во период од шест месеци да му врати 21.900 денари. „Тоа требало се изврши на начин што А.Д. требала да му ја даде нејзината дебитна картичка и тој самиот да ги вади  нејзините парични средства што ги добива како корисник на социјална помош“, информираат од Министерството…

ПОВЕЌЕ ...